Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија утре, 29 октомври, ќе има во делови од Групчин, Челопек и Брвеница.
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од селото Групчин и објектите пред влезот во селото.
Во истиот период, прекин ќе има и во дел од Челопек, кај објектите во близина на училиштето во Горни Челопек.

Од 09:30 до 14:15 часот, без електрична енергија ќе бидат објектите во близина на гробиштата во селото Брвеница.
…











