понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

by Redakcija
09.11.2026
in Економија

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството останува меѓу секторите со најнегативни резултати.

Производството во секторот „Рударство и вадење камен“ во септември 2026 година е намалено за 7,7% на годишно ниво. Во август, падот достигнал 10,1%, а според досегашните показатели, рударството во ниту еден месец од годинава не остварило подобар резултат во однос на истиот период лани.

Геологот Ѓорѓи Димов, декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, нагласува дека рударството и геологијата се важни за економскиот развој на Македонија. Тој потсетува дека оваа гранка има историска улога во развојот на македонската индустрија и дека нејзината иднина треба да се гради врз стручност и знаење.

Домашните експерти укажуваат дека е потребно развивање на одржливо рударство, кое ќе ги следи европските стандарди и ќе овозможи подобро искористување на природните ресурси. Според нив, без јасна развојна визија и поддршка на стручните аргументи, ризикот од понатамошно слабеење на секторот останува реален.

„Денес рударството останува значаен дел од македонската економија. Само во 2024 и 2025 година извоз на концентрати на олово, цинк и бакар достигнува неколку стотина милиони долари. Тоа се конкретни бројки кои потврдуваат дека рударството не е само наше индустриско наследство, туку и реална економска состојба“, истакна Димов на годишното стручно советување во организација на Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија.

Во излагањето тој додаде дека денес се соочуваме со еден голем парадокс – светот бара зелена транзиција, обновлива енергија, електрични возила, нови технологии, а истовремено се погласни се барањата коишто се насочени кон ограничувања на рударството. 

„Мора јасно и гласно да кажеме дека не постои зелена транзиција без минерални суровини, ниту минерални суровини без рударство. Сепак, тоа не ни дава право да ја занемариме животната средина. Напротив, обврската е да сме уште поодговорни кон неа. Денес рударството можеби може да ја добие најважната битка во својата историја, а тоа е битката за довербата кај граѓаните. Таа битка нема да ја добиеме со декларации и празни ветувања, ниту со конфронтации со оние коишто се против рударството. Ќе ја добиеме со знаење, со нови технологии, транспарентност и конкретни резултати, појасни универзитетскиот професор.

Димов оцени дека дезинформациите ја загрозуваат иднината на рударството.

„Рударството коешто создава економска вредност ја почитува природата и ја има довербата на граѓаните. Ако во минатото рударството ја градеше индустриската Македонија, денес наша обврска е преку одржливо рударство да ја градиме иднината на Македонија. Да не дозволиме стравот да биде посилен од знаењето, ниту неодговорноста да биде посилна од напредокот. Да покажеме дека Македонија има знаење, има ресурси и пред има луѓе кои можат да создадат современо, одговорно и одржливо рударство“, заклучи Димов.

Последен проект кој наиде на обвинувања од страна на дел од активисти, но и политичари, беше инвестицијата во рудникот за бакар во Иловица. Инвестицијата е единствена активна во македонското рударство во моментов и беше најавено дека ќе ги употребува најсовремените технологии. Од ова наоѓалиште годишно би се произведувале околу 16 илјади тони бакар, што значително ќе влијае на македонскиот извоз. Самата инвестиција би тежела 350 милиони евра. Дополнително, инвеститорот информираше дека проектот ќе придонесе за економијата и со 500 директни вработувања и над две илјади индиректни вработувања. Од друга страна, голем број на инвестиции во рударството во минатото не се реализираа, а нов рудник во Македонија се нема отворено повеќе од четириесет години.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Гранит со 91% повисока продажба: оперативната добивка се засилува, готовинскиот тек останува важен тест

09.11.2026

Шпанија ќе задржи 188.000 тони маслиново масло во магацините за да го запре падот на цените

09.11.2026

Рударството и зелената енергија сè поблиску — финансирање до 55 милиони евра отвора нови можности за индустријата

09.11.2026

Од денес се менува начинот на плаќање во банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

09.11.2026

Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

08.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

08.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ: Опасност од одрони и изменет режим на повеќе патишта низ Македонија

АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ: Опасност од одрони и изменет режим на повеќе патишта низ Македонија

2 месеци ago

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

    ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гранит со 91% повисока продажба: оперативната добивка се засилува, готовинскиот тек останува важен тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.