Connect with us

Балкан

Страшна сообраќајка во Црна Гора: Нуркачи извлекоа три тела од надојдената река (ВИДЕО)

Published

on

Нуркачите набрзо го извлекле телото на девојката, додека трагале по двајцата мажи.

„По повикот од ОКЦ центарот, нашите нуркачи излегоа на местото на настанот во местото Рогами кај Подгорица во потрага по исчезнати лица кои паднаа во реката по сообраќајна несреќа. По кратка потрага на длабочина од пет метри, пронајдовме возило во кое имаше две безживотни тела. Телата ги извлековме и ги предадовме на надлежните органи за понатамошно постапување“, изјави за „Вијести“ Данило Мијајловиќ од Регионалниот нуркачки центар.

Да потсетиме, два автомобили се обиделе да го поминат мостот на малата река Широлија, која се наоѓа под Дукља, но возачот на првиот автомобил се откажал од преминувањето бидејќи реката била премногу надојдена и го поплавила мостот, пишува Стандард.

Сепак, како што пренесува овој портал, возачот на другиот автомобил сепак одлучил да се обиде да помине. Кога бил на средина, силен порој од вода го превртел возилото, кое завршило во реката.

Според мештаните, овој мост не е погоден за сообраќај кога водостојот на реката е висок.

Балкан

Албанија започнува сериско производство на военото возило „Шота“ – интерес и од Украина, Германија и Грција

Published

on

По успешниот прототип на оклопното возило „Шота“, претставен лани во Париз, Албанија оваа година планира да започне со сериско производство на ова возило, кое ќе се користи од албанските вооружени сили, но и за извоз во странство.

Арјета Пуца, сопственичка на компанијата „Тимак“, која го произведува возилото, изјави дека веќе има голем интерес од странски држави. „Сакаме да почнеме со Албанија, но имаме многу барања и од Германија, Полска, Украина и Грција. Веќе сме во разговори и веруваме дека оваа година ќе ги имаме првите испораки“, рече таа за телевизијата А2.

Албанија планира до 2033 година да инвестира 122 милијарди леки за модернизација на армијата и дополнителни 61 милијарда леки за воена инфраструктура. Дел од овие средства ќе се насочат кон поддршка на приватните компании кои произведуваат воена опрема.

Како дел од безбедносниот договор помеѓу Албанија и Украина, потпишан во Давос од Еди Рама и Володимир Зеленски, дел од новопроизведените возила „Шота“ ќе бидат испратени во Украина.

Возилото „Шота“ е дизајнирано од албанскиот инженер Григор Андони и е создадено за само три месеци. Има напредна технологија и може да се користи во различни воени и цивилни мисии – од транспорт на војници, до спасувачки и безбедносни операции. Компанијата „Тимак“, каде што 75% од вработените се жени, веќе извезува санитетски возила во 20 земји.

Continue Reading

Балкан

Македонците од Пиринска Македонија собраа донација за настраданите во трагедијата во Кочани

Published

on

Македонската заедница од Пиринска Македонија уште еднаш покажа солидарност и човечност, собирајќи 3.310 евра како помош за настраданите во трагичниот настан што се случи во Кочани на 16 март годинава.

Средствата беа собрани преку неформална иницијатива на патриотски настроени поединци и македонски организации во Бугарија, а без објавување на имињата на дарителите, според нивното барање за анонимност. Парите се уплатени преку сметката на Црвениот крст на Македонија.

По градови, најмногу средства пристигнале од Сандански (900 евра), Гоце Делчев (855 евра), Петрич (600 евра), Благоевград (450 евра), Разлог (420 евра), Софија (65 евра), и останати локации (20 евра).

Оваа донација е уште еден доказ за нераскинливата поврзаност меѓу Македонците од двете страни на границата и нивната подготвеност да помогнат во тешки моменти.

Continue Reading

Балкан

Тргната сликата на Саша Поповиќ од неговата надгробна плоча, вработен на гробиштата ја откри причината

Published

on

Денес се навршуваат 40 дена од смртта на Сашa Поповиќ, кој почина на 1. март во Париз по кратката и тешка болест. На гробиштата на Бежанијска денес ќе се одржи четириесетдневен помен, а неговата сопруга Сузана и децата Александра и Даниел веќе подигнале споменик.

На споменикот беше поставена голема слика на Саша Поповиќ, која ја избрале членовите на неговото семејство, но таа слика утрово беше симната.

Добивме критика дека фотографијата е погрешно поставена. Шефот не праша: “Што направивте? За што ве плаќам?” Доаѓаме да ја центрираме, инаку ние работевме и на гробот на мајката на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша – рече мајсторот кој беше задолжен за симнување на сликата, која потоа беше залепена со селотејп.

Домашните медиуми во тој момент беа присутни на лице место, а освен мајсторот, никој од фамилија на Саша или пријатели не бил виден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк