Connect with us

Инфо +

Вечерва на небото ќе се појави „Божиќната ѕвезда”

Published

on

Големата конјукција на Јупитер и Сатурн ќе се случи вечерва. Оваа конјукција не е голема само зато што станува збор за двата гасивити џинови, туку поради тоа што ваков настан ретко се случува пишува “Space.com”. Оваа појава уште се нарекува и “Божиќна ѕвезда” или “Божиќен бакнеж”.

Овие две планети веќе неколку месеци се следат на небото, односно Сатурн ја следи Јупитер. Јупитер е значително посјајна планета од Сатурн, а денес толку многу ќе се приближат, што ќе можат да се видат во истото видно поле на двогледот.

Последната ваква голема конјукција на најголемите планети во Сончевиот систем се случила во 1623 година. Планетите тогаш биле видливи со телескопот на Галилеј. Планетите биле видливи ниско на небото по зајдувањето на Сонцето, па веројатно сончевата светлина била пречка. Слично ќе биде и оваа година, но ние ќе имаме неколку минути повеќе за следење.

Во живо можете да ја проследите оваа појава на следниов линк:


Балкан

Точеле помалку гориво кое дополнително го продавале: Разбиени криминална група за измами со гориво на бензински пумпи

Published

on

Грчката полиција разбила две криминални групи во Солун и Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а според медиумите во Грција, уапсени се над 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за телевизијата „Опен“ рече дека во предметите за двете криминални организации во Солун и Атина вклучени се над 55 лица и објасни дека на бензиските пумпи бил инсталиран специјален софтвер со чија помош за време на точењето гориво запирало мерењето со што потрошувачот добивал помала количина бензин, а плаќал регуларно, додека останато гориво било продавано „на црно“.

Зад конкретниот софтвер стојат две компании, одговорните се веќе уапсени, а било откриено дека оваа програма била инсталирана на над 50 бензински пумпи во цела Грција.

Според грчките медиуми, во рамките на акцијата биле извршени проверки на бензински пумпи и магацини во Атина, Солун, Александруполи и Лариса, а запленети биле над 100.000 евра.

Continue Reading

Европа

Основачот на „The Pirate Bay“ загинал во авионска несреќа во Словенија

Published

on

Станува збор за познатиот шведски бизнисмен и политичар Карл Лундструм (65), кој во својата татковина важеше за „легенда“.

Шведскиот државјанин кој во понеделникот загина во авионска несреќа кај Велика Планина е бизнисменот и поранешен политичар Карл Улф Стур Лундстром, познат во светот како основач на The Pirate Bay, сајт кој долги години е еден од најпопуларните пиратски сајтови во светот.

Информацијата вчера ја објави шведскиот весник Експресен, а веста на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, ја потврди и екстремно десничарската политичка партија Алтернатива за Шведска. Лундстром се кандидираше на листата на оваа партија на изборите за Генералниот синод на црквата на Шведска во 2021 година.

Лундстром (роден 1960 г.) беше член на едно од најбогатите шведски семејства, во чија сопственост е компанијата Васаброд, најголемиот шведски производител на крцкави лебови.

Во 1982 година го купил швајцарскиот фармацевтски гигант Сандоз. Лундстром парите ги вложил во нови деловни проекти и политички активности.

За потсетување, малиот авион Mooney Ovation M20R исчезна во областа Велика Планина во понеделникот околу 9 часот по полетувањето од близина на Загреб.

Се верува дека почнал да паѓа од височина од 2,5 километри. Спасувачите пронашле делови од леталото што се урнало во колиба нешто по 12:30 часот.

Како што јави репортерот на 24ur.com од местото на настанот, делови од авионот со големина од неколку сантиметри, дрвени остатоци и остатоци од колибата биле расфрлани во радиус од 50 метри. Полициски хеликоптер ја прелетал областа каде што се наоѓаат остатоците од авионот.

Пожарникарите од Противпожарната служба Камнишка Бистрица соопштија дека колибата во која удрил авионот е преполовена, а внатре биле пронајдени крилото и тркалото на авионот.

Вчера медиумите објавија дека е пронајдено тело, а подоцна било потврдено дека се работи за шведскиот бизнисмен.

Continue Reading

Европа

ЕВРОПЈАНИТЕ ТРЕБА ДА ОДАТ ВО ВОЈСКА, но малкумина млади од нив се согласни со тоа

Published

on

Европа се милитаризира, воената индустрија станува најважна додека цивилната е во криза. Постојаното повторување дека Русија со 140 милиони жители сака да ја освои Европа кој има над 380 милиони жители создава клима на страв а во таа атмосфера многу идеи за понатамошна милитаризација стасуваат до јавноста. 

Војните од секогш биле пред се економска категорија во кои едни, повласстени и малубројни, профитираат а мнозинството тоа го плаќа на најбрутален начин. И политиката на оние кои носат одлуки, кога таа е воено настроена, се повикува на намалување на основните граѓански права, контрола врз информациите, економијата и слободата на говор н граѓаните.

Претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс денеска изјави дека европските земји мора да воведат задолжителен воен рок, како и да ги зголемат трошоците за одбрана.

„Европските земји апсолутно мора да воведат задолжителен воен рок. Европа во воена смисла е прилично слаба“, рече Ринкевич во интервју за Скај њуз.

Како што наведе, европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана, имајќи ги предвид „подемите и падовите“ во односите со САД. Летонија воведе задолжителен воен рок за мажи во 2023 година.

За оваа година одреди буџет за одбрана од 1,55 милијарди евра, што е 3,45 отсто од бруто домашниот производ.

„Гледајќи што се случува во светот, донесовме одлука што треба да ја следат и многу други европски земји“, оцени Ринкевичс.

Според него, САД се во право што бараат да се распределат повеќе средства за одбрана меѓу земјите-членки на НАТО.

„Јасно ни е дека немаме воени капацитети, но исто така ни е јасно дека треба да ги надградиме.

Мојот предлог е дека треба да се концентрираме на нашата задача да ги зголемиме трошоците за одбрана, иако забележуваме разлики со САД во однос на пристапот кон Украина“, рече летонскиот претседател.

Задолжителниот воен рок, во различни форми, моментално се практикува во девет од 27 држави во Европската унија: Кипар, Грција, Австрија, Литванија, Латвија, Естонија, Финска, Шведска и Данска. Најголем број од оние со задолжителен воен рок има во северна Европа, меѓу земјите кои граничат или се во непосредна близина на Русија. 

По долги дискусии, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на својата партиска конвенција претходно оваа недела гласаше да се заложи за постепено враќање на задолжителната воена служба во Германија. 

Доколу успеат тоа да го спроведат, младите повторно би морале да се приклучат на војската одреден временски период или да го служат тој мандат во државна служба. Таа обврска беше укината во 2011. „Постепено ќе ја укинеме суспензијата на воениот рок и ќе ја претвориме задолжителната воена служба во задолжителна година на општествено корисна работа“, се наведува во резолуцијата на ЦДУ.

Анкетата на државниот медиум Дојче веле (ДВ) покажува дека 52 отсто од Германците го поддржуваат задолжителниот рок, додека 32 отсто се против. Меѓутоа, колку се постари испитаниците, толку пожестоки се во поддршката на воената служба. 

Кај младите нема мнозинска потврда за задолжително служење воен рок.

Младите на улиците на Берлин во анкета на ДВ даваат различни одговори: „Мислам дека секој треба да стане војник од 18 години па наваму, бидејќи во моментов имаме многу малку војници овде“, вели еден млад човек.

Друг вели дека е лудо луѓето да се приклучуваат на војската за подоцна да се убиваат меѓусебно во војни организирани од некој од удобноста на канцеларијата. „Можеби треба повторно да воведеме лични дуели? „Нека (оние во канцелариите) се убиваат, а останатите луѓе нека живеат слободно“, вели тој за ДВ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк