Category Archives: Спорт

Се за спорт

(Фото) Нема потреба за тага: Фудбалерите се наши херои, ни претстојат многу победи!

И покрај поразот на „Драгао“ фудбалерите и стручниот штаб се нашите спортски херои. Фудбалска Македонија одново ја обедини државата и со победата над Италија нè направи горди, но вечерва немаше сили за ново чудо и го загуби финалниот бараж од претпоследнот европски шампион. Бруно Фернадеш ја покажа својата големина во Порто и со два гола го згасна мундијалскиот сон на Македонија.

Нема потреба за тага, поразот нека биде мотив плус за нови дострели на оваа Македонија

За Македонија во Порто се навива од срце! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Огромен број македонски навивачи се веќе во Порто. Вечерва ќе навиваат за нашите фудбалски херои од кои очекуваме пласман на Светското првенство.

На светот, се чини, нема други вакви навивачи. Сплотени, веејќи македонски знамиња и пеејќи македонски песни, навивачите вечерва ќе бидат најсилната поддршка за фудбалерите.

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините, кои се веќе пристигнати во португалскиот град. Таму веќе владее вистинска навивачка еуфорија.

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА КУРИР.МК

(Видео) Порто е македонски град!

Maкедонската репрезентација иако игра во Порто очигледно и вечерва ќе има одлична поддршка од трибините.

Денеска Македонија го игра својот историски меч против репрезентацијата на Португалија.

Нашите момци се само на 90 минути до историски пласман на Светското првенство во Катар.

Во моментов низ Порто кафичите се обоени во црвено и жолто бидејќи пристигнува македонската фаланга.

Голем број Македонци веќе со пиво во рацете и песна ги окупираа кафичите во Порто.

Погледнете во моментов што се случува низ Порто:

Брука – Се испотепаа Комити и Чкембари, има и повредени полицајци

Двете познати навивачки групи Комити и Чкембари започнаа физичка пресметка на трибините на СЦ Јане Сандански уште за време на ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Полицијата интервенираше и дербито продолжи, но навивачките групи ја довршија тепачката и по крајот на натпреварот.

Во моментов има физичка пресметка помеѓу навивачите на двата ракометни клубови на помеѓу хотел Хилтон и хотел Русија, каде очевидци информираат дека настанала вистинска брканица, се мавало со камења, а има и повредени навивачи и полицајци.

Сообраќајот во тој дел на Скопје е закочен, инфомациите велат дека има и оштетени возила.

(Видео) СТРАШНО: Синот на Шумахер доживеа несреќа – парчиња од возилото летале насекаде!

Квалификациите за Гранд При на Саудиска Арабија беа прекинати, со црвено знаме по големата несреќа во која учествуваше возачот на Хаас, Мик Шумахер, синот на познатиот Михаел Шумахер.

На четири минути и 58 секунди преостанати во Q2 од квалификациите, Германецот удри во ѕидот на свиокот 12. Q2 ќе продолжи веднаш штом патеката ќе се исчисти од остатоците од болидот.

Според Ф1, германскиот возач е свесен и зборува, но ќе биде однесен во медицинскиот центар на патеката Џеда Стрит.
Шумахер се бореше да се квалификува за Q3 кога на пет минути до крајот ја загуби контролата над својот автомобил и странично удри во ѕидот.

Ударот бил толку силен што менувачот се одвоил од моторот, а тимот на Хаас потврдил дека возачот е свесен, излезен од автомобилот и моментално е на пат кон медицинскиот центар.

РЕКА ОД НАРОД НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ (Видео)

На градскиот плоштад во Скопје пристигнаа македонските фудбалери.

На плоштадот река од илјадници граѓани излегоа да ги пречекаат народните херои.

Видео:

https://fb.watch/bZRg0WKB_u/

Видео од историскиот гол на Трајковски!

Македонската фудбалска репрезентација славеше на гостувањето кај Италија со 1-0 во полуфиналето на баражот за Светското првенство (СП), па така се избори за меч против Португалија.

Македонија во последните минути од натпреварот успеаа да ја затресат мрежата на Џанлуиџи Донарума и така да го шокираат европскиот шампион.

Човекот кој им пресуди на Италијанците беше Александар Трајковски во 92. минута.

Манчини: Поразот од Македонија е најголемото разочарување во мојот живот

Селекторот на Италија, Роберто Манчини беше комплетно разочаран по вечерашниот шокантен пораз од Македонија.

Тој ја предводеше селекцијата на „аѕурите“ до европскиот трон минатото лето, но сега четирикратниот светски првак втор пат по ред нема да игра на еден Мундијал.

„Победата на Европското првенство беше најсветол момент во мојата кариера. Ова што се случи вечерва е најголемото разочарување во мојот живот. Премногу сум разочаран за да зборувам за мојата иднина во моментов. Навистина сочувствувам со моите играчи. Човечки моите чувства за нив вечерва се зголеми уште повеќе“, изјави Манчини.

(Видео) Српскиот коментатор “еруптираше” по голот на Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација го победи светскиот шампион Италија со 1 спрема 0 на гостински терен.

Погледнете ја реакцијата на српскиот коментатор по голот на Трајковски: