Category Archives: Истражување

Млекото, лебот и кашкавалот во Германија се поевтини од Македонија

Цените на основните продукти во Германија се поевтини од Македонија, објави „Република“.

Лебот во Германија може да се купи по цена од едно до 1,3 евра, додека кашкавалот се продава за осум евра по килограм.

Брашното чини околу пет евра за пет килограми, додека единствено нешто што е поскапо е зејтинот, кој чини од три до четири евра.

До крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти во Македонија, најавуваат мелничарите.

Причини за поскапувањето, велат, се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата.

Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар зашто само така, нагласуваат, би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението.

Како што изјави за МИА претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ, од огромна корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто и онака 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови.

– Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена, истакнува Малишиќ.

Според него, огромен проблем во моментов е и цената на струјата.

– Цената на електричната енергија за август 2022 на отворениот пазар изнесуваше 32 денара по киловат час што за компаниите е 500 отсто зголемен трошок во однос на лани. Сите овие зголемувања ќе придонесат за зголемување на цената на лебот или за неминовно затворање на индустриските капацитети. Тоа значи дека, не само за мелничко-пекарската индустрија, туку за целата индустрија – без помош или интервенција на Владата во цената на електричната енергија, неминивно е тотално намалување на производството до можен минимум или затворање на капацитетите, нагласува Маличиќ.

Тој додава и дека залихите на пченица кај приватните субјекти, силоси и мелници се на историски најмал минимум, што од намалената домашна жетва во 2022, што од неможноста на мелниците да набават пченица од увоз поради високата цена. Дополнително, проблем се и оперативните средства за набавка на лебно жито кои не се подржани ниту од комерцијалните банки, ниту од Владата.

– Во оваа ситуација Владата најмногу требаше да помогне. Сепак, за да нема катастрофални последици, минатата недела се одржа состанок на Мелничко-пекарската групација од кој се испратија неколку барања до Владата и ресорните министерства. Најважното барање е како една од општествено најважните индустрии за прехрана на населението или индустрии кои обезбедуваат домашно брашно, леб и печива, да биде субвенционирана во цената на електричната енергија или додадена во регулираниот пазар со цел, во двете опции, цената на струјата да не биде повеќе од шест денари по киловат час. Така би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението, објаснува Малишиќ.

Засега одговор од Владата на барањето на мелничарите нема. Тие иднава недела очекуваат средба на повисоко ниво, меѓу Комората и ресорните министерства, за изнаоѓање соодветни решенија.

Истражувања потврдија: Стариот дел на Охрид бил остров, Охридското Езеро пошироко

 Стариот дел на Охрид или антички Линхидос бил остров во периодот од доцното бронзено време до доаѓањето на Римјаните. Тоа го покажуваат геолошките и археолошките истражувања направени во рамки на петгодишниот проект „Погранични студии, истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничниот регион на Античка Македонија“.

Проектот го реализираа Археолошкиот музеј на Македонија и Институтот за класични студии од Карловиот универзитет од Прага, во партнерство со Германскиот археолошки институт, Геолошкиот институт од Прага и Универзитетот од Јужна Бохемија од Чешка, како и Заводот за заштита на културно наледство и музеј од Охрид.

Раководителот на проектот Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј на Македонија во разговор за МИА појаснува дека со геолошките испитувања во рамнината, односно делот каде што се наоѓа денешниот модерен Охрид, откриле езерски седименти, со што докажале дека тој дел бил поплавен.

 И тоа не е случајно. Кога подоцна размисливме каде се сконцентрирани најголем дел од археолошките остатоци од доцното бронзено време до доаѓањето на римјаните, заклучивме дека тоа е на просторот од стариот дел на Охрид. Населбите и некрополите од античкиот период се наоѓаат баш на тој простор, бидејќи низината била поплавена, односно била дел од езерото. Согласно тоа, заклучивме дека населбите треба да ги бараме на првиот ред ридови во заднината на рамницата каде ги вршевме и ископувањата на локалитетите, истакна Арџанлиев.

Охридско-струшкиот регион имал бурно климатско минато

Во рамки на археолошките истражувања, додава Арџанлиев, годинава акцентот бил ставен на три локалитети во околината на Охрид: „Петкина нива“ и „Горица“ кај селото Лескоец и „Градиште“ кај Долно Лакочереј. На локалитетот „Петкина нива“ откриена е римска рурална вила, на „Градиште“ населба со хронологија од доцно бронзено време до хеленистички период и кај „Горица“ има хронологија од неолитот, па се до железното време.

