Дваесет и четиригодишниот напаѓач кој во саботата отвори оган на главниот плоштад во Краков почина рано утринава во болница, потврди Малополската полиција. Тој беше во критична состојба откако беше застрелан при полициската интервенција. Во нападот загинаа шест лица, а 15 беа повредени, соопштија градските власти.
Нападот се случи на 7 ноември, околу 15 часот. Според Полското радио, 24-годишниот Михал О. со автомобил влегол на плоштадот и пукал кон минувачите. Се обидел да избега, но при полициската потера удрил во друго возило. По судирот излегол од автомобилот и пукал кон полицајците.
Во текот на истрагата, полицијата ги пронашла телата на неговите родители и сестра во семејниот стан во Островјец Свјентокшиски. Според првичните наоди на обвинителството, тие најверојатно починале од прострелни рани. Истражителите сè уште го утврдуваат точното време на нивната смрт.
…












