четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Објавувал епизоди од ТВ-серија на Фејсбук без дозвола: Кривична пријава против скопјанец

by Redakcija
05.11.2026
in Црна Хроника

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Ј.К. (46) од Скопје поради сомнение за „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“.

Според МВР, пријавениот во 2024 година, како администратор на Фејсбук-страница, неовластено објавувал епизоди од телевизиска серија. Ексклузивните права за нејзино емитување, врз основа на претходно склучен договор, биле отстапени на телевизиска куќа.

Телевизијата го пријавила случајот до Основното јавно обвинителство Скопје. Во пријавата било наведено дека скопјанецот, користејќи го својот Фејсбук-профил за управување со страницата, меѓу други серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди за кои немал соодветни права.

Постапувајќи по наредба на Обвинителството, полициските службеници го повикале на информативен разговор и привремено одзеле електронски уред во негова сопственост.

Од МВР наведуваат дека со форензичката анализа на уредот биле потврдени наводите од пријавата и од исказот даден за време на разговорот.

Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство Скопје и се однесува на дела предвидени во членовите 157 и 157-б од Кривичниот законик.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Голема акција утрово во Македонија – падна познат криминалец

05.11.2026

Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

04.11.2026

Агресивно се однесувал во локал во тетовски трговски центар, завршил во полициска станица

04.11.2026

МВР со детали за трагедијата во Богданци

04.11.2026
Трагедија во Гази Баба: Почина 24-годишно момче, обвинител нареди обдукција

Девојката пронајдена мртва во Богданци претходно го пријавила момчето за насилство

04.11.2026

Трагедија кај Богданци: Пронајдени две тела, едното во опожарен автомобил

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Тетовец пронајден починат во хотел во Скопје, наредена обдукција

5 месеци ago

ВЛЕН: ДУИ да каже дали ги негира изјавите на Г’зим Острени

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Објавувал епизоди од ТВ-серија на Фејсбук без дозвола: Кривична пријава против скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ги оставате чашите превртени по миењето? Важно е на каква површина ги сушите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција утрово во Македонија – падна познат криминалец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Криптовалутите влегуваат во Кривичниот законик: Што треба да знаат граѓаните?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се апсат команданти и полицајци за малтретирање студенти во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.