вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

by Redakcija
17.11.2026
in Македонија

Предизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. За овие прашања,  за можностите за економски напредок на регионот, како и за инвестициите во инфраструктурата, зборуваше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој се обрати на 23-от Виенски економски форум. 

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар. 

“Наш предизвик, но истовремено и наша задача, е да соработуваме сите економии што ги претставуваме. Без разлика дали станува збор за мојата земја или за која било друга земја од регионот, факт е дека нашите економии се премногу мали за да бидат конкурентни на глобалниот пазар. Дури и целиот регион, гледан како една целина, е премал за самостојно да биде глобално конкурентен. Токму затоа треба да соработуваме.  Свесен сум дека тоа не е лесна задача, имајќи ги предвид политичките предизвици, политичкото минато и историското наследство на регионот. Но, и покрај тоа, тоа е задача што мораме да ја преземеме и на која мораме заеднички да работиме” – се обрати Николоски. 

Додаде дека вистинското прашање во следниот период  е дали земјите од регионот ќе успееме да го подигнеме квалитетот што го нудиме.  Тој на форумот ги потенцира развојните проекти што се реализираат во Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура. 

“ Што се однесува до железницата, се наоѓаме во многу напредна фаза на подготовка за започнување на работите на проектот за брза железница, која ќе се протега од границата со Грција до границата со Србија. Oчекувам изградбата да започне на пролет. Станува збор за огромен проект, кој ќе биде најголемиот поединечен инфраструктурен проект во Југоисточна Европа, со инвестиција од приближно две милијарди евра.

Во однос на Коридорот 8, успеавме да постигнеме договор со Бугарија за железничкото поврзување. Двете страни веќе работат на реализацијата на проектот. Ние веќе инвестираме околу 810 милиони евра во железничкото поврзување, а Бугарија презема слични активности на своја територија. Во понапредна фаза е автопатското поврзување, каде што двете страни вложуваат значителни напори. Од наша страна, работите се завршени до границата со Бугарија, односно веќе имаме изградено автопат или експресен пат.  Заедно со Европската Унија работиме и на западната железничка врска со Албанија.  

Кога ќе се соберат сите овие активности, станува збор за инвестиции од приближно пет до шест милијарди евра во овие коридори. Нашата цел е земјата да стане важна крстосница, со што ќе придонесеме не само за растот на бизнисот и економијата, туку и за зајакнување на безбедноста” – се обрати Николоски на глобалниот форум. 

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

16.11.2026

Од 2027 година нови правила за Македонците кои патуваат во ЕУ

16.11.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

16.11.2026

Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

16.11.2026

Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве какви гуми и синџири мора да имаат возачите за да избегнат казна од 45 евра

15.11.2026

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула – од сега очекувам само раст и поинтензивен развој

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Претходни пријави за семејно насилство: МВР ја истражува вчерашната трагедија во Скопје

Претходни пријави за семејно насилство: МВР ја истражува вчерашната трагедија во Скопје

9 месеци ago

ДЕН ЗА РЕД И ВИСТИНА: Нема бегање – денес секој знак се соочува со реалноста

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.