Connect with us

Инфо +

Учениците ќе да изберат што да учат фотографија, драма, јога, планинарење, готвење…

Published

on

Секој ученик ќе добива посебни оценки по биологија, физика и по хемија, а наставниците на крај ќе треба договорат една конечна оценка за да го оценат по предметот природни науки, велат креаторите на концепцијата

Министерката за образование и наука Мила Царовска и членовите на работната група која ја прави новата концепција за основно образование денеска го презентираа новиот концепт на основно образование, кој е предвидено да влезе во системот од следната учебна година.

Во тимот се и универзитетски професори, меѓу кои проф. д-р Кирил Барбареев од штипскиот универзитет и проф. д-р Виолета Петровска-Бешка од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На презентацијата беше кажано дека во наставата ќе има осум задолжителни предмети.



– Во едната група предмети ќе спаѓаат мајчин јазик, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик. Во природни науки ќе има содржини кои досега спаѓаа во биологија, физика, хемија.

Општествени науки ќе опфаќа содржини кои традиционално досега припаѓаа на граѓанско образование, религии, етика, историја и на други хуманистичко-општествени дисциплини.

Во другата група предмети спаѓаат предмети кои го покриваат уметничкото образование, од кои дел се ликовно и музичко. Освен тоа, тука е предметот физичко-здравствено образование, како и техничко-технолошко и информатичко образование – рече Петровска-Бешка.

Повеќе:

https://www.fakulteti.mk/mobile/news/23122020/uchenicite-kje-mozhat-da-izberat-da-uchat-fotografija-drama-joga-planinarenje-gotvenje

Балкан

Фолк-пејачка од Ќустендил ја крена Бугарија на нозе – „Јас сум Македонка!“

Published

on

Василија Петрова, фолк-пејачка од Ќустендил што гради музичка кариера во Македонија, предизвика вознемиреност во Бугарија со своето идентификување како Македонка.

„Наша пејачка, учесничка во ‘Гласот на Бугарија’, се изјасни како Македонка, пее за радикална партија“, е насловот на напис за Петрова на бугарската вебстраницата „Сигнал“, во кој „бабарогата“ е ВМРО-ДПМНЕ.

„Бугарската фолкерка и учесничка во ‘Гласот на Бугарија’, Василија Петрова, се одрече од потеклото и се изјасни како Македонка. Уметничката сè повеќе време поминува кај нашиот западен сосед, каде настапува како артист од крајно радикалната ВМРО. Партијата е позната по тоа што е против вклучување на Бугарите во Уставот на земјата.

Василиа дури и го смени пишувањето на своето име на сите социјални мрежи со Василија.

Пошироката македонска јавност ја запозна Петрова преку нејзиниот настап во емисијата „Мерак меана“ на Сител ТВ и впечатливата интерпретација на хитот „Со Господ напред“ на Војо Стојановски, со кој ја освои првата награда од публиката на фестивалот на македонската патриотска песна „Гоце фест 2004“, пренесува expres.mk

Continue Reading

Балкан

По пет дена потрага уапсен мажот, осомничен за убиството на својата сопруга и дете во Босна и Херцеговина

Published

on

38-годишниот Емир Селимовиќ, осомничен за убиство на сопругата и синот во Калесија, уапсен е во близина на Тузла во Босна и Херцеговина, по петдневна потрага.

Припадниците на МВР на Република Српска го пронашле во селото Горња Мравица кај Прњавор, каде во четвртокот било откриено и неговото возило. Според неофицијални информации, Селимовиќ бил забележан од мештаните и веднаш ја известил полицијата, по што набрзо бил уапсен.

Телата на неговата сопруга Инела Селимовиќ (37) и нивниот тринаесетгодишен син беа пронајдени на 12 февруари во нивниот заеднички стан во Калесија. Се верува дека Емир Селимовиќ ги задавил.

По убиството, Селимовиќ побегнал со автомобил „шкода фабија“. Автомобилот подоцна бил пронајден во селото Горња Мравица кај Прњавор, но осомничениот се уште бил во бегство. Според извештаите, Селимовиќ бил виден на камерите во Челинац кај Бања Лука за време на неговото бегство.

По опсежна потрага бил лоциран и уапсен во село Горња Мравица.

Continue Reading

Балкан

МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Долна Горица

Published

on

Советникот во Советот на Општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, денеска им распредели подароци и книги на македонски јазик на децата од градинките и учениците од Деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, која ги опфаќа четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец.

Според Јанкула „даровите за најмалите и поддршката за македонскиот јазик во Општина Пустец“ обезбедени се во рамки на успешната соработка на МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје.

Децата се израдуваа на подароците и на книгите на македонски јазик. За нив ова не е само обичен подарок, туку поттик да го негуваат својот мајчин јазик, да читаат, учат и да се гордеат со својата македонска култура и традиција, додава тој.

Јанкула посоува дека Македонци во Албанија, нивна должност е да ја зачуваат својата писменост, а со вакви акции покажуваат дека македонскиот јазик има своја иднина и меѓу младите генерации во Мала Преспа и пошироко.

Продолжуваме со вакви иницијативи, затоа што секоја книга, секој збор на македонски значи многу за нашиот идентитет, вели Јордан Јанкула.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк