Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет мерки со кои лицата вклучени во насилства за време на протестите би биле внесени во посебен регистар и би се соочиле со ограничен пристап до аеродроми, превозни средства и хотели.
На средба со претставници на банкарскиот сектор, Рама изјави дека властите веќе започнале соработка со земји од Европската Унија за ограничување на патувањата на овие лица. Меѓу превозните средства ги споменал и возовите, пренесуваат албанските медиуми.
Според пренесените изјави, мерките се насочени кон лица што Рама ги опишува како насилни учесници во протестите. Тој порача дека насилството нема да биде толерирано.

Засега не е објаснето како би се утврдувало кои лица ќе бидат внесени во регистарот, каква постапка би се спроведувала и како практично би се применувале најавените ограничувања.
…