Најголем дел од артефактите на сите локалитети се керамички наоди, кои според експертот, се добри за датирање.

– Проектот е мултидисциплинарен, имавме екипа археоботаничари, кои со посебна опрема вршат измивање на земјата и ги собираат сите археоботанички остатоци на земјата, семиња и разни други остатоци со чија помош се врши реконструкција на пејзажот, со што се хранеле луѓето, што одгледувале и слично. Со помош на јагленисани органски остатоци вршиме радиокарбонски анализи во референтни лабаратории каде што добиваме точни дати за секој од слоевите каде што откриваме и археолошки артефакти. Така наместо релативна добиваме аполутна хронологија, каде археолошките артефакти се во апсолутни дати, појасни Арџанлиев.

Целта, според него, е реконструирање на организацијата на населбите во минатото.

– Во рамки на проектот вршиме мултидициплинарни и геолошки итражувања, со чија помош увидовме дека овој крај езерски регион имал бурно, динамично климатско минато. Со реконструкција на тоа бурно минато можеме да ја реконструираме и организацијата на населбите и како луѓето се организирале во минатото да живеат околу езерото и во регионот, посочува соговорникот.

Почетоците на металургијата следен предизвик

Основните ресурси за исхрана сами ги произведувале, односно луѓето во тој период се занимавале со земјоделство и сточарство, но иден предизвик на археолозите е да истражат од кога почнала металургијата.

– Во иднина планираме акцент да ставиме и на истражувања кога почнала металургијата. Планираме тоа да го правиме мултидисциплинарно, со помош на напредни истражувања. Со помош на полен анализи ќе откриеме кога почнало да има загадувања во минатото и врз основа на тоа загадување тогаш специјалистите утврдуваат дека токму во тој период почнала металургијата, топењето на рудата и слично, информира Арџанлиев.

Со тоа, нагласува, сакаме да дадеме одговор за појавата на елитата во Охридскиот регион, што покажуваат и откритијата од Архајскиот период (6 век пр.н.е.) во гробовите во Требеништа и на Горна порта.

За да има елита и такво богатство мора да има повеќе ресурси, спомнав земјоделство, сточарство и металургија, но покрај тие ресурси овие луѓе ги контролирале и главните комуникациски и трговски рути. А регионот во тој период претставува своевидна крстосница во овој дел од Балканскиот полуостров, нешто што може да се забележи од поголемиот број некрополи од Архајскиот период, кои се откриени во рамницата северно од Охридското Езеро, во кои се откриени доста богати и значајни наоди. Тоа денеска е Охридско-струшкиот регион, крајбрежје на тогашното поголемо езеро, што геолошки го потврдивме дека постоело, рече Арџанлиев.

Катаклизмичен настан причина за повлекувањето на езерото

Со една геолошка сонда во близина на реката Грашница, додаде, откриле ново палафитно, наколно живеалиште и со тоа се потврдило дека имало некој катаклизмичен настан, како земјотрес, кој придонел таа населба да престане со егзистенција околу 12 век пред нашата ера, во доцното бронзено време.

– Најверојатно со тој катаклизмичен настан дошло до спуштање на тлото во северниот дел на охридската рамнина, а потоа езерото направило поплавување, со што ја променило и формата. Тие се првични резултати, кои дополнително ќе ги надградуваме и публикуваме, информира раководителот на проектот.

Идните планови се истражувањата да продолжат во Преспанскиот регион

Од проектот произлегле нови прашања на кои археолозите треба да одговорат. Идејата е да продолжат истражувањата и во Преспанскиот регион, бидејќи е најмалку истражен.

– Истражувам една некропола во Преспа од Хелинистички период, локалитет „Гибавица“ кај селото Избишта. И за Хелинистичкиот период имаме некои првични сознанија. Но како за охридксиот регион што кажав дека е тесно поврзан со водостојот на езерото така сметаме дека истото треба да го очекуваме и во Преспа, бидејќи двете езера се како врзани садови и гледаме дека се во корелација. Планираме да продолжиме со геолошките истражувања и да пробаме на некои локалитети да извршиме сондажни истражувања за да имаме две референтни слики на двете котлини да видиме дали стварно се во корелација и дали имало поврзаност во минатото, додава Арџанлиев.

