Се иселив пред две години на 45 годишна возраст. Имам завршено факултет за одделенска настава и имав бизнис. Го продадов и се иселив. Во Македонија обичен човек нема иднина, се случуваат партиски вработувања поради кои моите деца немаа иднина, ни вели Бисерка Молеровиќ, која живее во Германија
Имам 42 години, сопруга и две деца. Работиме во Скопје, но веќе имаме план за заминување. Сакаме да живееме во земја каде има ред и правда. Не сакам да плаќам даноци, а да живеам во нечисто и без да сум заштитен и уважен од институциите. Последниве години верував на политичарите дека ќе донесат подобрувања, но испадна дека поради нив и си заминувам, потенцира Борјан С.
Управата за јавни приходи излезе со известување за корисниците на МојДДВ врзано со ажурирање на податоците.
Ажурирање треба да направат само оние корисници кои во изминатиот период направиле промена на својата банка или трансакциска сметка, потенцираат од УЈП.
Според евиденцијата на Управата, 5.487 лица немаат точни податоци за своите трансакциски сметки и мора да ги ажурираат своите податоци за да ја добијат исплатата.
„Корисниците на МојДДВ кои не правеле промени на банка и имаат точни податоци не треба да менуваат или ажурираат ништо! Вашите податоци се точни и исплатата се реализирана автоматски. Исплатата на повратот на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е при крај. Законскиот рок за исплата е 30.11.2024 година.“, соопшти Управата.
По завршувањето на редовната исплата за третиот квартал, УЈП најави дека ќе започне со исплатата и за корисниците кои имале неажурирани податоци во претходните квартали.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предлага домаќинствата и малите потрошувачи да можат да купуваат струја според концептот „динамична цена“ наместо да ја плаќаат како фиксна кај универзалниот снабдувач (во случајов ЕВН Хоме).
Според дополнителните и најнови предложени измени на Законот за енергетика, домаќинствата ќе може да купуваат струја од снабдувачи со динамична, односно тековна цена, каква што е во моментот на пазарот. Бидејќи оваа цена е варијабилна, потрошувачот ќе може да ги користи периодите кога таа е ниска.
Снабдувачот ќе треба да им обезбедува постојани информации на потрошувачите за цената на струјата преку паметни мерни уреди, а своја улога како обезбедувач на информации и контрола ќе има Регулаторната комисија за енергетика.
Од Министерството за енергетика, на нашето прашање колку е веројатно ова да профункционира во пракса и колку време ке биде потребно овој концепт да се воспостави, велат дека оваа можност веќе е започната да се имплементира во некои земји од Европската унија.
– Оваа новина, која почнува да се имплементира во дел од земјите од Европската Унија, ја инкорпорираме и во нашето законодавство како дел од усогласувањето со европските стандарди. Министерството за енергетика смета дека, воведувањето на можноста домаќинствата и малите потрошувачи да склучуваат договори со снабдувачи на електрична енергија по динамична цена, е изводливо и во интерес на граѓаните, бидејќи ова ќе им овозможи флексибилност и оптимизирање на трошоците во согласност со реалната потрошувачка. Искуствата и праксата покажуваат дека потребното време за целосна имплементација зависи од техничките подготовки и договорите со снабдувачите. Што секако ќе биде во координација со потребите на потрошувачите и ќе се развива паралелно со прилагодувањето на потребите на пазарот и техничките капацитети, велат од министерството.
Од таму додаваат дека потрошувачите – во слуачјов домаќинствата и малите потрошувачи, ќе треба да инсталираат посебно броило во договор со снабдувачот за плаќање на електричната енергија по динамична (променлива) цена.
– Во однос на евентуалните трошоци за корисниците, единствениот можен почетен трошок би бил за инсталирање ново броило со опција за далечинско читање. Министерството се стреми да се минимизираат дополнителните трошоци, со цел да го направи овој модел достапен за што поголем број граѓани без дополнителен финансиски товар, гласи одговорот од Министерството за енергетика.
Очигледно дека акцијата на НЛБ Банка е една од најатрактивните хартии од вредност на нашата берза. Причините за тоа се бројни, но веројатно една од најважните е редовна и обилна дивиденда која контиуирано ја добиваат нејзините акционери
Интересен ден на Македонската берза за хартии од вредност. Откако „Фактор“ објави дека градежните компании „Адора Инженеринг“ и „Настел“ се меѓу тројцата најголеми инвеститори во НЛБ Банка таа акција не мирува. Во последниве пет трговски дена нејзнината пазарна цена порасна за 5.5000 денари и таа акција сега се тргува и на ниво од 49.500 денари за акција. Ова е највисока пазарна цена што акцијата на НЛБ Банка ја достигна во период од цела година наназад.
Очигледно дека интересот за таа акција јакне и расте. Вчера беа истргувани вкупно 109 акции за промет од речиси 900.000 евра. Највисоката цена беше 49.500 денари, а таа е воедно и највисока годишна цена за таа акција.
Но вчерашното тргување имаше посебен белег. Истргуваната количина беше видно повисока од вообичаените истргувани количества акции. Вчераутро беше поставен налог на куповната страна за 100 акции на НЛБ Банка.
Инвеститорите и трговците на продажната страна ја прифатија фрлената ракавица. Во текот на целото тргување од 10 до 14 часот беа истргувани вкупно 109 акции.
При тоа беше реализиран и целиот куповен налог на 100 акции.
Неофицијално дознаваме дека станува збор за дама, која воедно е блиска роднина на познат македонски бизнисмен од стар ков. Очигледно дамата решила шопингот да го замени во вложување во акции на голема домашна банка која е позната на како редовен делач на дивиденди кои не се за потценување и се едни од најдобрите во редот на домашните банки кои делат дивиденда.
Таткото пак од друга страна во периодов е во фокус на инвеститорската јавност затоа што е се споменува во процес на менување на сопственоста во една домашна голема компанија – акционерско друштво.