Connect with us

Бизнис

ЕСМ: Од мрежа исклучен Блок 3 во РЕК Битола, а во тек се операции за вклучување на Блок 2

Published

on

Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата, велат од ЕСМ.

„Согласно овие синхронизирани активности, утрово од мрежа беше исклучен Блок 3, а во тек се операции  за вклучување на Блок 2. Се очекува постројката да биде синхронизирана со македонската електроенергетска мрежа околу 15 часот.

Според годишниот план за производство на АД ЕСМ, предвидено е во овој период, РЕК Битола да работи со еден блок, додека се во тек процесите за консолидација на комбинатот и нормализација на состојбите во рудникот Суводол, за кои ја информиравме јавноста во текот на минатата недела.“, стои во соопштението на ЕСМ.

Бизнис

НОВА ЏАМБО ПРИКАЗНА НА ЈУГОТ – Во 2025 доаѓа Гевгелија Мол со најголемото Џамбо во Македонија, мол од 10.000 м2 на 4 нивоа, фришоп од 1.000 м2 и бројни познати брендови за сите генерации

Published

on

Големите „џамбо“ приказни вредат да се создадат, споделат, развијат, уживаат

Гевгелија, 16.10.2024 – Модерните метрополи не можат да се замислат без квалитетно шопинг искуство, преточено во практична форма со ударна локација на локалците па и туристите во државата. Во Македонија град со најмногу молови е Скопје, но и останатите помали градови полека, или веќе со забрзано темпо, бележат развој во секторот, којшто придонесува и за подобрување на економскиот развој во соодветните реони, како и за продлабочена и проширена соработка во повеќе градови со бројни препознатливи светски, регионални и локални брендови од различни индустрии.

Југот во државата има огромен потенцијал за нови шопинг искуства, а воедно и потреба за развивање на една нова мол приказна. Најударната јужна точка во државата, која е пресвртница и за македонскиот народ, но и за сите туристи кои поминуваат низ државата најчесто преку граничниот премин Богородица, за влез и излез во земјава, е Гевгелија и гевгелискиот регион.

Со најава за нешто уникатно и модерно и официјално се најавува отворањето на една нова „џамбо“ приказна на југот – ГЕВГЕЛИЈА МОЛ (Gevgelija Mall), со која покрај другото ќе ги отвори вратите на најголемото Џамбо (Jumbo) во Македонија, во склоп на молот, распространето на 3.500 м2.

Од сопственичката структура најавуваат дека отворањето е проектирано да се реализира идното лето во 2025 година, а сите детали секако ќе бидат споделени со јавноста дополнително.

„Развојот на југот е неизоставен дел од економскиот раст во Македонија и секој модерен претприемач треба да е свесен за истото доколку цели кон успеси кои можат да се носат со модерното темпо на една нова бизнис приказна. Визијата за креирање нешто уникатно, големо и модерно и вон главниот град беше една од главните причини за создавањето на новата мол приказна во гевгелискиот регион насловена како Гевгелија Мол. Нестрпливи сме за помалку од една година и на македонската јавност, како и на сите туристи во државата да го претставиме Гевгелија Мол, којшто ќе биде распространет на четири нивоа во склоп на 10.000 м2, во склоп на којшто ќе биде вклопен и фришоп од околу 1.000 м2. Оваа нова мол приказна само што започнува, а ветува многу и за посетителите како и за сите идни закупци во склоп на Гевгелија Мол,“ изјави Марјан Николовски, сопственик на Монополист Инвест од Гевгелија, која како компанија воедно е единствен самостоен инвеститор на овој проект.

Насмевките дефинитивно ќе бидат неизбежни следното лето во Гевгелија Мол којшто ќе биде лоциран во близина на Скај Хотел во Гевгелија во непосредна близина на граничниот премин Богородица на самиот автопат.

За сите новости следете го Гевгелија Мол на социјалните мрежи: 

Instagram: https://www.instagram.com/gevgelijamall

Facebook page: https://www.facebook.com/GevgelijaMall

LinkedIn:https://www.linkedin.com/company/gevgelija-mall

YouTube: https://www.youtube.com/@GevgelijaMall

Continue Reading

Бизнис

Нема да има дополнителен час во евтината тарифа преку ден

Published

on

До крајот на годината нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електричната енергија за домаќинствата, ова го соопшти денес претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Иако во јавноста долго време се зборуваше за воведување на уште еден час од 13.00 до 16.00 часот наместо да биде како до сега до 15 часот, Бислимовки вели дека ако се направи тоа тогаш ќе треба да се скратат 2 часа од евтината тарифа навечер.

„Анализите покажаа дека цените на берзата се евтини во периодот од 12.00 до 16.00 часот и може да се воведат дури четири часа евтина попладневна тарифа, наместо два како досега, но проблемот е во тоа што ноќните цени на берзата сега се многу високи и ќе треба да ја укинеме евтината струја од 22.00 до 00.00 часот, а луѓето веќе имаат стекнато свои навики и не сакаме да предизвикаме револт“, рече Бислимовски.

Овој статус ќе остане до крајот на годината, а понатаму повторно ќе се разговара со ЕСМ и со ЕВН, најави првиот човек на РКЕ.

Continue Reading

Бизнис

Раст на туризмот во август 2024 година – најмногу туристи од Турција, Србија и Романија

Published

on

Туризмот во Македонија бележи значителен пораст во август 2024 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на туристи достигна 232.576, што претставува зголемување од 7,2% во споредба со истиот месец минатата година 🔺. Од овој број, 51,4% се странски туристи, а 48,6% домашни.

Најголем број туристи од Турција и Србија

🔹 Најмногу странски туристи во Македонија традиционално доаѓаат од Турција, која со 50.227 туристи е на прво место. Веднаш зад неа е Србија, со 9.898 туристи, што ја прави вториот најголем извор на странски посетители.

Значителен раст на туристите од Романија

Интересен податок е дека во август бројот на туристите од Романија достигнал 5.996, што ја поставува на третото место меѓу земјите од кои доаѓаат најмногу посетители ⚠️. Овој пораст е особено забележителен бидејќи Романија покажува стабилен раст во текот на целата година.

Пораст и кај другите земји

Покрај Турција, Србија и Романија, високи бројки на туристи се регистрирани и од Холандија со 4.997Полска со 4.667 и Германија со 4.537 туристи🔹 Други земји кои придонеле за пораст на туризмот се Грција (2.851), Бугарија(1.960), Албанија (1.311), Косово (1.305) и Италија (2.031).

Забележителен пораст на ноќевањата

Со растот на бројот на туристите, ноќевањата во август 2024 година исто така бележат пораст од 3,9%, достигнувајќи 911.478 🔺. Овој тренд укажува на зголемена заинтересираност на туристите за подолг престој во земјата, што позитивно влијае на туристичката индустрија.

Туристи од САД, Шпанија и Хрватска

Значителен број туристи во август пристигнале и од подалечни земји како САД со 2.572 туристи, како и од европските држави Шпанија (1.773) и Хрватска (2.342).

Туризмот во Македонија во август 2024 година покажува значителен пораст, со странски посетители кои доминираат во вкупниот број на туристи ⚠️. Турција и Србија остануваат на врвот на листата, но растот на туристите од Романија е важен показател за нови трендови во туристичките движења.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк