Category Archives: Спорт

Се за спорт

Уапсен е пратеник – лажел за сѐ, дури и за верската припадност

Сантос е обвинет за злоупотреба на средства за кампањата, лажење на Конгресот за изворите на неговите приходи и мамење за да добие незаслужени бенефиции за невработеност, објавија денеска обвинителите.

Во обвинението се наведува дека Сантос ги охрабрил своите гласачи да му донираат пари, уверувајќи ги дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања. Наместо тоа, велат обвинителите, тој го потрошил на себе – купувајќи скапа облека и отплаќајќи кредитни картички и рати за заем за автомобил.

Сантос, исто така, е обвинет дека лажел за неговите финансии на официјалните документи на Конгресот и дека аплицирал за бенефиции за невработеност (кои ги добивал) додека бил регионален директор на инвестициска компанија која државата ја затворила во 2021 година, по обвинувањата дека тоа е т.н. Понзи шема.

Џорџ Сантос (34), кој ги зголемил финансиските приходи и ја разубавил својата биографија, призна дека измислил добар дел од својата биографија.

Овој конгресмен, кој себеси се опишал како „остварување на американскиот сон“,е обвинет и дека лаже за својата верска припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“ иако пораснал во католичко семејство. Против него се водат неколку истраги, во Конгресот, во Њујорк, па дури и во Бразил.

Иџе е македонска гордост: Втора сезонска победа и рекорд на патеката во Шпанија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе успеа да ја запише втората сезонска победа во ридско планинскиот шампионат на ФИА Европа.

Иџе во трите трки во Шпанија заврши со вкупно време од 5:54,765, со што запиша рекорд во својата конкуренција. Покрај првата позиција во својата група, Иџе имаше десетто најбрзо време во вкупниот поредок.

Кога се работи за генералниот пласман сезонава, по три трки Иџе е при врвот. Со две победи и едно второ место Стефановски е меѓу водечките во сите конкуренции, откако беше најбрз и во Франција, а втор во Австрија.

Последниот „танц“ на Гоце Георгиевски: Националниот дрес секогаш бил светост за мене

Уште еден репрезентативец од генерацијата која беше причината за убавите ракометни денови во кои уживавме и уживаме, генерација која со своите игри успеа да ги „зарази“ со ракомет и оние кои не беа големи фанатици, генерација која беше причина фановите традиционално во јануари да ги запалат своите автомобили и да минат илјадници километри за да ја бодрат Македонија, одлучи да се збогува со националниот дрес.

Гоце Георгиевски денеска (18 часот) пред домашната публика во СЦ „Борис Трајковски“ против Турција ќе го одигра последниот „танц“ за Македонија.

„Кога ќе го вратам времето и сите случувања, овие 16 години навистина брзо поминаа. Првиот ден кога заиграв за репрезентација бев возбуден, бидејќи играш за Македонија, го претставуваш националниот дрес. Ова не се промени и ден-денеска. Настапот за националниот дрес го гледав како светост затоа што многу малку играчи добиваат шанса да играат за своите земји, а јас бев еден дел од сето тоа. Кога ќе се земе фактот дека игравме Европски првенства, Светски првенства, квалификации за Олимпијада, играњето за репрезентацијата добива уште еден голем плус“, ни рече Георгиевски.

Повеќе на Спортмедиа мк

МОК со ЧЕТИРИ ГОДИНИ СУСПЕНЗИЈА за Борко Ристовски

Македонскиот Олимписки Комитет го казни долгогодишниот ракометен репрезентативец Борко Ристовски со четиригодишна суспензија, поради клеветите кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски.

Токму Димевски го пријавил голманот на Вардар за навредите на негова адреса за време на гостување на една македонска телевизија, по што следеше и состанок на Дисциплинската Комисија и изрекување на казната за Ристовски, за прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник.

Според одлуката, Борко Ристовски е казнет бидејќи „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.

Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.

Комити Драчево во свој стил… со огномет уште еднаш го прославија Велигден (ВИДЕО)

Подгрупата на навивачката група Комити, Комити Драчево, традиционално како што тоа е пракса години наназад, и овојпат со огномет и фешта во својата населба го одбележа верскиот празник Велигден.

Комити Драчево веќе се препознатливи по овој ден, што секако е првичмата идеја при остварувањето на оваа замисла.
Овој ден, ова славење да се претвори во традиција која што ќе биде препознатлива за овој дел од Скопје, и за оваа група на навивачи на Вардар.

https://www.facebook.com/100084167648721/videos/2170927133100948/

Загревање пред Ел Класико со „Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ (ВИДЕО)

Вчера вечер на „Камп Ноу“ се играше големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, дуел кој е исклучително важен во борбата за пехарот во Примера.

Вистинскиот фудбалски спектакл во кој на трибините имаше и македонски навивачи кои споделија дел од атмосферата во градот пред натпреварот.

Имено Наце Митев е познат како голем спортски фан, човек кој редовно прати, присуствува на голем број на натпревари, па токму тој на социјалните мрежи сподели како пред „Ел Класико“ ечат македонските песни „Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ „Ако умрам ил загинам“.

Имено натпреварот заврши во полза на Барселона, за вистинска среќа за сите нејзини навивачи.

Вардарци со песна го прославија првото место на табелата во Втората лига (Видео)

Maкедонската гордост Вардар е на добар пат да се врати онаму каде што му е местото-во Првата лига.

Кога ќе се погледне табелата во Втората лига срцето доаѓа на место – Вардар е лидер пред Воска.

Победата над Караорман со 4-1 Вардарци во соблекувалната ја прославија со „Бисер Балкански“ и со по некое пиво.

Погледнете го славјето.

Бронза за Дејан Георгиевски на „Бугарија опен“

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски оствари денес забележа нов успех и од Меѓународнио турнир „Бугарија опен“ се врати со бронза.Георгиевски поради повреда не можеше да се бори во полуфиналето против Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска.

„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница.Теквондо е фулконтактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно“, информираа од Македонската таеквондо федерација“, објави од федерацијата.

За две недели Георгиевски го чека нов предизвик и тоа на турнир во Белгија.

Барањето на Ѓоковиќ за влез во САД ОДБИЕНО бидејќи тенисерот не е вакциниран

На светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ му е забранет влез во САД бидејќи нема примено вакцина против ковид-19, па затоа изгледа ќе ги пропушти мастер турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Ѓоковиќ поднел документација и побарал посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран, но сенаторот Рик Скот од Флорида денеска на твитер-профилот објави дека неговото барање било одбиено.

„Ни беше кажано дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено и тој нема да може да учествува во Мајами следната недела. Претседателот Џо Бајден мора веднаш да го поправи тоа и да му дозволи да игра во нашата земја“,

Вардар загуби од Партизан, „Гробарите“ со провокации: Делчев е Бугарин, Македонија е Србија (ФОТО)

Партизан беше подобар и заслужено го доби мечот на теренот. Импресивен беше нивниот голман кој беше клучот за победата, Трнавац имаше 20 одбрани. Одлични беа и Зечевиќ и Петриќ кои постигнаа по осум гола. Кај Вардар, Талески даде девет гола, но немаше поддршка од другите, Карапалевски и Чувара постигнаа по три гола, Томовски имаше девет интервенции. Но, во салата доминираа провокациите од навивачите на Партизан кон Вардар. 

 На трибините имаа грчко знаме, велеа дека Гоце Делчев е Бугарин, а Комити е српско име. „Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари. 

 Тие скандираа и „Јужна Србија, никогаш Македонија“. Навивачката група на Вардар, „Комити“ имаа вистинско патешествие додека стигнат до Белград. Ги задржаа на српската граница неколку часа, а потоа полицијата бавно ги водеше до салата во Белград, влегоа во 55. минута од натпреварот. За времето колку што беа, успеаа да извадат една парола на која пишуваше: „Живо ви е кралството, колку и другарството“.