Connect with us

Бизнис

ЌЕ ВИ ПАДНЕ ВИЛИЦАТА: Овие четири убавици доминираат во групата Ф (ФОТО)

Published

on

Речиси нема некој кој не го интересираат понежните половини на фудбалерите на ова светско првенство во Катар.

Во овој момент на ред е групата Ф во која се наоѓаат Белгија, Канада, Мароко и Хрватска, а меѓу нив и четири сексапилни жени од кои ќе ви падне вилицата.

БЕЛГИЈА

Од презентацијата на Белгија доаѓа убавата половина на Тибо Куртоа, згодната Мишел Герзиг. Нивната врска стана јавна во 2021-та година, а убавата Израелка често споделува фотографии и од мечевите на Реал Мадрид.

КАНАДА

Кога станува збор за Канада, нема дилема, тука е сопругата на канадскиот репрезентативец Милан Борјан кој има српско потекло.

Снежана Борјан е родена 1982-та година, а по венчавката со фудбалерот одлучи да ја остави работата како маркетинг директор во Партизан и целосно да му се посвети на семејството.Двајцата го имаат синот Филип.

МАРОКО

Хиба Абук која има потекло од Тунис и Либија во 2020 година го добила синот со репрезентативецот Ашраф Хакими.

Поради одвоениот живот со фудбалерот таа често користи приватен авион и летови како би го поминала времето со семејството.

ХВРАТСКА

Сопругата на фудбалерот Матео Ковачиќ, Изабела е доказ дека и без голотија и провокативни фотографии може да се истакне убавината и витката става.

Изабела се занимава со приватен бизнис и не сака себе да се претставува како популарна личност, се со цел да не и влијае негативно на нејзината работа.

Бизнис

Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува жестока реакција доколку, како што вели, утврдат дека повторно има несакани појави.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски денеска рече дека очекува трговците да продолжат да ги намалуваат цените на производите, што претходно ги зголемија на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне цените.

-Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата, не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде 10, некаде 15, некаде и повеќе проценти. Очекувам овој тренд да продолжи и во деновите што следат, изјави Мицкоски.

Ако некој мисли дека не го следиме сето ова, се лаже, вели премиерот.

-Ако ги гледаме профитите што ги остваруваат трговските ланци ќе дојдеме до закулучок дека помеѓу условно кажано најуспешните компании 10, 15, 20, гледаме такви трговски ланци, а конјуктурата на бизнисот не е сменета, не е драматично зголемена потрошувачката ниту пак има некои иновативни методи, туку станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Го следиме тоа на дневна база преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако повторно видиме дека се случуваат несакани појави, рече Мицкоски, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на спортска сала во Радовиш.

Министерот за економија Бесар Дурмиши, на новогодишниот брифинг со медиумите, информираше дека има готова изготвено одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи, веднаш ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка.

Continue Reading

Бизнис

Казни и до 20.000 евра за маркетите кои нема да ги почируваат мерките

Published

on

Имплементирањето на новиот Закон за нефер трговски практики ќе го заштити животниот стандард на граѓаните, ќе го намали форсирањето на странските, на штета на домашните производиа, а истовремено ќе стави ред во односите на производителите и добавувачите, со трговците. Со законот до 10% ќе се ограничат надоместоците за складирање, реклама, маркетинг, персонал, наспроти досегашната пракса која била 20, 30 па можеби повеќе отсто, што индиректно ја зголемувало и малопродажната цена на производите.

„Меѓутоа сега се ограничени и остануват да работат и придонесите не ги надминат процентите од 10% во тековната година, што е добро бидејќи на подолг рок со овој Закон нормално ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите, граѓаните, заштита на животниот стандард, а од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи, во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос, пред се на маркетите“, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Дали Законот за нефер трговски практики, се применува главен контролор ќе биде Комисијата за заштита од конкуренција. Таа ќе може да поведе прекршочна постапка доколку се прекрши било која одредба. Во мониторинг периодот кој беше даден до 1јануари регистрирани се 26трговски нефер практики.

„Имаме различни дојави. Има одредени проблеми околу поврат на роба, во маркетингот, некаде дури се имат појавено и два ценовници. Сето тоа треба да го испита КСК и по Законот за нефер трговски практики да постапи„ изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Во зависност од прекршоците ќе се движат и казните. Глоба за најтежок прекршок ќе изнесува и до 20.000евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Казните за полесните прекршоци ќе зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице

Continue Reading

Бизнис

Бугарија ја зголеми значително минималната плата, но го врати и ДДВ-то што беше пред Ковидот

Published

on

Од денеска минималната плата во Бугарија е 1.077 лева или точно 550 евра, но се враќа данокот на додадена вредност кој беше намален како антикризна мерка во Ковидот.

Минималната плата се зголемува за 14,5 отсто. Одлуката беше донесена од Советот на министри минатата година. Се зголемува и прагот на сиромаштија и сега изнесува 326 евра.

Се враќа и стапката на ДДВ од 20 отсто за леб и ресторани, која беше намалена поради пандемијата „Ковид-19“ и остана така неколку години. Неговото враќање предизвика негодување меѓу производителите на леб и сопствениците на ресторани. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк