Утре, вторник, 10 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Тетовско. Најдолгиот прекин ќе трае пет часа и 45 минути.
Од 08:45 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците во Ново Село Дервенд, Рогле, Церово, Мерово, Луковица, Седларево и Гургурница.
Во распоредот е наведен и посебен термин од 09:00 до 14:00 часот за објектите на крајот на Ново Село. Во истиот период, без напојување ќе бидат и објектите на патот кон џамијата во Сараќино.
Од 09:30 до 13:45 часот, прекин ќе има кај објектите на патот кон селото Требош.
…












