Connect with us

Забава

Јовица е најпосакуваниот ѓубрар, вежба со цревото за чистење улици и не може да крене глава од жени

Published

on

Јовица Васиќ (32) не оди во теретана иако има мускули и стас на кој многумина би му позавиделе. Тајната на неговиот изглед и добра форма се крие на неговото работно место, во „Градска Чистота“, каде е посветен речиси 15 години.

Како што објаснил за ,,Телеграф.рс,, своите мускули ги обликувал носејќи црево за миење на улиците, со кој лесно ракува.

Инаку, овој млад човек се здоби со популарност преку ноќ по снимката од социјалните мрежи на која се гледа како е виси за камион кој чисти по улиците. Видеото предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, главно женски. Сите се воодушевени од изгледот на Јовица Васиќ.

Се нижеа коментарите, кој од кој со поубави епитети. Нити некој познати личности не му останаа имуни, но Јовица има друго мислење.

Соговорникот вели иако секогаш е импресиониран од убавите зборови, тврди дека славата не го „удр ила во глава“, а постоечката „слава“ не му значи многу.

– Снимката е направена повеќе како шега. Беше сосема обичен ден на работа, немав поим дека се ќе оди толку далеку – вели Јовица не обрнувајќи многу внимание на моменталната ситуација.

„Имам жена што ја сакам“, објаснува Јовица кој стана вистинска ѕвезда не само во градот и државата туку и пошироко, луѓе го застануваат и се сликаат со него.

– Дознав за него на социјалните мрежи. Мене ми беше многу интересно поради коментарите што луѓето ги напишаа. Мислам дека би било одлично да се фотографираме – вели еден млад човек кој е негов фан.

Јовица на крајот тврди дека е среќен и задоволен од својата работа и дека не би ја сменил дури и некој да му понуди манекенска кариера, за која, како што тврдат многумина, ги има сите предуслови.

Забава

Ана Стојанова цел на напад: Фотошопирале нејзна фотографија да изгледа гола – сега ја шират на социјалните мрежи

Published

on

Познстата фитнес инструкторка Ана Стојанова, информира дека деновиве е цел на напад, пред се како жена. Имено неименувано лице успеало преку фотошоп да создаде “нејзина гола фотографија”, па сега истата таа лажна готографија се шири на социјалните мрежи и стигна до Стојанова.

“Деновиве добивам пораки дека “се врти” гола фотографија од мене која што е направена со фотошоп и тоа многу лош. Направен е скриншот од видео кое што беше објавено кај мене на стори и истото е злоупотребено.
Јас нема да го коментирам оној кој што се дрзнал на ова и сосема ми е разбирливо затоа што сум јавна личност и не можам да се заштитам до крај. Објавувам јавно за да ја известам Армијата да ја знае вистината- бидејќи само за неа и се грижам”, објави Стојанова на социјалните мрежи

Continue Reading

Забава

Андријана Јаневска потпиша договор со светската филмска компанија Warner Bros. и е дел од саундтракот на видео играта Mortal Kombat 1

Published

on

Македонската пејачка и еден од најдобрите вокали во земјата, Андријана Јаневска, оствари значаен успех на меѓународно ниво со потпишување договор со светската филмска и забавна компанија Warner Bros. Јаневска учествуваше како главен вокал на официјалниот саундтрак на новата видео игра Mortal Kombat 1, еден од најпознатите и најпопуларни франшизи во светот на гејмингот.

„Ми претставува огромна чест што имав можност да работам на ваков врвен проект. Оваа соработка со Warner Bros. е важен чекор за мене и неверојатно искуство,“ изјави Јаневска, изразувајќи го своето задоволство од овој значаен успех.

Со своето вокално учество, Андријана Јаневска внесува нова димензија и емоција во саундтракот на играта, дополнувајќи го искуството на играчите со нејзиниот уникатен глас. Овој проект претставува значајно признание за македонскиот музички талент на светската сцена и отвора нови можности за македонските уметници на глобално ниво.

Continue Reading

Забава

Џони Деп доби главна улога во холивудски филм, а згодна актерка ќе му биде партнерка

Published

on

Џони Деп треба да се врати во Холивуд, добивајќи ја својата прва голема кастинг улога по правната битка со поранешната сопруга Амбер Херд.

„Холивуд репортер“ пренесува дека славниот актер е подготвен за својата прва голема холивудска продукција по неколку години, во трилерот „Day Drinker“. Тој ќе глуми мистериозен денски пијаница кој на крстарење запознава шанкерка, која ја игра Пенелопе Круз, а двајцата потоа се вплеткуваат во криминалното подземје.

Филмот ќе го режира Марк Веб. Деп и Круз на тој начин ќе се обединат, откако претходно глумеа во бројни филмови заедно.

Претседателот на Lionsgate Motion Picture Group, Адам Фогелсон, рече дека „’Day Drinker’ комбинира многу комерцијален концепт со неверојатни пресврти и свртувања, сите сместени во неверојатен свет, и нема подобар режисер од Марк или двајца посовршени актери од Џони и Пенелопе“.

Деп неодамна изјави дека „нема лоши чувства кон Холивуд“ и рече дека неговиот живот во последните години е претворен во „сапуница“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк