Лишен од слобода дрвокрадец во тетовско, без возачка дозвола управувал возило и превезувал огревно дрво без документација
На 12.10.2026 во 19:30 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода И.Б.(29) од с.Стримница, тетовско. При сообраќајна контрола било запрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возел без возачка дозвола.
При преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација и моторна пила. Возилото и дрвата се одземени и задржани, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

…