Проектот, нагласи, користи напредна технологија што ја има на располагање арехеолошката наука, која за жал во земјава многу малку е вклучена.

МИА

Проф. Д-р Ѓорѓевиќ: Наскоро и мажите ќе раѓаат деца

Србија, Соединетите Американски Држави, сите европски метрополи, но и Индија, Виетнам, африканските и латиноамериканските земји, со топло добредојде, секогаш се подготвени да го угостат во својата болница водечкиот светски експерт од областа на  урологија, како за деца, така и за возрасни, потоа експерт за реконструктивна хирургија, како и операција за промена на пол, професор д-р Мирослав Ѓорѓевиќ.

Српскиот, светски познат специјалист го најавува најзначајниот проект во неговата 30-годишна кариера, богат со најголеми медицински достигнувања, во кој ќе пресади машки полов орган на женско тело, а неговата цел е во блиска иднина гениталната хирургија да достигне толку високо ниво што ќе и овозможат на трансродовата жена, односно на личноста која е родена како маж, да зачне дете, пишува Нова. РС.

Низ „рацете“ на д-р Ѓорѓевиќ поминале илјадници пациенти, но тој секогаш нагласува дека операцијата со која се занимава првенствено е насочена кон лекување на деца родени со проблеми поврзани со гениталиите.

Гранката на хирургија која ја практикувам се базира на третман на гениталии, односно на многу чувствителни анатомски структури, без разлика дали се женски или машки. Во текот на мојата кариера, од најраните денови, развивав оперативни техники и научни достигнувања поврзани со подобрувањето, пред се во однос на третманот на децата, кои се раѓаат со одредени проблеми поврзани со гениталиите, но и возрасните кои развиваат нарушувања во текот на нивниот живот. „Исто така, мојата специјалност е некаква помош на една голема популација – трансродови“, објаснува проф. д-р Ѓорѓевиќ, кој работи на Универзитетската детска клиника во Тиршова.

Целта кон која цели, посочува, е пренесување на функционалните гениталии од машкиот во женскиот пол и обратно.

„Ова е моја голема желба и сега најголемиот проект на кој работам со моите колеги. Тоа подразбира пренамена, односно префрлање на половите органи од еден пол на друг, но формирани така што тие се функционални и естетски прифатливи. За жал , сè уште не сме дошле до идеално решение, за да може да го направиме тоа, односно да го спроведеме без да го загрозиме здравјето на пациентот.

ЗАНИМЛИВОСТИ

НАЈАВА НА НАЈДОБРИОТ СРПСКИ ХИРУРГ: Наскоро и мажите ќе раѓаат деца!

September 10, 2022

Србија, Соединетите Американски Држави, сите европски метрополи, но и Индија, Виетнам, африканските и латиноамериканските земји, со топло добредојде, секогаш се подготвени да го угостат во својата болница водечкиот светски експерт од областа на  урологија, како за деца, така и за возрасни, потоа експерт за реконструктивна хирургија, како и операција за промена на пол, професор д-р Мирослав Ѓорѓевиќ.

Српскиот, светски познат специјалист го најавува најзначајниот проект во неговата 30-годишна кариера, богат со најголеми медицински достигнувања, во кој ќе пресади машки полов орган на женско тело, а неговата цел е во блиска иднина гениталната хирургија да достигне толку високо ниво што ќе и овозможат на трансродовата жена, односно на личноста која е родена како маж, да зачне дете, пишува Нова. РС.

Низ „рацете“ на д-р Ѓорѓевиќ поминале илјадници пациенти, но тој секогаш нагласува дека операцијата со која се занимава првенствено е насочена кон лекување на деца родени со проблеми поврзани со гениталиите.

„Гранката на хирургија која ја практикувам се базира на третман на гениталии, односно на многу чувствителни анатомски структури, без разлика дали се женски или машки. Во текот на мојата кариера, од најраните денови, развивав оперативни техники и научни достигнувања поврзани со подобрувањето, пред се во однос на третманот на децата, кои се раѓаат со одредени проблеми поврзани со гениталиите, но и возрасните кои развиваат нарушувања во текот на нивниот живот. „Исто така, мојата специјалност е некаква помош на една голема популација – трансродови“, објаснува проф. д-р Ѓорѓевиќ, кој работи на Универзитетската детска клиника во Тиршова.

