На граничниот премин Богородица е спречен обид за криумчарење 29 вијали од лекот „Xgeva“, во вредност од 336.000 денари. Лековите биле сокриени во кутија за прва помош во автобус, информираат од Царинската управа.
При контролата, мобилен тим од Одделението за оперативни работи пронашол и 29 кутивчиња и 30 самолепливи етикети.
Според Царинската управа, лековите биле пренесувани без почитување на пропишаните процедури за увоз и транспорт. Против осомничениот е поднесена кривична пријава.

Оттаму наведуваат дека од почетокот на годинава се запленети над 30.000 парчиња лекови во случаи поврзани со криумчарење.
Царинската управа предупредува дека неконтролираниот увоз и несоодветниот транспорт на лекови претставуваат сериозен ризик за здравјето на граѓаните.
…











