Category Archives: Uncategorized

Хрватска ќе вработува луѓе од цела Македонија

Судејќи според најавите, Хрватите ги очекува уште една рекордна туристичка сезона придружена со недостиг на работна сила.

Тој недостаток би можел да се надомести со ангажирање работници од Македонија, пренесува Капитал.ба.

Со цел навреме да се обезбеди барем дел од неопходниот кадар, бизнис здруженијата на Дубровничко-неретванската жупанија покренаа иницијатива на македонскиот пазар.

„Има низа проблеми во нашата индустрија, но приоритет број еден и понатаму е недостатокот на работна сила. Ако немаме луѓе, се друго ќе ни биде проблем. Врз основа на искуства од претходните години, квотите што ги имаме има за странците, тоа што на работодавачите повеќе им одговараат работници од поблиско соседство поради јазикот и сличноста во менталитетот, сфативме дека македонскиот пазар ни е многу важен“, вели претседателот на Стопанската комора и еснафот на угостителско-туристички работници од Дубровничко-неретванската жупанија, Николина Фарчиќ.

Овие здруженија објавија анкета на своите веб-страници и апелираат до бизнисмените, угостителите и останатите туристички работници да одвојат малку време и да одговорат на прашањата кои на крајот треба да дадат одговор со какви проблеми се соочуваат и како заеднички да го решат проблемот.

За своите искуства со работниците од македонскиот пазар, познатиот дубровнички ресторан Ѓани Бановац вели дека минатата година бил принуден да увезува работна сила и има исклучително добро искуство од тој пазар.

“Дојдов до идеја дека можам да го споделам моето искуство и да им помогнам на нашите компании и угостители да најдат работници. Затоа ги повикуваме сите да одговорат, да видиме како можеме да се соочиме со проблемите со кои се среќаваме во нашата работа. Ова е еден вид лакмус за проценка на состојбите, а покрај соседните земји, овој пат се засновавме на Македонија затоа што мислам дека овие работници ни се поприфатливи.Сепак ни требаат луѓе кои го зборуваат нашиот јазик, а за некои занимања како келнери , тоа е клучно“, вели Бановац, додавајќи дека целта на истражувањето е да им помогне на сите ресторани да најдат квалитетна работна сила.

Овие проблеми досега претприемачите ги решаваа поединечно со одредени агенции кои се појавија на пазарот.

По добивањето на одговорите на прашалникот ќе можат да се определат за агенциите веќе за оваа сезона, а особено за претстојните.

„Иницијативата за барање работна сила започна минатата година кога прашав за работници преку нашата Завод за вработување и од 57 апликации не добив ниту една. Потоа се свртев кон комуникација со претставник во Македонија. Прво вербално, па потоа ќе разговаравме на околу сто луѓе. Избрав неколку од кои бев исклучително задоволен“, рече тој.

Што се однесува до досегашната практика на увоз на работна сила, таа функционира кога станува збор за Заводот за вработување, но од минатогодишното искуство се појавија проблеми при пријавувањето во Управата на полицијата.

„Токму затоа треба да се сменат законските прописи за да биде пооперативна и да се спречи голема гужва при издавањето на работните дозволи“, вели Николина Фарчиќ.

Интересот на работниците во Македонија да дојдат на југот на Хрватска е голем. Минатата сезона работеа околу 890 вработени од Македонија и беше воспоставена одлична соработка и добри односи меѓу работодавачите и работниците.

„Сместувањето секогаш ќе ни биде предизвик затоа што тоа е проблем и за локалното население, не само за оние кои доаѓаат. Рестораторите се снаоѓаат како знаат и умеат, некои дури и го жртвуваат сопственото сместување за да го решат тој проблем велат соговорниците на порталот Капитал.ба.

Ќе го откопуваат Колумбо за да докажат дека е Шпанец

Шпанските научници ја отворија гробницата на свештеник од 15 век и му ги ексхумирале коските во обид да ја тестираат теоријата дека Кристофер Колумбо потекнува од северозападниот шпански регион Галиција, а не од Република Џенова.

Иако општо се верува дека Колумбо е роден во Италија во 1451 година, некои тврдат дека тој всушност е роден во Шпанија, или во Галиција, Каталонија, Валенсија, Мајорка или Гвадалахара, додека други тврдат дека всушност бил Португалец.

Неодамна, тим од конзерватори, археолози и форензички антрополози кои работат во црквата Сан Мартин де Собран во галицискиот град Вилагарсија де Аруса ја отворија гробницата на Јохан Марињо де Соутомајор, благородник и архиѓакон кој можеби бил роднина на Колумбо, пишува Гардијан.

ДНК ќе биде извлечена од седум фрагменти од коски извадени од гробницата, а потоа ќе се спореди со примероците земени од посмртните останки на Колумбо и оние на неговиот брат и неговиот син. Истражувачите собрале и примероци од коски од друга црква во областа каде што се верува дека се закопани други можни роднини на Колумбо.

Нови вртоглави цени на горивата: Дизелот поскапува за 3, а бензините за 2.5 денари

Бензинот  ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар,  ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари, а за три денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), одлучи денеска Регулаторна.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари, а за три денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89 денари за литар, а 91 денар на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар Екстра лесно масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продава за 97 денари, а по 100,5 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,668 денари, и ќе изнесува 51,920 денари за килограм.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно со Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,43 проценти.

Џамбаски: Се распадна Југославија, време е да се урне и македонизмот

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно провоцираше на својот фејсбук профил, каде напиша, 

За последен пат, Цар Борис III обединител е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите.

Тој по повод случувањата околу отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид му одговори и на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи:

„Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда на Коминтерната не можат да ја променат историјата. И тоа покажува дека бугарските чети биле пречекани како ослободители со цвеќиња и бугарски песни. Иван Михаилов, кој го мразат сите Македонци, вели: ‘Кога во 1941 година се отворија бугарските училишта во Македонија, никаде немаше бунт и не се бараа други училишта’.

Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од колапс на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите. Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, напиша Џамбаски.

Meџити ја доби првата битка – Артан Груби ги пакува куферите

Дали ДУИ ќе му се заблагодари на Артан Груби па и тој заедно со Горан Милевски ќе си замине од Владата е прашање кое веројатно ќе добие одговор на седницата на партиските тела на ДУИ која е закажана за 15 октомври.

Прва победа на огнената група

Ахмети очигледно беше ставен во тесно па прифати партијата по речи си 3 години да избере нови органи.
-Денеска имавме разговор со долгогодишнте соработници, со нив сум поминал во многу битни процеси, во многу успеси. Разговаравме и во суштина дебатата се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има Централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштето на ДУИ каде што ќе меѓу другото ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ, изјави Ахмети на прес-конференцијата придружуван од „Огнената група“ предводена од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.

Претседателство на ДУИ два дена пред седницата на Собранието

Датумот 15 октомври доаѓа за само 10 дена од денеска и веројатно има причина зошто по толку чекање интегративците сега решија набрзина да се состанат и да изберат нови партиски органи кои пак нема да имаат некој значителен простор за да владеат со партијата имајќи предвид дека ДУИ ќе оди на редовен конгрес во декември идната година.
Но, 15 октомври е датум кој доаѓа на само 2 дена пред пленарната седница на Собранието која Џафери ја има закажано за 17 октомври. На неа, отсега се знае дека ќе биде констатирана оставката на Горан Милевски па нема да биде никакво изненадување ако на оваа седница се констатира и оставката на Груби но и на уште некој министер од ДУИ по одлуки кои викендот претходно би ги донело Централното Претседателство на ДУИ.
Предводникот на „огнената група“ Изет Меџити вчера по средбата со Ахмети рече дека е задоволен од договореното без да прецизира детали дали тоа подразбира дека е договорено Артан Груби да почне да си ја пакува канцеларијата.
„ Дебатата ќе се врати во ДУИ, органите ќе одлучат за тоа што понатаму со нашите барања, рече Меџити.

Реконструкција на Владата

Ако дебатата резултира со заклучок ДУИ да му се заблагодари на Груби за ангажманот во Владата, познавачите на состојбите во Мала Речица се на став дека не треба да се исклучи можноста заедно со него да замине и уште некој министер на ДУИ.
Иако премиерот Ковачевски тврди дека реконструкција нема да има, и на Бихаќка отворено се зборува за проветрување на владиниот кабинет а во игра се неколку имиња меѓу кои Вицепремиерката Грковска, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и првиот човек во земјоделие Љупчо Николовски.
Секој од нив поединечно демантираше дека се разгледува нивна смена, но во ситуацијата во која во моментов се наоѓа Владата, нивните позиции немаат некоја поголема тежина, особено ако првиот министер се реши за некоја посериозна реконструкција на кабинетот која би вклучила и рокада на ресори.
Во СДСМ веќе подолг период се разговара за потребата од освежување, имајќи ги предвид слабите перформанси на Владата на речи си сите полиња. Првично планот беше освежувањето да дојде во пониските ешалони но, ако тргне возот во ДУИ, големи се шансите примерот да го следи и СДСМ.
Многу од овие дилеми одговори ќе добијат следниот викенд по седницата на Централното претседателство на ДУИ и Собраниската седница која доаѓа во понеделникот по овој викенд.

15 години од последниот концерт на Тоше Проески

Под наслов „Со љубов за Тоше“ вечер од 19:00 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда.

Голем број негови пријатели и музичари ќе ги изведат неговите безвремени песни. Пред најавената многубројна публика и фановите на Тоше кои во Крушево ќе дојдат од цела земја, ќе настапат: Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Јоце Панов, Омар Џафероски, како и солистите на НОБ Билјана Јосифов и Влатко Груески, во придружба на Камерниот оркестар на Битола и бендот на Тоше, кој се собра повторно во чест на Тоше.

Настанот е во спомен на последниот концерт којшто Тоше го одржа во Скопје на 5 октомври 2007 година, пред неговото трагично загинување во сообраќајната несреќа на 16 октомври пред 15 години.

Пред почеток на концертот изведувачите и солистите ќе положат цвеќе на гробот на Тоше.

Организатор на концертот е Спомен-домот на Тоше, а е финансиски поддржан од Министерството за култура. 

ГУГЛ“ ЌЕ ИНВЕСТИРА 2,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ГРЦИЈА И ЌЕ ОТВОРИ 20.000 РАБОТНИ МЕСТА

„Гугл“ објави дека ќе воспостави своја инфраструктура за услуги во облак (cloud services) во Грција, давајќи ѝ поттик на земјата во обидите да стане светски технолошки центар.

Договорот предвидува инвестиции од 2,2 милијарди евра и отворање околу 20.000 работни места до 2030 година, кажа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Пред две години, и „Мајкрософт“ најави дека ќе гради три центри за податоци во областа на Атина, во инвестиција вредна една милијарда долари.

Како што беше кажано, новата инвестиција ќе им овозможи на организациите подобро да ги користат нивните податоци, ќе помогне да се намали латентноста и ќе ја зголеми безбедноста на корисниците од сајберзаканите.

Клауд одделот на „Амазон“ исто така ја отвори својата прва канцеларија во Грција лани.

„Голф“ падна од мост на Вардар- најверојатно имало и патници, ангажирани се нуркачки екипи (фото)

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС.

МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кризи.