Целта кон која цели, посочува, е пренесување на функционалните гениталии од машкиот во женскиот пол и обратно.

„Ова е моја голема желба и сега најголемиот проект на кој работам со моите колеги. Тоа подразбира пренамена, односно префрлање на половите органи од еден пол на друг, но формирани така што тие се функционални и естетски прифатливи. За жал , сè уште не сме дошле до идеално решение, за да може да го направиме тоа, односно да го спроведеме без да го загрозиме здравјето на пациентот.

Во рамките на тој проект изнаоѓаме начини за зачувување на органите кои нормално при операцијата за конверзија на гениталиите ги отстрануваме од лице кое го менува полот и го праќа на хистопатологија, што е како да ги фрламе во ѓубре.

Сакаме да ги користиме овие органи кои се здрави и да им помогнеме на луѓето кои се родени без нив или кои ги изгубиле во текот на животот. Се користи за операции за промена на полот кај трансродовите лица, а за кои ваквите органи се идеално решение за постигнување функција во иднина, откако ќе се промени полот, Истакнува др. Ѓорѓевиќ, кој моментално е во фаза на преговори за отварање на Центар за операции за промена на полот во Лондон.

Маж кој беше опериран од професорот во 2019 година и трансплантиран еден тестис од жив дарител неодамна доби дете.

„Кај нас е прв случај маж со трансплантиран тестис да има здраво потомство. Двајца браќа, еднојајчани близнаци, дојдоа кај мене со желба едниот брат да му подари тестис на другиот. Оној што добил тестис останал без овој орган во раното детство поради вродени аномалии“, вели д-р Ѓорѓевиќ.

Планот и најголемиот зафат на нашиот хирург ќе биде трансплантација на машки генитален орган од жив донатор – на женско тело.

„Ова го правиме како дел од нашата борба за подобар живот на сите трансродови луѓе. Развивме оперативни техники, ја подготвуваме процедурата, а проблемот е биоетички, односно како да ги ставиме оние пациенти кои евентуално би примиле машки генитален орган на тешка имуносупресивна терапија и да ги оставиме да живеат со можни ризици за респираторниот систем, црн дроб, бубрези, затоа што не смееме да загрозиме нечиј живот“, нагласува докторот, додавајќи дека неговата работа бара големи жртви, толку што неговиот годишен одмор никогаш не трае подолго од седум дена во 12 месеци.

Тој нагласува дека една од главните цели е трансплантација на оваријално или тестикуларно ткиво на лице на кое му недостасува тоа ткиво, како и плодност кај трансродова жена.

„Тоа е всушност воспоставување на нормална хормонална функција. Сакаме да покажеме дека е можно да се трансплантираат гонадите на трансродово лице, кое на тој начин би го решило својот хормонален статус без да добие супституциона терапија.

Ако маж кој останал без машки карактеристики и органи, подложени на надворешни гениталии и трансплантација на матката и јајниците, така што сè е покриено со биоетичките закони, сосема е можно и очекувам да се случи, трансродовата жена, не само што без двоумење почнува да носи фустани, туку ги има сите аспекти на личност која се чини дека е родена со гениталиите кон кои се стреми.

Исто така, во одреден момент треба да и се даде плодност, поточно можност да забремени и да носаи бебе во стомакот, исто како и жените кои се родени како женски“, вели проф. д-р Ѓорѓевиќ.

Исто така, можно е да се запре процесот на промена на полот, да се прекине терапијата.

“Долго време се сметаше дека е невозможно да се вратиме на претходниот пол. Сепак, во последните 12 години нашите хирурзи покажаа дека тоа е сè уште можно. Нашиот ‘Белградски центар” имаше најмногу такви кандидати и е на прво место во светот, затоа што досега работевме најмногу операции од ваков тип“, гордо вели нашиот најдобар експерт за реконструктивна хирургија.

Неопходно е да се пренесе знаењето и да се задржат младите хирурзи во Србија.

„Се трудам навреме да ги научам студентите по медицина на сè што знам, а не да почнат да учат германски или француски во трета година од студиите, за да ја напуштат земјата.

Ако нашите млади исчезнат и останеме без квалитетни лекари кој ќе го продолжи трендот на добра српска медицина, ќе изгубиме една дисциплина, а земјата без медицина, наука и култура се згаснува и исчезнува од територијата.

Имав многу понуди да ја напуштам Србија. Од Америка ме повикаа да работам само со нив.Сепак, јас сум врзан за оваа средина, за нашата земја. Моите корени се тука, чувствувам морална и лична обврска кон оние кои ме учеа и воспитаа да останам овде. Се чувствувам потребен во Србија, да заминам од тука преку млади генерации се што можам од моето искуство и знаење, како ова што го работам да продолжи да живее и да постигнува уште подобри резултати од досега“, со насмевка завршува професорот Ѓорѓевиќ на крајот од разговорот.

Позицијата на трансродовите луѓе се менува на подобро

Има се повеќе пациенти кои доаѓаат на операција за промена на полот кога штотуку наполниле 18 години.

“Има многу млади пациенти кои неодамна станаа полнолетни. Мојот начин на комуникација со трансродовата популација не е променет откако се заинтересирав за овој вид лек пред 30 години.

Врз основа на моето искуство, можам да кажам дека ситуацијата е драстично сменети на подобро.Кај нас и во светот сега живеат неспоредливо подобро во однос на периодот пред 10 или 20 години.

Денес слободно доаѓаат на операции.Но, на хируршката конверзија на гениталиите и претходи процес на мониторинг од психолози и психијатри.Потоа пациентот користи хормонска терапија за да го постигне саканиот пол и дури по две до три години постојано следење, кога ќе се увериме дека трансродовноста им е главен проблем, преминуваме на хируршка интервенција“, објаснува Проф. Д-р Ѓорѓевиќ.

Професорот Ѓорѓевиќ во 2017 година го предводеше тимот од врвни доктори кои успешно извршија промена на полот на 33 годишен маж во жена во Република Македонија, во приватната болница Аџибадем Систина. На 03 јуни 2017 година на страницата на Аџибадем Систина беше објавено:

(ВИДЕО) Јавноста згрозена по истражувањето на ИРЛ за македонска приватна болница и лекувањето во неа

Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев, кое од вчера ја загрози јавноста и предизвика големи реакции.

Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Клиничките испитувања кои ги самата болница ги правела откриваат многу работи – велат од ИРЛ.

Бројни се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по објавување на истражувачката сторија.


Видеото може да го погледнете тука:

(Видео) Македонија се појави на „Хистори каналот“: Канда и „Космичкото јајце“ е мистерија за светските научници

Локалитетот Канда кој се наоѓа на рид во Свети Николе, е вистинско македонско космичко јајце. Во познатиот документарен серијал „Антички Вонземјани“ се вели дека симболот-стрелка во форма на буквата „М“ е насочен кон соѕвездието Касиопеја, познатата божица. Истовремено, научниците веруваат дека симболот го претставува богот Себ кој е дете на космичката Мајка и Татко.

Се работи за геоглиф со димензии од околу 85 на 45 метри, кој датира негде од 10.500 година пред нашата ера. Го поврзуваат со древната Пајонија, но и со ведските митови за постанокот. Археоакустичните мерења докажуваат дека формата е направена од вештачки, човечки фактор, а не од самата природа.

Многу прашања остануваат неодговорени во Канда, но едно е сигурно. Јајцето како симбол за почеток на универзумот се јавува во скоро сите култури и пантеони низ светот.

ОД ШОПСКА ПАРИ ИМАМЕ САМО ЗА СИРЕЊЕ Краставиците станаа луксуз

Шопската салата стана луксуз зимава. Краставиците имаат неверојатно висока цена, а и доматот, пиперот и младиот кромид исто така. Единствено по стара цена ќе може да го купите сирењето и маслото за јадење бидејќи овие производи имаат замрзната цена, велат граѓани и негодуваат дека секоја година јадат сè поскап и понеквалитетен зеленчук. Земјодлеците, пак, велат дека како што идат годините сè помалку ќе има зеленчук од домашно производство, а цената и квалитетот ќе ја утврдуваат цените на репроматеријалите и енергенсите кои се користат при одгледувањето.

Цената на краставиците во маркетите во земјава се движи од 239 до 279 денари за килограм, доматот има цена од 89 до 159 денари за килограм зависно од бојата, благата зелена пиперка се продава по цена од 139 до 265 денари килограм, црвената чини 32 денари парче, лутата, пак, исто така по парче има цена од 14 до 24 денари, а китка младиот кромид има цена од 23 до 26 денари.

Повисоки цени има и зелката кај која цената се движи од 39 до 75 денари зависно од тоа дали е стара или млада. Потоа компирот кој го има по цена од 34 денари до 43 денари за килограм стар или од 145 до 219 денари млад компир.

За разлика од овие цени податоците од земјоделскиот пазарен информативен систем кој се базира на цените на зелените пазари и пазарот на големо во земјава просечните цени на истите производи во јануари годинава споредено со истиот месец лани се далеку повисоки. На пример просечната цена на краставица во јануари била 117 денари и е поскапа за 28, 1 отсто ланската просечна цена која изнесувала 91,8 денари за килограм.

Просечни цени на зелени пазари јануари
Лута пиперка    190 денари парче       лани 130 денари                   пораст    46,6 отсто
Бела пиперка    129,6 денари,              лани 103,5 денари                пораст   25,3 отсто
Зелка                    27,9 денари                лани   19,8 денари                 пораст  41 отсто.
Домат                   85,7 денари                лани    63,2 денари                пораст  35,6 отсто.
Компир                 35,4 денари               лани    23,9 денари                пораст  48,1 отсто
Бабури                  60 денари                  лани    53,3 денари                пораст  12,5 отсто
Млад кромид      20 денари                 лани   11,7 денари                  пораст  95 отсто

И на пазарот на големо, кванташки пазар, цените на овој вид зеленчук поскапеле но со многу повисок процент.

На кванташки пазар, на големо
Бела пиперка 100 денари кг.             лани   46,7 денари           пораст      114        отсто
Домат                 65 денари                    лани    35 денари             пораст       85,7      отсто
Краставица       90  денари                  лани    36,7 денари           пораст      145       отсто
Компир              28  денари                  лани   10,6  денари           порст       162,4     отсто
Зелка                  20    денари                 лани   12,8  денари           пораст      56,3      отсто

Граѓаните не се изненадени од новите цени на зеленчукот, но велат дека не можат да излезат на крај со платите.

– Сè поскапе и нормално беше да поскапи и зеленчукот и овошјето, независно дали е од увоз или домашно производство. Најверојатно и кај земјоделците пораснале трошоците, па ги продаваат своите производи поскапо. Тука доаѓаат и трговците кои пресметуваат маржи, даноци и слично, а цената расте. Додека дојде до трпезата краставицата стигна до 280 денари. Но сè е поскапено и на зелените пазари – вели скопјанка.

Земјоделците имаат свои пресметки при утврдувањето на цената на својот производ. Тие велат најмногу цената ја зголемуваат поскапените репроматеријали, без да се зголеми и цената на трудот.

– Ние како земјоделци ја очекувавме оваа состојба. Со години укажуваме дека не се само субвенциите потребни за развој на ранградинарството, дека е потребна стратегија на организирање на производството, откупот, утврдување на цените, но 30 години само нè слушаат и ништо не се презема. Се плашам дека како што одат годините нема да има домашно производство, зашто за нас е неисплатливо производството, а немаме ниту обнова на земјоделците. По некоја година, ако ништо не се преземе, мислам дека на пазарот ќе останат само големите производители, помалите нема да можат да се занимаваат со земјоделство – вели Ристо Велков, од синдикатот на земјоделски производители.

Според него, годинава е посебно скапа и за земјоделците.

– Поскапеа енергенсите (нафта, струја, дрво) и сите репроматеријали за производство. Кај дел од репроматеријалите поскапувањето оди и над 300 отсто. Најниско поскапување е 50 отсто. Еве да речеме за еден декар само за пластична фолија се потребни 1.000 евра, но и сè друго е поскапено, ѓубрива, семенски материјал, заштита, и огрев. Сето тоа, влегува во производните трошоци и формирањето на производната цена – вели тој.

Во однос на квалитетот на зеленчукот Велков вели дека домашното производство има стандарден квалитет, но увезениот зеленчук, малку се контролира во однос на квалитетот и содржината.

Според него, тешко дека во наредниот период ќе може да се произведува евтин зеленчук и затоа повторно апелира, државата да донесе соодветна стратегија.

ПлусИнфо.мк

Како Франс прес ја гледа Македонија: БЕГААТ ОД ДРЖАВАТА КОЈ КАДЕ МОЖЕ

Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот.

