Connect with us

Свет

(Видео): Украинка од Мариопол го попари: Зеленски е дворски шут, греота е да го колнам ама да се удави во здравјето што му го посакувам

Published

on

Руските медиуми објавија видео на кое се слуша како гневна жителка на Мариупол го нарекува Володимир Зеленски “дворски шут”.

Може да се забележи дека госпоѓата е видно вознемирена и гневна на постапките на украинскиот претседател.

“Секогаш сум била горда што живеам во Украина, до 2014, од 2014 сакам да живеам во Русија. За Зеленски, греота е да го колнам, му посакувам толку здравје што ќе се удави од него, дворски шут!”

Претходно во неколку наврати жителите на Марупол апелираа да се организираат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите во градот.

Русија тврдеше дека украинските војници не дозволувале евакуација на цивилите.

Свет

Изјавата која го потресе светот: Се огласи Зеленски после новиот руски напад

Published

on

Зеленски ги повика партнерите да ја зголемат помошта за Украина и да извршат притисок врз Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по денешниот руски напад на Днепар, повика на зголемување на меѓународната помош за Украина и на поголем притисок врз Москва.

„Русија го користи секој ден и секоја ноќ за да убива. Мораме да вршиме притисок на овие убијци и да помогнеме да се заврши овој конфликт и да се гарантира траен мир. Им благодариме на сите партнери кои ги користат своите можности на овој начин. Војните се запираат само со сила, силата против агресорот, силата во одбрана на животите“, изјави Зеленски.

Тој нагласи дека секој одбранбен пакет и секој облик на поддршка од меѓународната заедница за украинскиот отпор “буквално значи заштита на животите”.

„Беше тешка ноќ во Днепар. Руски дронови удрија во обични згради и цивилна инфраструктура. Во тек е чистењето на урнатините. Во болниците се 16 повредени лица, а вкупно 28 лица се повредени, меѓу кои и четири деца. Сите добиваат помош. За жал, три лица загинаа во рускиот напад, меѓу кои и 17-годишната девојка Верника… изразувам сочувство на нејзиното семејство и пријатели“, напиша Зеленски на Телеграм.

Во масовниот напад со беспилотни летала врз Днепар, три лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени.

Во нападот беше оштетена образовна институција, студентски дом, гимназија, прехранбена компанија, пошта, печатница, управна зграда, продавници и околу десетина автомобили.

Continue Reading

Свет

Италијанската премиерка Мелони на средба со Трамп во Белата куќа – објавени главните теми на разговор

Published

on

Трамп ја пречекува Мелони во Белата куќа – царините, одбраната и геополитиката во фокусот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамки на работна посета чиј фокус ќе бидат економските и безбедносните прашања меѓу САД и Европската унија.

Според најавите, централна тема на разговорите ќе биде можното зголемување на царините на увозот на европска стока во САД – потег кој би можел значително да ги засили тензиите во трансатлантските трговски односи.

Покрај економските теми, Трамп и Мелони ќе разговараат и за трошењето на средства за одбрана, со посебен акцент на исполнувањето на обврските кон НАТО, како и за актуелните конфликти во Украина и на Блискиот Исток. На агендата се очекува да се најдат и прашања поврзани со енергетската безбедност, како и пошироките односи меѓу САД и Европската Унија.

Посетата се смета за значаен дипломатски момент, особено во контекст на растечките предизвици на глобалната сцена и засилените апели за координиран пристап меѓу западните сојузници.

Continue Reading

Свет

Харвард на удар: Трамп сака да ги забрани странските студенти

Published

on

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера му се закани на Универзитетот Харвард со забрана за прием на странски студенти, доколку институцијата не прифати целосна контрола врз политиките за прием, вработување и политичка ориентација.

„Ако Харвард не може да докаже дека целосно ги почитува своите обврски, ќе ја изгуби привилегијата за запишување странски студенти“, стои во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД.

Само неколку дена претходно, Министерството за образование веќе замрзна федерални субвенции во износ од 2,2 милијарди долари наменети за Харвард, откако универзитетот одби да ги исполни барањата од Белата куќа. Дополнително, администрацијата најави можност за укинување на даночните олеснувања што ги има универзитетот.

Белата куќа доставила барања до раководството на Харвард, меѓу кои се и укинување на политиките за различност и промена на програми што наводно „поттикнуваат антисемитско вознемирување“.

Претседателот Трамп, преку својата социјална мрежа „Трут Соушал“, изјави дека Харвард подучува „омраза и глупост“ и не треба повеќе да добива државни средства.

Истовремено, медиумите CNN и Вашингтон Пост јавуваат дека Трамп официјално поднел барање до даночните власти за укинување на даночните ослободувања на Харвард.

Универзитетот, кој се наоѓа во Бостон и брои околу 30.000 студенти, е на врвот на Шангајската листа на најдобри светски универзитети и досега има 162 добитници на Нобелова награда.

Конфликтот меѓу Трамп и водечките американски универзитети ескалираше по протестите на студентите кои изразија поддршка за Палестина за време на воените дејствија на Израел во Газа во пролетта 2024 година. Републиканците тогаш обвинија повеќе универзитети, меѓу кои и Харвард, дека не ги заштитиле еврејските студенти.

Неколку ректорки, вклучително и од Харвард и Колумбија, поднесоа оставки. За разлика од Колумбија, која прифати длабински реформи, Харвард остана цврст во својата позиција.

Ректорот Алан Гарбер изјави дека Харвард веќе има иницирано активности против антисемитизмот и дека нема да отстапи од својата независност и уставно загарантираната слобода на изразување, со што, според него, се штити Првиот амандман.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк