среда, октомври 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

МВР и ФБИ откриле нелегален пазар за украдени податоци, пријавен 20-годишник од Тетовско

by Redakcija
14.10.2026
in Црна Хроника

Кривична пријава против 20-годишниот Е.А. од Голема Речица е поднесена по координирана истрага на МВР и американското Федерално истражно биро. Тој е осомничен дека администрирал онлајн-платформа преку која се продавале украдени лични податоци, податоци за пристап до сметки и алатки за компјутерски криминал.

Пријавата до Основното јавно обвинителство Тетово се однесува на сомнежи за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според МВР, истрагата започнала по информации добиени од ФБИ. Обезбедените докази укажуваат дека Е.А. од 2023 до 2025 година администрирал домени и веб-страници поврзани со нелегалниот пазар OLVX.

На платформата се нуделе украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за криминални активности. Според полицијата, биле понудени повеќе од 1.500 украдени пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи.

МВР наведува дека пријавениот во периодот од 2025 до 2026 година администрирал и група на Телеграм наречена ONEMILI. Преку неа, според истрагата, се нуделе алатки и услуги за компјутерски криминал, вклучително и измами со незаконско враќање парични средства.

Полицијата соопшти дека обезбедила и докази за набавување и поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца преку Телеграм.

Од Министерството ја опишуваат акцијата како прва заедничка координирана сајбер-операција на МВР и ФБИ, истакнувајќи ја важноста на меѓународната соработка во сузбивањето на компјутерскиот криминал.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Одземен полициски пиштол, со БМВ се дале во бегство на автопатот кон Тетово – кривични пријави против три лица

14.10.2026

Барале 10.000 евра и се заканувале со компромитирачки материјали – Тројца приведени

14.10.2026

Полициска акција во Струмица – Одземени дрога

14.10.2026

Пријава против полициски раководител во Јажинце: Не казнил возач со истечена сообраќајна дозвола

13.10.2026

Контрола во тетовско заврши со приведување, одземени автомобил и огревни дрва

13.10.2026

„Task Force“ во акција кај Делчево: Контрола на автомобил заврши со две приведувања

13.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ученици од Битола го разубавуваат градот: Сивиот ѕид кај Црн Мост станува уметност

6 месеци ago

Проданоски: Младите се енергијата, креативноста и иднината на Прилеп

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Одземен полициски пиштол, со БМВ се дале во бегство на автопатот кон Тетово – кривични пријави против три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ограничена сателитска врска за украинската војска, пријавени неуспешни мисии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.