среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Министерство за енергетика: Заварени 43 километри од гасоводот со Грција, се подготвува поврзувањето со Србија

by Redakcija
28.10.2026
in Економија, Топ Вести

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Според проектните податоци доставени на 19 октомври, за интерконекторот со Грција се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43 километри, а 18 километри се спуштени во ров. Експропријацијата е реализирана со 97 проценти.

Македонскиот дел од гасоводот е долг 68 километри, а завршувањето е планирано за средината на 2027 година. Договорот за изведба е склучен на 7 мај 2025 година. Финансирањето опфаќа инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Од Министерството посочуваат дека поврзувањето со Грција треба да овозможи пристап до дополнителни извори на природен гас и поголема сигурност во снабдувањето.

Во подготовка е и интерконекторот со Србија, со предвидена должина од 23 километри на македонска територија. По договорот од 27 август годинава започнале активности за дефинирање на трасата и проектирање. Според проектната документација, финансирањето е предвидено од сопствени средства на НОМАГАС.

Истовремено, на домашните делници Клечовце–Неготино и Неготино–Битола се вршат сервисирање, проверки на интегритетот и сушење. Потоа, активностите треба да продолжат на делницата Скопје–Тетово–Гостивар. Трите делници се со вкупна должина од 277 километри, а техничките подготовки се неопходни за нивно безбедно пуштање во употреба.

Министерството се осврна и на реакциите на СДСМ и Левица за ребалансот, отфрлајќи ги тврдењата дека буџетското усогласување значи откажување од гасификацијата.

Според нивното образложение, средствата за кои претходно било дадено појаснување биле наменети за набавка и складирање природен гас за стратешки резерви. За реализација, покрај гас и складиштен простор, потребен е и обезбеден транспортен капацитет до Македонија. Ограничените прекугранични капацитети кон Бугарија, наведуваат од Министерството, влијаат врз планираната динамика на набавката.

Оттаму нагласуваат дека изградбата на гасоводите е одделен процес, со сопствени договори, извори на финансирање и технички фази, а реализацијата треба да се оценува според завршените работи и исполнетите услови за ставање на инфраструктурата во функција.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонската берза со благ пад на МБИ10 од 0,01 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

27.10.2026

Претставнички на Германската стопанска комора ја посетија фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола

27.10.2026

Коњановски: Нови топлински пумпи во ОУ „Стив Наумов“ за енергетски ефикасно и позелено училиште

27.10.2026

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

27.10.2026

Високите камати ги одвраќаат купувачите: Најголем пад на интересот за станбени кредити во еврозоната

27.10.2026

Проданоски: По 14 години, меѓународниот тутунски форум повторно во Македонија

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Револуција во електричните автомобили: новиот „Денза Z9 GT“ нуди над 1.000 километри автономија и полнење за само 9 минути

8 месеци ago

„Македонијатурист“ го презема управувањето со хотел „Русија“ во Аеродром

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Министерство за енергетика: Заварени 43 километри од гасоводот со Грција, се подготвува поврзувањето со Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повреден полицаец, засилени безбедносни мерки во Србија – Напад пред Амбасадата на Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три знаци, три финансиски дилеми: Кому денот ќе му заврши со добра вест?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вечерва е уапсено уште едно лице осомничено за убиствата во Ѓорче Петров!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Снег вее на Стража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.