Connect with us

Скопје

Дипломираниот директор – детектив, ИМ ГИ СМЕНИЛ СИТЕ БРАВИ на вработените во МКЦ

Уметниците масовно откажуваат настани, но промената на бравите и клучевите во канцелариите на Младинскиот културен центар е главен приоритет за новиот В.Д. директор Никола Алексов. Самошто ја презема функцијата, Алексов решил дека само тој и никој друг нема да отклучува и заклучува дел од просториите во МКЦ. На новиот директор инаку, дипломиран детектив, безбедноста му е многу важна, па тој се интересирал и како функционира обезбедувањето на објектот. Вработените велат дека уште на првиот ден како директор минатата недела, тој веднаш донел ревизори и инспектори да ги „чешлаат“ финансиите на јавната установа.

Во меѓувреме, културата паѓа на последно место. Сите активности како театарски претстави, концерти, прикажување филмови, поетски читања и слично се откажани на неодредено време. Организаторите на овие настани самите се повлекле и ги откажале веќе закажаните термини. Денеска нема да се игра најавената театарска претстава „Кенди“, а под знак прашалник е и одржувањето на 11-то издание на музичкиот фестивал „Земјотрес“ на 4-ти февруари.

Буџетот на МКЦ годинава е скратен за цели 92%. Поднесената Годишна програма за работа не е прифатена, а Програмскиот колегиум не ги знае плановите и идните чекори на в.д. директорот, па никој со сигурност не може да каже кога ќе продолжат и во колкав обем редовните настани од областа на културата.

Дипломираниот детектив Никола Алексов бил примен на работа пред десетина дена на местото на службеник кој набрзо треба да се пензионира во Службата за општи работи. Дел од вработените и јавноста се дигнаа на нозе кога тој експресно стана директор. Антикорупциската комисија веќе најави дека ќе го испита неговото вработување, откако Програмскиот колегиум на МКЦ алармираше дека В.Д. директор може да се избере само од редот на вработените, но не и од оние примени преку Агенција з апривремени вработувања.

Сега, веќе поранешниот директор Ванчо Богоев, се пожали на жестоки притисоци од секретарот на Град Скопје да потпише вработување за музичарот Арбен Шакити како преодна форма за шефовската позиција. Шакири неколку години покажува интерес да застане на чело на МКЦ, а веќе имаше и еден неуспешен обид. Пред неколку години уметниците се кренаа на нозе и обидот пропадна.

И овојпат музичарите се здружија и пред два дена организираа протестен музички собир и потпишување петиција против партиските игри околу МКЦ.

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading

Република

Системот „Безбеден град“ ќе санкционира само сериозни прекршоци, најавува Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски нагласи дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. Според него, целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, потенцираше министерот.

Проектот „Безбеден град“ предвидува користење на современи технолошки решенија, камери и софтвер за следење на сообраќајот, со што ќе се подобри контролата и ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи.

Министерството најави дека имплементацијата ќе оди фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, со цел граѓаните навремено да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг