недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

by Уредник
22.11.2026
in Економија, Свет
Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

Дваесет и две инвестициски банки ќе поделат околу 550 милиони долари провизии од берзанското излегување на „Антропик“, компанијата што стои зад четботот „Клод“. Но зад рекордната продажба на акции имало кратки рокови, строги правила и ограничувања што предизвикале незадоволство кај дел од банкарите, открива Ројтерс.

Американската компанија за вештачка интелигенција на 19 ноември започна со тргување на берзата „Насдак“, по цена на првичната понуда од 83 долари за акција. Основната понуда достигна вредност од 81,3 милијарди долари, а со дополнителните акции вкупната сума порасна на околу 93,5 милијарди долари.

Станува збор за најголемата првична јавна понуда на акции во историјата, со која „Антропик“ го надмина претходниот рекорд поставен од „Спејс икс“ на Илон Маск.

Најголемиот дел од провизиите за две банки

Во организацијата на понудата учествувале 22 банки. Водечките „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“ треба да добијат по околу 113 милиони долари, додека остатокот од вкупната провизија ќе биде распределен меѓу другите учесници.

Од 550-те милиони долари, околу 536,7 милиони ги покрива „Антропик“, а преостанатите 13,3 милиони долари се на товар на седуммината коосновачи кои продале дел од своите акции.

Овие суми се надоместоци за банките за организирањето на продажбата, а не лична заработка на банкарите.

Мали тимови и ограничувања за работа со конкуренцијата

И покрај големината на зделката, подготовките не поминале без незадоволство. Според извори на Ројтерс запознаени со процесот, „Антропик“ побарала од дел од банките тимовите што работеле на понудата да бидат ограничени на само четворица искусни банкари.

Од одредени високи банкарски претставници било побарано и да прифатат договори со кои на клучните членови на тимовите би им се ограничила работата со конкурентски компании во период од шест месеци по излегувањето на берзата.

Меѓу компаниите опфатени со ограничувањата биле „ОпенАИ“, „Дипсик“, „Курсор“ и „Хагинг фејс“. Еден банкар кој одбил да потпише таков договор посочил дека било тешко да се најдат луѓе подготвени да прифатат ограничувања додека и други компании од секторот размислуваат за берзански понуди.

Документи пристигнувале и по полноќ

Проблеми имало и со документацијата. Непосредно пред претставувањето на понудата пред инвеститорите, бил испратен документ поврзан со продажбата на акции во Канада, во кој имало погрешни податоци за ценовниот опсег и бројот на акции.

Коригираната документација била доставена околу два часот по полноќ во Њујорк, по што банките имале само неколку часа да ја разгледаат и одобрат.

Компанијата користела и посебна платформа за пристап до материјалите, преку која можело да се следи кој ги отворил документите и кои страници ги разгледувал. Според еден од соговорниците на Ројтерс, неможноста да се зачуваат копии дополнително им ја отежнувала работата на банкарите.

Нема дополнителна провизија за уште 147 милиони акции

Според Ројтерс, некои од банките дури вечерта пред излегувањето на берзата не знаеле колкав надомест ќе добијат.

„Антропик“ договорила и да не плаќа дополнителна провизија за уште 147 милиони акции продадени преку посебна опција во рамките на понудата. Вкупниот надомест од 550 милиони долари претставува околу 0,68 отсто од основната понуда, што е пониска стапка од провизиите што вообичаено се наплатуваат кај помалите берзански излегувања.

Професорот емеритус Џеј Ритер од Универзитетот во Флорида, кој ги проучува јавните понуди на акции, за Ројтерс оценил дека мал број компании би можеле да издејствуваат продажба на дополнителни акции без провизија. Според него, големите компании имаат доволна пазарна моќ да поставуваат услови поинакви од вообичаените.

Слична берзанска зделка претходно направи и „Спејс икс“. Банките од нејзиното излегување на берзата во јуни заработиле околу 500 милиони долари, што значи дека двете големи понуди заедно им носат повеќе од една милијарда долари провизии.

„Антропик“, „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“ одбиле да ги коментираат наводите за условите под кои се подготвувала понудата, наведува Ројтерс.

..

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

22.11.2026
Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

22.11.2026
Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

22.11.2026

КОЧО АНЃУШЕВ ВО БИТОЛА: СО БАТЕРИИ, ФАБРИКИТЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ СОПСТВЕНАТА ЕВТИНА СТРУЈА И КОГА НЕМА СОНЦЕ

22.11.2026
Продажбата на Мермерен комбинат падна за 42,8%, нето-добивката за 57,2%

Продажбата на Мермерен комбинат падна за 42,8%, нето-добивката за 57,2%

22.11.2026
ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Духовно единство во Осоговскиот манастир: Пет православни цркви собрани во чест на свети Јоаким

Духовно единство во Осоговскиот манастир: Пет православни цркви собрани во чест на свети Јоаким

3 месеци ago

ДУИ најавуваше масовен протест во Тетово, но маршот помина со слаба посетеност

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За едно деноноќие приведени 15 возачи: Седуммина возеле без дозвола, тројца под дејство на алкохол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон скопските клиники

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.