петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

by Redakcija
06.04.2026
in Uncategorized

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците. 

ИСОС го поддржа студентскиот проект кој беше инициран поВтората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, за отпочнување на видео подкаст„Повеќе од само бројки – Сè што сте сакале да знаете за сметководствената професија“. Подкастот е воден од студенти, а во првата епизода, која се емитува денеска, гостинка е претседателката на ИСОС, Весна Прентоска. 

„Особено задоволство ми претставува што младите и студентите се инспирираа на Втората регионална конференција која се одржа минатата година, а на која на една од панел-дискусиите учествуваа и студенти. Тие потоа пристапија до Институтот со идеја за иницирање на видео подкаст, со цел да се приближи сметководствената професија до студентите и младите. Ова е само една од активностите кои ги реализираме.Започнуваме и соработка со сите универзитети кои имаат катедри за сметководство и ревизија, како и стручните средни училишта кои имаа економски насоки. Посебно ме радува статистиката која ја добивме од катедрите за сметководство и ревизија дека се бележи зголемување на бројот на студенти на тие катедри, споредено со минатата година. Овој податок многу нè охрабрува и ни покажува дека се движиме во вистински правец, а дополнително ни дава мотивација за поддршка и иницирање на различни проекти на студентите и средношколците“, потенцира Прентоска. 

ИСОС потпиша и меморандуми за соработка со средните училишта „Васил Антевски-Дрен“ и „Кочо Рацин“, со што за прв пат во активностите на Институтот се вклучуваат и средношколците кои учат на економските насоки. Меморандумите опфаќаат овозможување на практична работа, кариерно советување на средношколците и развој на заеднички проекти за унапредување на квалитетот на стручното образование.

Исто така, ИСОС потпиша Меморандум за соработка и со Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои се фокусирани на заеднички проекти за иновации и дигитализација, програми за обуки, како и практикантска работа на студентите. 

Во рамки на меморандумот за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, претседателката на ИСОС Прентоска одржа и гостинско предавање на студентите од катедрата за сметководство и ревизија. 

„Почестена сум што Универзитетот ме покани да одржам гостинско предавање и навистина е особено значаен интересот и ентузијазмот кај студентите за сметководствената професија. Немам сомнеж дека професијата ќе добие нови кадри кои во комбинација со учењето од искусните професионалци и вештините за технолошки развој ќе го унапредат квалитетот на професијата. Тоа, пак, директно ќе се одрази врз бизнис заедницата и државата, преку подигнување на стандардите и довербата во финансиското известување“, истакна Прентоска. 

Институтот веќе има потпишано и меморандум за соработка и активно соработува со Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, како и со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН. Во наредниот период активностите поврзани со промоција и вклучување на средношколците, студентите и младите професионалци ќе продолжат, со цел натамошно зголемување на атрактивноста на сметководствената професија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Рама: Приведените демонстранти не се студенти, туку поттикнувачи на насилство

23.10.2026

Радичевски со огромна предност, според првичните неофицијални резултати

18.10.2026

Србија следната недела ги поставува првите цевки за гасоводот кон Македонија

07.10.2026

Општина Тетово со важно предупредување – рокот е до 1 октомври

23.09.2026
(ВИДЕО) Масакр во џамија во Пакистан: Автомобил-бомба и 20-часовна престрелка оставија десетици жртви

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Пакистан: Автомобил-бомба и 20-часовна престрелка оставија десетици жртви

20.09.2026

Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

11.09.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Прекин на струја во Шуто Оризари

Прекин на струја во дел од Раштак

6 месеци ago

Ле Пен со план за забрана на хиџабот во Франција: Предвидени и казни

4 недели ago

Популарни Вести

  • Меланија Трамп со хуманитарна иницијатива: Најавен локален прекин на огнот во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѝ ветиле приватизација на земјиште, останала без 117.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Го ограбиле и го принудувале да земе брз кредит – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лекари и студенти по медицина се приклучија на протестите против владата на Рама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен преглед на Македонската берза: промет од 50,46 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.