Четириесет и осумгодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал додека управувал електричен тротинет на велосипедска патека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 6 ноември околу 17:40 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје.
Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде што лекарите му констатирале тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје. Засега не се објавени дополнителни информации за околностите што довеле до падот.
…











