ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишната А.А. од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“.
Според полициските информации, на 9 октомври годинава пријавената не ја вратила малолетната ќерка кај таткото во договорениот рок.
Детето му било доделено на таткото за грижа, издржување и воспитување. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за дело по член 198 од Кривичниот законик.
…












