понеделник, ноември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Гувернерот Славески со појаснување за привремените мерки во Алта банка

by Redakcija
02.11.2026
in Економија, Топ Вести

Воведувањето администрација во Алта банка АД Битола е привремена мерка за заштита на штедачите, имотот и стабилноста на банката до очекуваната промена на сопственоста, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

🛡️ Привремено ја заштитуваме „АЛТА банка“ АД Битола, нејзиниот имот и сите заштеди на граѓаните, до очекуваната промена на сопственоста.

🔹 Воведувањето администрација во банката е заштитна мерка од времен карактер – не значи затворање на Банката, стечај или одземање на дозволата за работа.

🔹 „АЛТА банка АД Битола“ е ликвидна, високо капитализирана и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Работењето на Банката продолжува под непосреден супервизорски надзор на Народната банка, со привремени ограничувања.

💳 Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за одлив преку картички за готовински подигања и плаќања кај трговци. Внатрешните плаќања во рамките на Банката остануваат неограничени.

🏢 Правните лица привремено нема да можат да одлеваат средства надвор од Банката преку платните системи, ниту со повлекување готовина од банкомати или шалтери. Ќе можат да вршат неограничени внатрешни плаќања кон други правни и физички лица во рамките на Банката.

🎯 Целта е јасна: да се заштитат сите штедачи, имотот и стабилноста на Банката до промената на сопственоста, која очекуваме да се реализира набрзо.

🏦 Народната банка континуирано ја следи состојбата и јавноста навремено ќе биде информирана за сите промени.

— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 2, 2026

Тој нагласува дека мерката не значи затворање на банката, отворање стечај или одземање на дозволата за работа.

Според Славески, Алта банка е ликвидна, високо капитализирана и има солиден квалитет на кредитното портфолио. Нејзиното работење продолжува под непосреден супервизорски надзор на Народната банка, со привремени ограничувања.

Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за готовински подигања и плаќања кај трговци преку платежните картички. Внатрешните плаќања во рамките на банката остануваат неограничени.

Правните лица привремено нема да можат да префрлаат средства надвор од банката преку платните системи, ниту да подигнуваат готовина од банкомати или шалтери. Ќе можат да вршат неограничени плаќања кон други правни и физички лица што имаат сметки во истата банка.

Славески посочува дека промената на сопственоста се очекува наскоро, но во објавата не наведува конкретен рок.

Осврнувајќи се на наводите за прекугранични трансфери, гувернерот нагласува дека префрлањето средства меѓу држави само по себе не претставува сомнителна активност. За оцената, според него, се важни природата, основата и околностите на трансакцијата, како и нејзината законитост.

Тој уверува дека банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а Народната банка постојано ги следи ликвидноста, капиталната позиција и изложеноста на ризици на банките.

Славески повика довербата во банкарскиот систем да се темели на проверени информации и факти, најавувајќи навремено информирање на јавноста за сите промени.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Гуми, пластика и текстил на езерското дно: Нуркачи го чистеа Охридското Езеро

02.11.2026

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

02.11.2026

Затворени експозитури, незадоволни клиенти: Редици пред Алта банка во Битола

02.11.2026

Богата европска земја бара работници: Олеснето вработување странци во дваесет професионални групи

02.11.2026

Коњановски: Над десет километри патна инфраструктура и нови 220 паркинг места во Битола

02.11.2026

Алта банка – Битола: Експозитурите привремено нема да работат со клиенти од 2 ноември

02.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Коњановски на изложбата „Која е супердевојката?“ во Битола

2 месеци ago

Возете внимателно: Суви патишта, но со можни одрони

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Кинески SUV со нула ѕвезди: Загрижувачки резултати за заштитата на патниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гуми, пластика и текстил на езерското дно: Нуркачи го чистеа Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе го плати буџетскиот товар? Белгиската коалиција заглави, премиерот поднел оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УХМР: Дожд до вторник, локално се очекуваат над 60 литри на квадратен метар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.