Вака новинската агенција Агенс Франс Прес ја почнува својата репортажа од југот на Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите.

Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување.

Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години. Околу 600,000 Македонци сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите.

Очајно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители.

„Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загрижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува АФП.

Дописникот на агенцијата разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“. Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.

Пет од 20-те соученици кои бевме во исто одделение веќе се исселија со нивните семејства, вели Бојан Николов, член на младинска организација од Валандово.

АФП ги цитира резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои Македонија загубила околу 200,000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис.

Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блокадите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата.

„Ако останете, просечната плата е само 470 евра. ‘Подобро да бидам роб за 2,000 евра во некоја странска земја отколку роб дома за 300 евра’”, велат соговорниците на АПФ.

Француската новинска агенција пренесува дека состојбата е слична и во Албанија и другите земји од регионот.

Се проценува дека Албанија загубила 1.7 милиони жители во изминатите 30 години, односно 37 проценти од населението.

Во Србија, се смета дека 10,000 доктори ја напуштиле земјата во последните 20 години.

А ако овие земји се надеваат дека членството во ЕУ ќе ја подобри ситуацијата, Хрватска е предупредувачки пример.

Откако влезе во ЕУ во 2013 година, хрватското население од четири милиони жители се намали за 10 проценти. Обединетите нации проценуваат дека Хрватска ќе има само 2,5 милиони жители на крајот на векот“, пишува АФП.

(ВИДЕО) Научниците во паника: Пука најголемиот глечер во светот наречен „Судниот ден“

Глечерот Твајтс е со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, а дури го нарекуваат и глечерот „Судниот Ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години.

Пред 20 години, областa со мраз за која се сметаше дека тежи речиси 500 милијарди тони, драматично се откина од антарктичкиот континент и се распарчи на илјадници ледени делови во Веделовото Море.

Беше познато дека ледениот гребен наречен Ларсен Б од 1.255 квадратни милји (3.250 квадратни километри) се топи брзо, но никој не предвиде дека ќе биде потребен само еден месец за целосно распаѓање на „џинот“ со дебелина од 200 метри.

Глациолозите односно научниците кои го истражуваат мразот, беа шокирани од брзината и од размерите на колапсот. „Ова е запрепастувачки. Тоа е скршено само од себе. Падна како ѕид и се скрши на стотици илјади тули“, коментираа глациолозите.

Оваа недела, глациолозите, на состанокот во Њу Орлеанс предупредија дека нешто уште поалармантно се случува со ледената покривка на Западниот Антарктик што е огромен слив со мраз на полуостровот Антарктик. Долгите години на истражување на тимови од британски и американски истражувачи покажаа дека големи пукнатини се отвориле на врвот и под глечерот Твајтс, што е еден од најголемите во светот, и се стравува дека делови од него, исто така, може да се скршат сами од себе а тој да пропадне во рок од пет години а можеби и помалку, пишува Гардијан.

Глечерот Твајтс прави ледениот гребен Ларсен Б да изгледа како мраз. Тој е отприлика 100 пати поголем и е со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, дури и глечерот „судниот ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години.

Топењето на глечерот Твајтс е загрижувачки, но има и многу други големи глечери на Антарктикот кои исто така се повлекуваат, се разредуваат и се топат како што се загрева Јужниот океан. Многумина се возджани затоа што Твајтс се однесува како тапа која им го блокира излезот до морето. Доколку Твајтс се распадне, научниците веруваат дека на другите глечери ќе им се забрза разместувањето, што ќе доведе до колапс на целата ледена покривка и катастрофално глобално зголемување на нивото на морето дури за неколку метри.

Дали и колку брзо тие глечери можат да се стопат и да се претворат во вода, се некои од најважните прашања. Нивото на морето брзо се зголемува: годишната стапка се зголеми повеќе од двојно од 1,4 mm на 3,6 mm помеѓу 2006 и 2015 година и се забрзува. Неколку милиметри годишно не звучат многу, но загубата на дури и мал дел од Твајтс не само што би помогнало прогресијата дополнително да се забрза, туку веројатно ќе ја зголеми сериозноста од појава на бура.

Доколку некогаш се урнат сите глечери на Западен Антарктик, не постои крајбрежен град во светот кој, со текот на времето, не би бил соочен со катастрофални економски импликации врз животот и врз економијата.

Порано консензусот на глациолозите беше дека ќе бидат потребни векови глобално загревање пред да се скршат и колабираат глечерите со големина на Твајтс, но толку брзо и неочекувано беше губењето на морскиот мраз на спротивниот крај на земјата на Арктикот, и така ненадејна беше загубата на Ларсен Б и сега се смета дека е можно таква иста појава да се случи многу брзо и на Антарктикот.

Губењето на мразот на Арктикот едвај влијае на нивото на морето бидејќи најчесто се формира на море, додека мразот на Антарктикот, сепак, е главно на копно, така што секое топење го зголемува нивото на морето.

Пресвртната точка на ледениот гребен Ларсен Б се појави ненадејно. Како Твејтите и другите глечери реагираат на глобалното затоплување сè уште не е познато, но овие големи глобални физички процеси се во тек и можат да се решат само со глобална акција.

Сепак, само еден месец по завршувањето на Cop26 во Глазгов, предупредувањето дека глечерот Твејтс дебел 300 метри и широк 50 милји почна да пука, беше дочекан со молк од владите преокупирани од Ковид-19 и враќање во нормала. Опасноста е дека многуте активности ветени во ноември за решавање на глобалното затоплување ќе бидат стопирани уште една година, а со тоа се очекува тие да станат само уште еден ризик плус, во се поопасниот свет.

Кој народ е најинтелигентен, а кој најглупав на светот? Погледнете на кое место се најде Македонија

Според студијата која во 2019 година ја спровеле истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисокото ниво на IQ во светот го имаат Јапонците, со просек од 106,49.

На листата топ 10 држави во кои живее народ со највисок коефициент на интелигенција следат:

Тајван – 106,47

Сингапур – 105,89

Хонгконг – 105,37

Кина – 104,10

Јужна Кореја – 102, 35

Белорусија – 101,60

Финска – 101,20

Лихтенштајн – 101,07

Холандија и Германија – 100,74.

Просечното IQ според податоците на оваа студија е 98,16 што нас нè сместува во потпросечно паметни луѓе.

Maкедонија се најде на 108-то место со просечен коефициент на интелигенција 81,91.

Кога станува збор за земјите од регионот, редоследот е следен:

Хрватска – 95,75

Бугарија – 90,99

Србија – 89,6

Босна и Херцеговина – 88,54

Црна Гора – 85,78

Албанија – 81,75

Извор: Прес 24 мк

(Видео) Големо откритие во Египет: Пронајдени мумии со злато

Мумиите се пронајдени во две соседни гробници, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети. Во едната, која била ограбена, биле пронајдени мумии на жена и тригодишно дете, чии јазици биле покриени со златни листови. Во него е пронајден и варовнички саркофаг кој имал капак во форма на жена.

Втората гробница била запечатена, а разбојниците не ја посетиле, што е реткост кога се во прашање античките египетски гробници. Мумијата на еден човек кој живеел во периодот од 26-ти египетски династија, односно меѓу 664 и 525 година п.н.е., е пронајден во него, египетските медиуми извештај.

„Ова е многу важно откритие, бидејќи е многу ретко да се најде целосно запечатена гробница“, рече Естер Понс Меладо за „Национал“.
Во гробницата каде што се наоѓала мумијата на човекот, биле пронајдени урни со неговите органи, како и амајлии, вклучувајќи ги и оние во форма на скараби и зелени бисери, како и 400 шахти глазирани керамички фигурини.

Мумиите се пронајдени на местото Оксиринхус, поранешниот трет по големина град во Стариот Египет, каде археолошките истражувања се спроведуваат заедно од египетското Министерство за туризам и антиквитети и Универзитетот во Барселона.

Овој град некогаш бил главен град на 19-та египетска провинција и е познат по наодите не само од староегипетската историја, туку и по бројните папируси од Птоломејското Кралство, односно од хеленистичката ера на Египет, како и од времето на Римската империја. Така, на оваа локација се пронајдени фрагменти од Евангелието по Тома, фрагменти од Евклидовите „Елементи“, комедијата на Менандер …
Идентитетот на мажите, жените и децата со златни јазици пронајдени во Oxyrhynchus не се познати, а научниците продолжуваат со истражувањето.


Ова е втор пат годинава вакви мумии да се најдат во Египет, откако на почетокот на 2021 година на археолошки локалитет на египетското медитеранско крајбрежје беше пронајдена мумија со златен јазик.