петок, октомври 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Голема измама со пари во Македонија: Ветувале добивки преку лажна платформа, оштетени стотици граѓани

by Redakcija
30.10.2026
in Црна Хроника

Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажан интернет платформа и им нанеле финансиска штета

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.
Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици претплатници, со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета.
До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доставени се пет пријави од оштетени граѓани, кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената, во измамата оштетени се стотици граѓани од државата, но повеќето од нив не го пријавиле случајот.
Во врска со случајот беше спроведена повеќемесечна истрага во која беа вклучени повеќе домашни и странски институции и беа разменети информации, што резултитраше со откривање на идентитетот на сторителите. Исто така, во рамки на истрагата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши информативен разговор со првопријавената, одзеде електронски уреди кои ги користела за остварување пишана комуникација преку апликацијата, а со форензичката анализа на екстрахираните податоци од одземените уреди, докажано е кривичното дело за кое е поднесена кривичната пријава. Во однос на меѓународниот аспект на истрага, по претходно извршена стручна анализа на крипто трансакциите, преку меѓународни безбедносни платформи обезбедени се целосни информации за сопственикот на крипто паричникот.
Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Напад врз полицаец во Куманово – МВР со детали

29.10.2026
(ВИДЕО) СИ НАПРАВИЛ ПАТ КАЈ ШТО НЕМА: Скопјанец возеше по велосипедска патека, а снимката од ТИКТОК стигна до полицијата!

(ВИДЕО) СИ НАПРАВИЛ ПАТ КАЈ ШТО НЕМА: Скопјанец возеше по велосипедска патека, а снимката од ТИКТОК стигна до полицијата!

29.10.2026
ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!

ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!

29.10.2026

Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

28.10.2026

Примиле пари од Германија, а не ги пријавиле – Кривични пријави против мајка и син

28.10.2026

Дали жртвите биле нападнати поради пари? Се истражуваат случаите во Ѓорче Петров

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Родителите ќе плаќаат 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

Данска бара начин да го врати редот во училиштата, предложена и физичка интервенција

2 недели ago
(ВИДЕО) Русија регрутира и странци за војната: Кинези ги привлекуваат со високи плати, други со лажни ветувања за работа

(ВИДЕО) Русија регрутира и странци за војната: Кинези ги привлекуваат со високи плати, други со лажни ветувања за работа

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Нов услов за патување кон Америка: Што треба да знаете пред да тргнете на аеродром?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема измама со пари во Македонија: Ветувале добивки преку лажна платформа, оштетени стотици граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платата доцни, трошоците продолжуваат: Колкава резерва ви е потребна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пари што ги отпишале повторно се во игра: Финансиски хороскоп за 30 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.