недела, ноември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Свечен пречек на моштите на света Злата Мегленска

by Redakcija
14.10.2026
in Македонија

Со свечена поворка и присуство на архијереи, свештенство и верници, на 12 октомври беа пречекани моштите на светата новомаченичка Злата Мегленска во нејзиното родно место, каде што го претрпела и маченичкото страдање.

Пречекот се одржа во Едеската, Пелската и Алмописката митрополија на Црквата на Грција. Моштите најнапред беа пречекани на влезот во населеното место, по што монахињи, во свечена поворка со почесна придружба, ги пренесоа до парохискиот храм посветен на светителката.

Пред храмот ги пречекаа надлежниот митрополит Јоил, митрополитот Навпактски Јеротеј и епископите Глабиниски Макариј, Амфиполски Христофор и Алмописки Стефан. На свеченоста присуствуваа и голем број свештенослужители од митрополијата и од други делови на Грција.

Со вечерната богослужба началствуваше митрополитот Јеротеј, кој во проповедта се осврна на почитувањето на светителите и на љубовта кон Христа што верниците ја покажуваат преку своите дела.

Тој посочи четири примери поврзани со почитувањето на света Злата Мегленска: свети Никодим Светогорец, кој го напишал нејзиното житие; свети Калиник, кој го поттикнувал востановувањето на нејзиниот празник и изградбата на храмот; сегашниот митрополит Јоил, кој ја составил нејзината богослужба и го осветил храмот; како и верниците од митрополијата.

Митрополитот Јеротеј нагласи дека животот и страдањето на светителката се пример за љубовта кон Христа. Тој ги повика верниците да останат верни на црковното предание и на Божјите заповеди, стремејќи се кон „златен ум, златно срце и златен живот“.

Од 13 октомври, кога света Злата Мегленска се празнува во Грција според новиот календар, во текот на целата седмица во храмот секојдневно ќе се служи Божествена литургија. Храмот ќе биде отворен во текот на целиот ден.

Извор: liturgija.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

28.11.2026

Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

28.11.2026

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

28.11.2026

Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

28.11.2026

Од следната недела новина за сите возачи: Преку мобилен телефон ќе може да ги проверуваат сообраќајните прекршоци

27.11.2026

Грозданов за Иловица-Штука: Рударството и заштитата на животната средина можат да одат заедно

27.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Смирување на енергетските пазари: Цените на нафтата се стабилизираат по дипломатските сигнали

7 месеци ago
МРТВ распишува конкурс за нов генерален и заменик директор

МРТ отвора истрага за емитувањето на спорната песна во детска програма

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Научниците открија нешто неочекувано во најдлабокиот дел од океанот: Мистерија на Земјата стара милиони години добива ново објаснување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сè повеќе луѓе пијат вода со мед пред спиење: Тврдат дека прави чуда, но што велат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на телевизорот закачен на ѕид: Нов тренд ги освојува домовите и целосно го менува изгледот на дневната соба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.