Category Archives: Македонија

Заев: За четири години нема мрднато цената на струјата

Во гостувањето во Дневникот на Сител премиерот Зоран Заев кажа дека проблемот со електричната енергија е меѓународен проблем.

– Гледате четири години нема мрднато цената на струјата за разлика од пред некои 8 месеци четири до пет пати е зголемена на меѓународните берзи струјата а тука е иста. Така што граѓаните треба да бидат спокојни и воопшто да не стравуваат, рече премиерот

Албанците во Кичево: Не е чудо да победи ВМРО, овие многу ја искрадоа државата, Кичево многу го искрадоа (Видео)

Кичевци по изборите очекуваат повеќе работа и посветеност, тоа го велат граѓаните кои ги анкетираше ТВ21 во Кичево.

Некои се оптимисти но има и такви кои се песимисти дека независно кој ќе дојде на чело на општината, нештата ќе останат исти.

„Ние очекуваме да се изгради болницата, кучињата скитници ако може и тие да се сместат некаде, очекуваме многу работи“, вели граѓанин.

„Овде работата ќе биде многу лошо, не е чудо да победи ВМРО, и тоа се очекува, така мислиме бидејќи многу ја искрадоа државата, Кичево многу го искрадоа“, додава граѓанин.

Што се однесува до поскапувањето на електричната енергија по Нова Година и прехранбените производи до крајот на годинава, повеќето од жителите сметаат дека нема да можат да преживеат со овие плати и стандард.

„Голем проблем е бидејќи има жители кои живеат во голема сиромаштија“, посочи граѓанин.

„Луѓето овде немаат работа, немаат што да прават, немаат работа и ќе бегаат надвор“, вели граѓанин.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври. Во втор круг на ниво на цела држава одат вкупно 43 општини.

ДУИ ја мобилизира дијаспората, со 40 АВИОНИ и 100-тина автобуси иселеници ќе доаѓаат да гласаат дури и од САД

Четириесетина авиони и стотина автобуси со иселеници Албанци се очекува да пристигнат в петок и в сабота во Македонија, за на 31 октомври, во вториот круг од локалните избори, да гласаат за кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари, по третпат да биде избран за градоначалник на Кичево.

Според информации на Слободен печат од ДУИ, очекувањата се најмалку 5.000 гласа од албанската дијаспора да му помогнат на Дехари во борбата против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, кој во првиот изборен круг победи со 250 гласа предност.

Дијаспората веќе е организирана и со авиони и автобуси од цела Европа ќе дојдат во Кичево за да му дадат поддршка на Дехари. Има најава дека и наши иселеници од САД ќе дојдат за гласањето. Дијаспората самоиницијативно се организира, не ја организира ДУИ. Очекуваме масовно да дојдат, бидејќи в понеделник е католичкиот празник Денот на сите светци, така што е неработен ден, па ќе можат да се вратат, велат од ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја повика дијаспората на 31 октомври да се врати дома и да го поддржи нивниот кандидат за градоначалник.

Поддршка за Дехари најави и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во пакет со поддршката за Чаир, Струга и за Гостивар.

Дел од Тетово викендов неколку часа БЕЗ СТРУЈА, граѓаните стравуваат од подолготрајни прекини

Двата дена од викендот делови од Тетово останаа по неколку часа без снабдување со електрична енергија. Во саботата и неделата делови од градот немаа струја во доцните попладневни и рани вечерни часови.

– Во неделата електрична енергија немаше од 17.15 часот се до 20.45 часот. Домот го затоплуваме со термо печка па среќа акумулираната енергија тие неколку часа одржуваа топлина. Стравуваме од подолготрајни прекини поради очекуваните пониски зимски температури, велат жителите на месната заедница „Борис Кидрич“ кои се соочија со прекинот во снабдувањето.

Од електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија информираат дека дефект во саботата и преоптеретување во неделата се причини за прекините во напојувањето со електрична енергија.

– Поради дефект на прекинувач во 110кВ трафостаница „Тетово 1“, делови од Тетово останаа без напојување со електрична енергија во сабота во вечерните часови. Имајќи ги предвид ниските температури, корисниците беа префрлени во алтернативни напојни точки за снабдување како најбрзо можно решение во однос на околностите.

Токму затоа, во недела се случи дефект поради преоптоварување на мрежата, но истиот се санираше од  страна на екипите на Електродистрибуција и снабдувањето повторно беше нормализирано.

Освен тоа, екипите на Електродистрибуција како дел од секојдневните активности реализираат и инвестициски зафати, односно планирани прекини, со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со
електрична енергија, информира Вјолца Селими од одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

Минатата година во август и декември жителите на Тетово се соочија со повеќе часовни прекини во напојувањето со електрична енергија. Во август повеќе од 8 часа имаше прекин во поради дефект предизвикан од трето лице кое направило див ископ и така ја оштетило мрежата, додека во декември дефект на 20 киловолтен кабел беше причината 15 трафостаници да останат без струја.

Повеќе ТРОШИМЕ СТРУЈА отколку што произведуваме, следат РЕСТРИКЦИИ

Влегуваме во енергетска криза. Двојно повеќе трошиме електрична енергија, отколку што произведуваме. За дневните потреби без најава земаме струја од европската мрежа. За ваквиот ненајавен упад во европската мрежа МЕПСО досега добила четири предупредувања од центарот во Швајцарија. Досега за само еден месец веќе должиме околу 15 милиони евра, велат одговорните од МЕПСО и додаваат дека рестрикциите ќе бидат неопходни, а и зголемувањето на цената на струјата.

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го направила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Македонија е во лоша енергетска ситуација и ги трпи последиците од проблемите на меѓународниот пазар. Владата одлучи да набави јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Неготино, но тендерот за најголемиот производител во државата, РЕК Битола пропадна.

Сања Божиновска енергетски експерт за Фактор изјави дека состојбата со термо блоковите во РЕК е катастрофална.

„Блокот 3 е надвор од функција. Блокот 2 нема јаглен за работа и работи со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум. Блок 1 е исклучен од погон поради тоа што нема јаглен и енормна потрошувачка на мазут со максимум од сите осум мазутни бренери и така се трошат 16 тони мазут на час и оптеретување од 120 MW. На 11 октомври е исклучен од погон затоа што технолошкиот процес не дозволува таков режим на работа. Термо блоковите не се квалитетно ремонтирани, котлите не се довршија со модернизацијата, десулфуризацијата не е направена, ниту еден проект за подобрување и одржување на опремата и заштита на животната средина не се реализира. Состојба вообичаена во последните 5 години, каде што имаме повеќе хавариски ситуации, отколку нормален производствен процес“, рече таа.

Граѓаните секојдневно пишуват дека рестрикциите се веќе почнати и дека навечер во помалите места низ Македонија струјата се исклучува навечер по неколку часа.

Македонското здравство под ЛУПА – Лекарите специјалисти масовно ЗАМИНУВААТ од Македонија

Пристапот до лекари специјалисти во јавните здравствени установи е проблематичен, оценува во Извештаојот за Македонија Европската Комисија, потенцирајќи дека здравството во земјата се соочува со загуби на медицинскиот персонал. Се наведува дека особено лекарите специјалисти или преминуваат во приватните здравствени установи или пак заминуваат во странство.

– И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.

Што се однесува пак до справувањето со предизвиците од пандемијата на корона вирусот, Европската Комисија наведува дека во текот на третиот бран беа поплнети 90 проценти од болничките капацитети во јавниот здравствен систем, а во однос на вакцинацијата против ковид-19, дека до почетокот на октомври целосно се вакцинирани околу 35 отсто од популацијата.

-Согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година, потенцира ЕК во Извештајот за напредокот на Македонија во делот кој се однесува на здравствениот сектор.

Истовремено ЕК оценува дека не се финасира доволно скринингот за рано дијагностицирање на канцер, како и тоа дека податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни. 

Фактор мк

(Видео) Заев од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 додека просечната плата порасна на 28.642 денари

Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат. А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред – кон развојот, кон напредокот, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„ Во овие четири години потавивме високи економски стандарди. Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра.

Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет. Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.

Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество. За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред.

А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата. Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата. Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“ порача Заев.

Објавени идентитетите на полицајци кои малтретирале граѓани

ВМРО-ДПМНЕ објави дел од лицата за кои, како што претходно соопшти, има информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување.

„ Сите до еден се вработени во МВР. И сите до еден одработувале за Заев и Спасовски. Не пробувајте да ги заштитите и понесете одговорност.

Ова се идентитетите на полицајците кои наместо во име на законот во име ма Заев и Спасовски „убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици” :

Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР Прилеп
Трајан Комиција – Командир на БПС Прилеп
Емилија Велкоска – Началник на НККР Прилеп
Андреј Лашкоски – БПС
Игор Нешкоски – БПС
Стефан – гранична
Давор Паскоски – БПС
Мелита – ПС
Невенче – администратор во БПС
Кире Китаноски – личен шофер на Оливер Лукароски
Коста Талески – ПС во дежурна
Венко Илиески – БПС
Валентин Димоски – БПС
Жарко Цуцулоски – БПС
Андреј Дукоски – БПС
Теодора Китаноска – БПС
Александар Крајоски – БПС
Љубе Стојаноски – БПС
Стефан Кучкарот – БПС
Борче Црнески – БПС
Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп
Анастас Паризо – БПС
Игор Божиноски – БПС
Марјан Мачорот – БПС

Доста е од бегање од одговорност. Време е за одговорност“ – стои во партиското соопштение.

А во прилог на истото до медиумите беа испратени следниве фотографии:

Скандалот кој денес ќе го откриеме содржи информации кои потврдуваат зошто имаме режим. Информациите ни се доставени од загрижени полицајци вработени во МВР кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група. За што станува збор: Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители, истакна Ковачки на денешната прес-конференција.

Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека полицијата координирано следела и малтретирала членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”. Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало“, велат од МВР.

Од МВР велат дека не постои таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.

Во исто време, велат од МВР, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што, како што велат од МВР, говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле.

„МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата“, се наведува во соопштението.

Камиказа му „пресуди“ на Попов: Сем што ќе палел цркви, ќе колел и *иптари, чујте и прочитајте (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник од Левица Перо Георгиевски Камиказа го коментира вчерашниот митинг на СДСМ во Скопје каде настапи и контроверзниот самонаречен музичар Мирко Попов.

“Човекот што ќе палеше цркви, или поточно речено вечерашниот говорник на митингот на СДС Мирко Попов, кој има добиено еден тон пари од градската каса на Шилегов, заедно со шефот на кабинет Никса (Никола Наумов), кој го нарече Горан Стефановски, македонскиот Шекспир, селски националист и гастарбајтер , се последниот бастион од културата на СДС  ?!Чом , гаси светло. Толку….”, пишува популарниот Камиказа.

Камиказа објавува и видео во кое Попов вели дека ќе пали цркви а од предходно е познат негов пост каде пишува дека ќе коле твитерџика која е “полоша и од шиптар”.

“Сем што ќе пали цркви ќе коле и шиптари,бујрум линк од Nora Sam Shakiri Markovic Последниот подржувач на Шилегов Ете ова е тој за кого ме прашувате….Чујте и прочитајте….”, пишува Камиказа.

Видеото на овој линк

Рамадани ексклузивно за Телма: МЕПСО за еден месец ќе плати 15 МИЛИОНИ ЕВРА поради НЕДОЗВОЛЕНО преземање на СТРУЈА од европската мрежа

Преземаме струја од европската мрежа. Досега имаме 4 предупредувања за тоа преземање на струјата од седиштето во Швајцарија. Нивните анализи покажале дека нон стоп преземаме струја од мрежата што е недозволиво, изјави за Телма директорот на МЕПСО Крешник Рамадани.

Телма: Колку МЕПСО ќе треба да плати, која е сумата за тоа?

Рамадани: Според нашите пресметки до средината на октомври МЕПСО треба да плати околу 10 милиони евра. Таа сметка се пресметува до 5-ти наредниот месец, а се плаќа до 15-ти ноември. Ако продолжи овој тренд на зголемување, како што има, тогаш ќе биде над 15 милиони евра.

Директорот на МЕПСО во разговорот со новинарот на Телма, Огнен Чанчаревиќ појаснува дека потрошувачката е поголема од производството на електрична енергија, а набавка од добавувачите нема поради поскапените цени на берзата.

Интервјуто со Крешник Рамадани е објавено во вестите во 15:30.