All posts by Уредник

ВЕЧНА СЛАВА: 18 години од смртта на легендарниот актер Ѓорѓи Колозов

Пред 18 години, на 13 октомври во 2003 година во Скопје почина Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите актери во Македонија.

Дипломирал на тогашната Академија за драмска уметност, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.

По дипломирањето, тој е во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други.

Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

При Драмата на Македонскиот народен театар остварил позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Настапил во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

Се празнува Свети Григориј Просветителот кој 14 години ги помина во јама

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата.

По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути многу и почна да го советува да се одрече од верата Христова и да им се поклони на идолите.

Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки за така да го убие. Но, Бог го сочува жив светиот Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија.

Откако ги уби сите во страшни маки, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра, пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат, Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова.

Својот многутруден живот свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година. На неговото место беше посветен за епископ неговиот син Аростан, којшто го продолжи делото на татко му. Аростан беше еден од 318 отци на I Вселенски Собор

„Сите мислат дека сум со него само за пари и премногу сум убава за да работам“ (ФОТО)

Можеби звучи како клише, но да, возраста е само бројка, а оваа Американка, која својата слава ја стекна со споделување видеа со своето 33 години постаро момче, го докажува тоа.

Никол Даунс (21) од Мичиген е со своето постаро момче повеќе од три години. Во нејзините видеа на TikTok, таа често објавува какви работи ѝ купува Мајкл (54) откако биле заедно.

Така се фали со дизајнерски чанти од модната марка Луј Витон, потоа плакар полн со облека и слично.

Покрај тоа, Мајкл платил за сите нејзини процедури за пластична хирургија, како што е ботокс, филери за усни, а неодамна платил и за бразилско кревање задник.

Нивната врска беше објавена во јавноста од Даунс во август 2020 година на нивниот профил на социјалните медиуми.

– Уште кога се запознавме, бевме неразделни. Не го објавив порано поради нашата разлика во годините, а потоа не сакав да се справам со негативноста на другите луѓе, но тогаш сфатив дека ова е мојот живот и дека го правам она што ме прави среќна“, рече Даунс.

За жал, таа добила негативни коментари и омраза од другите на нејзините социјални профили, а многумина тврдеа дека била со него само поради парите.

Оттогаш, Даунс објавува хумористични видеа како одговор на негативните коментари кои го молат Мајкл за пари.

Во една, таа призна дека „го користела за пари“ и дека била „премногу убава за да работи“.

Почивај во мир Јулија Портјанко, на Скопје му остави сѐ!

Статус на денот:

Твитер за Маленко: Тој сам има повеќе склучени бракови, отколку цело Пехчево

Најдобриот пливач на кратки патеки во историјата на Макееонија и актуелен претседател на Пливачката федерација се ожени по петти пат. Веста беше актуелна денес во медиумите, но и на социјалните мрежи. 

Ова се најинтересните твитови на оваа тема: 

https://twitter.com/kurka_32/status/1447930562723844104?t=pzaBP4pLm_bp3ibdPgjhrw&s=19

Шекеринска остана без снабдувач со струја

Министерството за одбрана и Народната Банка се две од повеќе институции кои во изминатиов период останале без снабдувач со електрична енергија. И во двата случаи, фирмите што ги избрале на тендер за годишно снабдување, им го раскинале договорот, објави 360 Степени.

Со тоа Македонија е првата членка на НАТО чие министерство за одбрана остана без снабдувач со струја.

Според информациите снабдувач на Одбрана била фирмата Енерџи Активе од Скопје, фирма која, патем, во последниве 12 месеци има над 100 договори со државни институции за продажба на струја.

„Енерџи Активе … побара зголемување на цената што беше одбиено од страна на Министерството за одбрана како спротивно на законот и потпишаниот Договор. Веднаш потоа не информираа дека ќе престанат да испорачуваат електрична енергија и го раскинаа договорот почнувајќи од 1.9.2021 година“, одговориле од Министерството за одбрана за 360.

Снабдувач со електрична енергија на Народната банка била домашната „У Повер“. Компанијата, во последнава година, има најмалку 20 договори за јавни набавки со државни институции.

Еден од двајцата газди е Арианит Џафери, инаку син на екс вицепремиерот од редовите на ДУИ, Муса Џафери. Арианит минатата недела физички го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, бидејќи започна постапка за евентуално одземање на лиценцата.

Извор

Албанkа осомничена за убиcтвo во обид од 2016 година приведена во Делчево

На 11.10.2021 во 02.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Р.Албанија, а со место на живеење во с.Тработивиште, Делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година, соопшти МВР.

Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Како ќе се живее: Драстично пocкапување на струјата, pecтрикции и можен колaпc на енергетскиот систем?

Цените на гасот во ЕУ, се на рекордно високо ниво, Велика Британија, и покрај сопственото производство има недостаток на гас, САД стравуваат од зголемување на цените, Индија има јаглен само за следните 3 дена, фабриките во Кина работат пар-непар, Албанија прогласи вонредна состојба. Енергетска криза има, а единствено македонската владата само ја следи состојбата и ќе интервенирала таму каде што ќе било потребно. Премиерот Зоран Заев по минатонеделните смирувачки пораки, сега признава дека земјава ќе се соочи со енергетска криза, но без стратегија како ќе ја поминеме зимата, кога потрошувачката на струја се зголемува.

Енергетска криза има, цените се високи, но владата будно ја следи состојбата и ќе интервенира таму каде што ќе биде потребно, изјави премиерот Заев прашан дали државата е подготвена да го ублажи ударот од енергетската криза и растот на цените на основните прехрамбени продукти.

Премиерот вели ќе се следи состојбата следните две три недели, по што ќе се донесат мерки. Но не откри какви ниту колку пари има на располагање во буџетот за да се ублажи ударот и за компаниите и за ранливите категории граѓани.

До крајот на годината нема да има поскапување на цената на струјата за домаќинствата, велат од Владата, но што потоа не знаат. Премиерот се стави во редот на многу поголеми политички фигури од него, кои , како што вели – немале одговор на ова прашање.

Премиерот претходно наведе дека владини и надворешни експерти веќе размислуваат за сите нови начини за надминување на енергетската криза, ако се знае дека по Нова Година, според договорот со универзалниот снабдувач, ќе треба да има нови цени за електричната енергија.

ФОТО: Александар Маленко се ожени по петти пат

Нашиот најдобар пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација се ожени по петти пат, а фотографии од регистрацијата сподели на Инстаграм.

Маленко зад себе има 4 брака и 5 деца.

Негова нова избраничка е инструкторката за пливање Метка Спаравец од Словенија.

„По 26 години си кажавме да“, напиша Маленко.

Македонците во Бугарија бараат Софија да престане со негирање и асимилација

Преку декларација издадена од здруженијата на годишнината од Кресненското востание, се бара и официјална Софија да прекине со политиката на дискриминација, асимилација и негирање на Македонците.

„Ја осудуваме политиката водена од Република Бугарија против Република Македонија, поставувањето на иритирачки услови пред нејзиното членство во ЕУ, а имено да се откаже од идентитетот на македонската нација, јазикот, историјата и да се одрече од македонското малцинство во Бугарија“, се наведува во Декларација на македонски здруженија во Бугарија.

Стојко Стојков од ОМО Илинден – Пирин вели дека на ваков чекор се решиле бидејќи според нив ситуацијата меѓу двете држави се влошува. На бугарските барања вели дека треба да се возврати со реципроцитет. Не очекува искрени намери од Бугарија, се додека Софија не спроведе вистински попис во кој би имало и графа Македонци.

-Прашан за декларацијата на македонските здруженија пак, премиерот Заев вели дека според него, не е европски и не е принципиелно за земјава да се меша во внатрешните работи на соседна земја. Уставот на земјава како што посочи тој и договорот за добрососедство е јасен во делот немешање во внатрешните работи на други земји.-Стојко Стојков – ОМО Илинден – Пирин .

Барањето Македонија да се откаже македонско малцинство во Бугарија е една од точките 5+1 кои беа наведени по самитот во Словенија, на кој на маса беше и деблокадата на македонските евроинтеграции.