четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

by Redakcija
29.10.2026
in Економија

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола

Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено преку нови капитални инвестиции, производство и дополнителна деловна активност. Според заменикот министер за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, проекциите за еден рудник покажуваат потенцијални директни и индиректни приливи од околу 130 милиони евра годишно во државниот буџет.

„Не е само експлоатацијата на рудата – тука зборуваме за повеќе комплетни индустрии коишто гравитираат“, истакна Лабудовиќ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него, капиталните инвестиции се важни за зголемување на бруто-домашниот производ и за проширување на економската активност. Влијанието на една инвестиција, како што посочи, не се мери само преку активноста на компанијата што го реализира проектот, туку и преку поврзаните сектори и нивниот придонес во економијата.

Во оваа насока, Стратегијата за минерални суровини 2026–2046, изработена од Македонската академија на науките и уметностите, го разгледува одржливото искористување на минералните богатства како дел од долгорочниот развој на државата. Во неа се посочува и ефектот што рударството може да го има врз други поврзани сектори.

Лабудовиќ најави дека со новиот Закон за рударство ќе се засили контролата врз експлоатацијата на минералните суровини, при што заштитата на животната средина ќе биде приоритет. Тој нагласи дека државата ќе пристапува чекор по чекор, имајќи ја предвид и скепсата на граѓаните кон отворањето нови рудници.

Во истата емисија, на темата за учеството на рударската индустрија во севкупниот економски развој се осврна и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски. Тој потсети дека МАНУ го темели развојот на државата до 2040 година и на искористувањето на минерални суровини. 

„Најважно пред се е дека она што беше рудник порано, во 21-виот век не е истото. Имплементацијата на многу нови технологии означува прогрес и на тоа поле“, нагласи Јаревски, додавајќи дека процесот треба да биде инклузивен и да се земат предвид укажувањата на сите страни, но во насока на развој на државата.

Сепак, наспроти ваквите тврдења на експертите и на претставниците од власта фронт отвори пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска. Таа категорично возврати – „рудници нема да има“.

„Здруженијата за заштита на животната средина разговараат со граѓаните и расте револтот за повторно ставање на маса и на Казандол и на „Иловица-Штука“. Разберете вие од власта – рудник во Иловица и Штука нема да има“, отсечно реплицираше Тренчевска.

Освен Тренчевска, против новата инвестиција одамна е и здружението „Здрава котлина“, кое се најде во написи на истражувачката новинарска мрежа „Белингкет“. Во објавата пишуваше дека ова здружение добива поддршка од еко-активистот Крум Велков кој е против проектот во Иловица, а со цел запирање на западните инвестиции во Македонија. Впечаток дека е против отворање на нови рудници имаше и за Левица, но партиски функционери сепак нагласија дека проблем бил западниот странски капитал.

Од друга страна, научниот соработник во МАНУ, Александар Дединец на настан посветен на Денот на рударите, во август годинава укажа дека на Македонија и е потребно рударство кое нема да биде спротивставено на зелената транзиција, туку ќе биде еден од предусловите за нејзино остварување. Појаснувајќи ги пораките и заклучоците од Стратегијата за минерални суровини, тој нагласи дека во земјава прашањето не треба да биде „за или против рударството“, туку „какво рударство сакаме“. Според него, одговорот лежи во Стратегијата, каде се повикува на развој на одржливо рударство, научно засновано, кое ја зачувува животната средина.


„Не можеме да зборуваме за идниот економски развој без да зборуваме за енергија. Не можеме да зборуваме за иднина на енергетиката без да зборуваме за климатските промени, а се повеќе станува јасно дека не можеме да зборуваме за декарбонизација и зелена транзиција без да зборуваме за минералните суровини… За да изградиме нискојаглеродна економија ќе ни бидат потребни повеќе, а не помалку од одредени минерални суровини. Нема соларни електрани без минерални суровини, нема ветерни електрани без метали, нема електрични возила, батерии, мобилни телефони и современа електроника без суровини кои некаде треба да бидат истражени, ископани, преработени и ставени во функција. Токму затоа во Стратегијата е нагласено дека металите се предуслов за современите технологии…“, заклучи Дединец.

Според него, Македонија има минерални суровини и долгогодишна рударска традиција, а зелениот раст без пристап до суровини за зелените технологии е недостижен.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,42 отсто и најголем промет со акциите на Алкалоид

28.10.2026

Европа вложува милијарди во критични суровини — може ли Македонија да привлече нови рударски инвестиции?

28.10.2026

Божиновска: Инвестицијата во млади инженери е подеднакво важна како и вложувањето во енергетската инфраструктура

28.10.2026

Министерство за енергетика: Заварени 43 километри од гасоводот со Грција, се подготвува поврзувањето со Србија

28.10.2026

Македонската берза со благ пад на МБИ10 од 0,01 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

27.10.2026

Претставнички на Германската стопанска комора ја посетија фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Суспензија на старите царини во САД, нова глобална тарифа стапува на сила

САД би можеле да ја суспендираат Шпанија од НАТО: Откриено во мејл од Пентагон

6 месеци ago
Суспензија на старите царини во САД, нова глобална тарифа стапува на сила

Ново истражување: Глобалната перцепција за САД влошена со власта на Трамп

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.