Connect with us

Забава

Денеска во МКЦ: „Today It’s All About Jazz Vol.5“

Published

on

На огромно задоволство би сакале да ви го најавиме петтото издание на манифестацијата Today It’s All About Jazz Vol.5.Како што знаете, секоја година достојно го одбележуваме Меѓународниот ден на џезот на 30 април, а истото го сторивме и оваа година преку online стримингот на концертот Dzijan Emin & Magical Orchestra – Life in Ohrid.Сепак, со цел да не ви останеме должни со уште еден целодневен џез хепенинг, одржувањето на манифестацијата во живо го закажуваме за 15 мај, сабота, со почеток од 14 часот, пред платото на МКЦ. Манифестацијата ќе се одржи на целосно отворен простор, со почитување на мерките и протоколите за одржување физичка дистанца.На програмата ќе настапат следните џез бендови:– 14ч. промоција на првото издание на ЗЏМ Рекордс, Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid;
– 15ч. Апнеа;
– 16ч. Дина Јашари Бенд;
– 17ч. Bramha Amity Trio;
– 18ч. Квартет Пролет;
– 19ч. Гордан Спасовски Трио – концертна промоција на албумот;
– 20ч. Pangea: Free the world .Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid, e првенче на ЗЏМ Рекордс, и претставува албум снимен во живо на концертот одржан во Антички театар, 2019 година. Магичниот оркестар кој изведува авторски композиции на матичниот диригент на ЗЏМ Биг Бендот, оркестратор, композитор и мултиинструменталист Џијан Емин, е составен од членови на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот и гудачи од Македонската Филхармонија.Апнеа е македонски бенд основан во 2019 година, составен од гитаристот/вокалист Бојан Петков – Шамба, басистката Андреа Мирческа, тапанарот – Славчо Коцев и гитаристот Марко Лазороски. Нивната музика се состои од вокално – инструментална и инструментална музика компонирана од Бојан Петков. Звукот на овој бенд може да се каже дека е фузија од повеќе жанрови од кои како најкарактеристични би ги издвоиоле џезот, експериментална и поп музика. Дел од инструменталната музика може да се најде на албумите „A New Dream“ и „Third Cave“. Од нивното основање имаат настапувано на неколку фестивали и тоа „Култиватор“ и „Акто Фестивал“, самостоен концерт во BKW и лајвстрим концерт по повод влегувањето на МКЦ во Liveeurope.Дина Јашари студира соло пеење на ФМУ во Скопје, во смерот џез и популарни жанрови. Надвор од факултетот, нејзина главна окупација е создавање авторска музика на македонски јазик, последна издадена песна е Бои. Жанровски нејзината музиката може да се смести во поп, додека на настапите во живо со бенд, аранжманите на песните имаат примеси на џез и соул.Bramha Amity Trio е современа џез група формирана во април 2019 година од страна на Александар Ванчовски заедно со Филип Димишковски и Мартин Јосифовски во Скопје, Македонија. Нивниот деби-албум „Painting“ беше снимен истиот месец и беше објавен неколку месеци подоцна. По албумот групата го издаде и својот прв сингл, во кој гостува извонредниот вокал и прекрасен артист Калина Велковска. Првиот нивен јавен настап се одржа во „Public Room“ (Скопје) во рамките на „Jazz Fortnight Fest“. Продолжувајќи го своето патување, тие ја презентираа својата музика во клубови како „Old School“ (Скопје, Македонија) но и надвор од државата во Клубот „Труба“ (Ниш, Србија) и „Jazz & Blues Festival“ (Шабац, Србија). По повеќе од една година на трансформација, креација и реинвенција бендот го напиша, состави, снимаше и го продуцираше својот деби албум. Албумот го продуцираше Горан Гешовски кој сега е и официјално објавен, а бендот конечно е уверен дека го има реализирано материјалот што сакаа да го створат. На овој проект им се приклучува и Никола Бочваров бас и Петар Лукиќ на пијано. Во 2020, во март месец, го издаваат нивниот прв сингл “Amity” испродуциран од страна на Нино Спиркоски, во малку проширен состав: Калина Велковска, Кирил Кузманов, Иван Петровски, што е најава за наредниот албум кој е во подготовка.