Category Archives: Uncategorized

“Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот, се враќам во Македонија”

Македонецот Орхан Мусевски реши да го напушти животот што го изгради во Германија и да се врати во татковината. Како што истакна, трошоците се зголемуваат, а од платата не може да заштеди ни 100 евра.– Кога ќе ми одземат 600 евра данок од платата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за собата од 15 квадрати. Зимно време поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара 650 евра, а кога дојдов јас платив 350 евра за такво сместување. Потоа почна војната во Украина, се поскапе и сега не успевам да тргнам ни 100 евра – вели Орхан Мусевски.

Како посочи, тој беше многу посреќен во својата земја.– Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот. Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Климата е подобра во Македонија, луѓе, јас бев посреќен, позадоволен во мојата земја. Заработуваш 400-500 евра, ама сите се порасположени од овде, насмеани. Но, секаде во нашата област е всушност подобро. Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се исто така добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ… Овде ретко се среќаваат искрени насмевки, а се верува само на пари – рече тој за хрватски Вечерњи лист.

Ниту на многу Германци не им е лесно, но за некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси, како во минатото, да се смират, да купат стан или нов автомобил – истакна тој.Орхан имал здравствени проблеми кои навреме ги решил. Како што истакна, скапите инјекции не ги платил од свој џеб и за тоа е благодарен, но и онака му е доста од Германија.– Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан, во мојата Македонија. Таму и цвеќињата различно мирисаат… – носталгичниот Орхан, кој не го запозна Берлин иако е во тој град повеќе од две години.– Многу е работа, осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија… Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. До станот патувам повеќе од еден час, кујната и бањата ги делам со четворица наши луѓе, од Македонија, Хрватска и Србија и сите се исти како мене.Дома ни ја прикажуваат телевизијата само негативното и верувавме дека овде е подобро, но овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би, тогаш кој би дошол да работи во Германија? – вели Орхан, кој играше фудбал во Македонија, а откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат поблиску до дома, некаде на Балканот

ЗАХАРИЕВА: Ново дно во РСМ – се гони учител оти носел деца да цртаат во Бугарија, тоа го има само во Русија, Белорусија и С. Кореја

Владата на С. Македонија стигна до ново дно: министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носел деца да цртаат во Бугарија, пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посетиле бугарскиот парламент и претседателството, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

– Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да прават очајнички потези за да се приклучат кон еден многу фамозен светски клуб. Учител може да биде гонет за такво дело само во Русија, Белорусија и Северна Кореја. А сите си мислевме дека на Балканот сме ја затвориле таа мрачна страница од историјата, напиша Захариева на својот профил на Фејсбук.

Оваа реакција доаѓа откако вчера, како што објавивме, деца од Македонија биле злоупотребени за политички цели во Бугарија. Станува збор за деца од ликовно студио Мал битолски Монмартр кои без знаење на родителите биле однесени на средби со Претседателот Румен Радев и Симеон Втори, синот на бугарскиот цар Борис Трети.

За истово пишува ДЕНЕШЕН

ХАОС ВО БРИСЕЛ! Повици да се излезе на улица како во Франција

Запалени автомобили и хаос на улиците на Брисел по вчерашните немири што избија по полициската рација во која биле приведени 10 млади лица.

Портпаролката на полицијата Илсе Ван Де Кеир, изјави дека во текот на денот на социјалните мрежи кружеле повици да се излезе на улица „како во Франција“.

Противпожарната бригада во Брисел ја опиша ситуацијата како „екстремно напната“, а белгиските власти најавија дека на улиците ќе бидат испратени дополнителни 40.000 полицајци.

Во Брисел моментално се одржува дводневен самит на шефови на држави и влади на ЕУ посветен на ситуацијата во Украина и миграциските прашања.

Во Франција избија немири откако полицијата уби 17-годишен тинејџер во едно париско предградие.

Македонците во албанско Стеблево-Клење сами го поправија патот и ги поканија политичарите: „Може да дојдат за глас“

Македонците од селото Клење област Голо Брдо деновиве самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што го поврзува со село Стеблево, што бил во многу лоша состојба.

-Сега, драги политичари можете да дојдете да го побарате гласот! Момчиња од Клење во припомош со две момчиња од Стеблево завршија колосална работа со пополнување на многуте ударни дупки и попесочување на патниот сегмент Стеблево-Клење, стои во објавата на Фејсбук страната на село Клење.

Во име на жителите месната заедница од Клење изразуваат голема благодарност до младите од нивното село, неколкуте од село Стеблево како и до иселениците Елион Форгали и Дурим Зуна кои во неможност лично да учествуваат испратиле други лица.

Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 села, главно населени со Македонци. Се вбројува во најнеразвиените области во земјата, каде и денес повеќето од населените места се поврзани со макадамски патишта.

,,Кое војување мори овцо една неписмена!“

Според Славјанка Петровска, сајбер нападите се дел од една голема хибридна војна која и се случува и на Македонија, пишува ИТ експертот Роберт Милески реагирајќи на ставот на министерката која хаосот со заштитата на државните дигитални податоци и заканите за бомби во училиштата ги поврзува со хибридна војна.

„Очигледно дека зборуваме за најсовремениот начин на војување, односно војување со неконвенционални средства“, вели Петровска, на што Милески реагира со предлог во кој Петровска непристојно ја нарекува по животно кое дава млеко и волна.

,,Кое војување мори овцо една неписмена! Само што ги спроведовте моите инструкции како да се постапи во ваква ситуација, ВЕДНАШ прекинаа сите закани. Еве вложете во мене, дајте ми 5 милиони евра што со едно напаствие ви го решив проблемот со кој бевте немоќни да се соочите повеќе од 6 месеци.

Овчички комуњарски.. блееееее..”, пишува Милески за чија реакција нема никаков демант од Министерството за одбрана, владата или Петровска.

Милески е ИТ експерт чија фирма работи во повеќе странски држави и соработува со глобални играчи во овој бизнис.

(Вознемирувачко видео) „Анима мунди“: Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор

„Анима мунди“ објави вознемирувачко видео на кое се гледаат две лица како измачуваат куче. Го држат врзано и го удираат со црево. Од „Анима мунди“ бараат најстрога казна и одземање на секое животно што го поседуваат овие лица.

„Ајде да видиме дали уште ќе јаде кокошки“, велат тие на видеото.

„Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор каков што не може да се објасни! Видео најдено на страната на Стефан Ташков од Радовиш во кое со ваква најава се гордее и јавно се фали. Итно најстрога казна и одземање на секое животно што го поседуваат овие малоумници и садисти, итна кривична одговорност! Итно спроведување инспекциски надзор на АХВ, полициски истраги во секој град и село во Македонија зошто пред очите на сите – неказнето – те со отрови, камшици, те со пушки, се спроведуваат убиства или се мачат живи битија, дела за кои секој би бил затворски санкциониран во секоја нормална држава во светот. Не да се тормозат и казнуваат активисти за секаква тривијалност и глупост, туку монструмите, кои се меѓу нас, кои фрапантно, без страв и срам ги прекршуваат Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон. Позиција за животни, најстроги казни за мачење и убивање на животните, нивна примена наместо празни зборови на хартија!“, велат од здружението.

Од таму додаваат дека институционалниот молк ги охрабрува социопатите, насилниците, како и дека институционалната зачмаеност е директен причинител и резултира во сериозни и неповратни општествени девијации во Македонија.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Вработените во МФ излегоа на протест: СИ ГО БАРАМЕ ПОКАЧУВАЊЕТО ОД 30% !

Протест на вработените во Министерството за финансии.

Вработените во Минситереството протестираат бидејќи не го добиле ветеното покачување на платата од 30 отсто, како што беше предвидено.

-На крај на денот, Министерство за финансии е столбот на една држава. Тие се одговорни да креираат политики, но тие се и чувари на средствата на државата и мора соодветно да мотивираме луѓе да останат во Министерство за финансии. Затоа, искрено, јас имам различно гледање на тоа што е многу и што е малку. Ако ме прашате дали 30 отсто за луѓето во Министерство за финансии или луѓето во мојот кабинет кои оперираа со портфолио кое веројатно ниедна друга институција го нема, ќе речам дека тоа е малку затоа што тие заслужуваат повеќе, рече вицепремиерот Битиќи минатата година.

Буџетот за 2023 година предвидува зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 отсто, во Министерство за образование за 29 отсто, во Министерство за одбрана близу 15 отсто, заедно 5 отсто предвиден раст на платите во целито јавен сектор.

Роналдо ги изненади фановите со својата реакција (ВИДЕО)

Реакцијата на Кристијано Роналдо откако фановите го снимале во ресторанот во којшто тој влегол, ги изненадила присутните.

Пред неколку денови популарниот фудбалер Кристијано Роналдо отишол со својата сопруга Џорџина Родригез во ресторан за да го прослават нејзиниот 29-ти роденден, а тоа што го дочекало ги воодушевило сите.

Штом фудбалерот влегол во ресторанот, опкружен со своите телохранители, сите ги извадиле своите телефони и почнале да го фотографираат и снимаат.

Како одговор, и Роналдо го извадил својот мобилен телефон и почнал да снима видео како фановите го снимаат, па потоа се насмеал и продолжил да оди напред.

Пред неколку седмици шпанската инфлуенсерка го израдувала Роналдо со скапоцен автомобил, а засега не е познато каков подарок ѝ купил славниот Португалец нејзе.

Меѓутоа, тоа што на сите им било изненадувачко е тоа што вечерта на која таа требала да биде ѕвезда пропаднала. Роналдо едноставно ја засенил својата девојка.

За оваа прилика Џорџина носела прекрасен, бел фустан којшто ги нагласувал нејзините облини.

Таа славела опкружена со семејството и пријателите, а странските медиуми пренесоа дека манекенката и фудбалерот не влегле во ресторанот во исто време. Прва стигнала славеничката со децата која имала сериозен израз на лицето.