Тригодишно дете од Гевгелија починало за време на транспорт кон комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје било пријавено од клиниките дека кај нив било донесено починато дете.
Детето претходно имало здравствени проблеми, но починало на пат кон болницата. Во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за неговата здравствена состојба.
По пријавата, полициски службеници излегле на местото и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на детето било предадено на семејството.
…












