среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Србија следната недела ги поставува првите цевки за гасоводот кон Македонија

by Redakcija
07.10.2026
in Uncategorized

Србија следната недела ќе ги постави првите цевки од гасниот интерконектор кон Македонија, со што проектот влегува во конкретна фаза на изградба.

Поставувањето ќе започне на делница долга околу пет километри во близина на Врањска Бања. До крајот на октомври се очекува да бидат испорачани цевки за околу 15 километри од трасата.

Српската министерка за рударство и енергетика во технички мандат Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ соопшти дека трасата на интерконекторот на територијата на Србија ќе биде долга околу 145 километри.

Вредноста на српскиот дел од проектот се проценува на околу 153 милиони евра, додека планираниот капацитет на гасната врска е до 1,5 милијарди кубни метри природен гас годишно.

Српските власти очекуваат работите на нивна територија да бидат завршени во првиот квартал од 2028 година. Од македонска страна, завршувањето на делницата се очекува до средината или до крајот на 2028 година.

Гасниот интерконектор со Србија ќе биде поврзан со новата гасна врска меѓу Македонија и Грција, која веќе се гради. Со тоа Македонија треба да добие дополнителни можности за снабдување со природен гас преку грчките терминали за течен природен гас, меѓу кои Ревитуса и Александруполис.

Новата инфраструктура ќе овозможи гасот од јужните правци преку Македонија да продолжува кон Србија и понатаму кон пазарите во Централна Европа, создавајќи дополнителна рута за снабдување на регионот.

Македонија и Србија се дел и од Вертикалниот гасен коридор, преку кој се поврзуваат гасните системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа.

Интерконекторот Србија–Македонија е дел од пошироките регионални проекти за диверзификација на изворите и правците за снабдување со природен гас и зајакнување на енергетската сигурност.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Тетово со важно предупредување – рокот е до 1 октомври

23.09.2026
(ВИДЕО) Масакр во џамија во Пакистан: Автомобил-бомба и 20-часовна престрелка оставија десетици жртви

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Пакистан: Автомобил-бомба и 20-часовна престрелка оставија десетици жртви

20.09.2026

Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

11.09.2026

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно го враќа сјајот на градот

05.09.2026

Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

02.09.2026

Фотографии – Македонија има дата центар уште од 2023 година: Еве како изгледа

31.08.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

18-годишници пред суд поради пожарот во зградата „Вјесник“ во Загреб

8 месеци ago
2,8 милијарди евра потрошени во казина и обложувалници минатата година

2,8 милијарди евра потрошени во казина и обложувалници минатата година

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Транзицијата остави трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување

    Мицкоски: Македонска економија е многу постабилна од било која економија во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија следната недела ги поставува првите цевки за гасоводот кон Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аванс од 3.000 евра исчезнал – Нов случај на измама во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меси во солзи го одигра последниот меч за Аргентина: Крај на една ера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.