З а прв пат под името “Bramha Amity Trio” настапуваат на “Jazz Factory Festival 2020”.Квартет Пролет е името под кое ќе настапат четворица добро познати македонски џез музичари: Иван Иванов – саксофон, Зоран Костадиновски – гитара, Дарко Мучев – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани. Тие ќе изведат авторски композиции на Иванов и Костадиновски.Покрај промоцијата на албумот на Џијан Емин и неговиот Магичен Оркестар, на платото пред МКЦ своја премиера ќе доживее и првиот авторски албум на македонскиот џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски, насловен “Light Pillar,” под издаваштво на издавачката куќа ЗЏМ Рекордс. Ова е второ издание на ЗЏМ Рекорд во кое пијанистот Гордан Спасовски е придружуван од контрабасистот Кирил Туфекчиевски и тапанарот Виктор Филиповски. Албумот ќе има своја концертна промоција при што ќе бидат изведени оригинални композиции и аранжмани на Гордан Спасовски, создадени во текот на последните неколку години. Гордан зад себе има бројни настапи на некои од најзначајните европски џез фестивали како што се: Belgrade Jazz Festival, Trieste Loves Jazz – International Jazz Festival, Venezia Jazz Festival, Brasov International Jazz Festival, Skopje Jazz Festival, како и голем број концерти во некои од престижните европски џез клубови како што се: Jazzclub Unterfahrt München, B-flat Jazzclub – Berlin, Blue Note – Osnabrück итн. Има настапувано со следниве значаји музички имиња: Randy Brecker, Sheila Jordan, Don Menza, Владимир Николов, Мартин Ѓаконовски, Џон Илија Апелгрен како и со: Биг Бендот на ЗЏМ, The Backyard Jazz Orchestra, Cuckoo Rack, Гоце Стевковски – Септет, Џијан Емин и Магичниот оркестар, Македонската Филхармонија итн.Free the world e проект на словенскиот гитарист Игор Безгет, истакнат артист во областа на импровизираната, џез и етно музика, во соработка со етаблираниот македонски тапанар Михаил Парушев, придружувани од Дамир Имери (пијано) и Иван Бејков (бас), заедно соработувајќи под името Pangea. Како што сугерира името, нивната музика доаѓа од комбинација на различни музички начини на изразување. Почнувајќи со основите на џезот или џез рокот, нивната музика комбинира различни музички влијанија со кои музичарите се соочиле во нивните животи. Во оргиналниот состав на Pangea, покрај Игор Безгет и Михаил Парушев, членуваат Марко Црнчец и Тадеј Кампл, чија плодна соработка започнува по снимањето на првиот албум на Биг Бендот Игор Безгет, наречен Пангеа. Оттогаш тие редовно соработуваат, и како трио и квартет имаат снимено неколку албуми заедно.

Забава

КЛУЧНИ СЕ ВИКЕНДИТЕ – Бред Пит откри „тајна“ за младешкиот изглед 

Published

on

Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните актери, а сега ја откри тајната на својот изглед на прагот на седмата деценија од животот.

Веќе подолго време се шпекулира дека холивудскиот заводник решил да оди „под нож“, што се уште не го потврдил, но инсистира дека за неговиот младешки изглед е заслужен само здравиот начин на живот.

„Тајната на убавината? Хм, вие живеете здраво во работните денови, а потоа за време на викендот „грешите како луд“. Избирам пица“, одговори Бред Пит на прашањето за тајната на неговата младост.

Continue Reading

Вицотека

Божиновски повторно го зеза Заев

Published

on

Божиновски на шега појасни како би изгледало кога бившиот премиер Заев би честитал 11 Октомври на англиски јазик. 

Continue Reading

Вицотека

Административец работел во две смени (ВИЦ)

Published

on

Разговараат двајца вработени во јавна администрација:
– Замисли си, вчера работев две смени.
– Зошто???
– Случајно сум задремал, а никој од колегите не ме разбудил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк