Tag Archives: ЈСП

ВНИМАВАЈТЕ НА ЛИЧНИТЕ РАБОТИ! – Објавен крадец што пустошува во автобусите низ Скопје (Фото)

На Твитер е објавена фотографија на човек кој како што се вели „стои по автобуски станици, влегува во автобуси низ гужва и краде“.

Вакви случки има често низ автобусите во главниот град, заради процедури и времетраење додека да дојде полицијата и да се направи записник, голем број од граѓаните и не ги ни пријавуват ваквите прекршоци.

Тоа не ги обесхрабрува граѓаните да го прават тоа на социјалните мрежи.

Внимавајте на овој човек и на личните работи.

Возач на автобус сними видео порака до директорот на ЈСП: Со 15 години работно искуство, за мизeрни 20 илјади паркирам автобуси…

-Почитуван директоре на ЈСП, нека види цела македонската јавност каков директор си ти. Јас сум возач со 15 годишно работно искуство, ме тераш да работам како паркирач за мизерни 20 илјади денари,  јас што автобусот го возам со затворени очи, а некои деца што пред неколку месеци положиле што немаат ни ден работно искуство им даваш да возат луѓе низ градов. Значи свесно во смрт ги праќате граѓаните.  Има линии како 53,25 кај што не смее да се згреши, една грешка и се оди право во смрт. За тоа ве замолувам да ми се овозможи да возам на линија и најпрофесионално да си ја извршувам работата, вели возачот Игор Алексиќ како порака до директорот на ЈСП Скопје.

Советот на Град Скопје ја изгласа одлуката за давање субвенции на ЈСП-Од утре ќе има автобуси

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница едногласно ја изгласа одлуката за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје со којашто практично се овозможува исплаќање на платите на вработените во претпријатието .

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница едногласно ја изгласа одлуката за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје со којашто практично се овозможува исплаќање на платите на вработените во претпријатието и се прекинува протестот на возачите поради кој денеска не функционираше јавниот сообраќај во градот. Градоначалничката Арсовска побара да се подмират долговите на сите институции што должат на претпријатието.

– Советниците ја изгласаа одлуката со полно мнозинство. Она кое што ме радува е дека конечно гледаме консензус по едно прашање. Тоа е дека она што во изминатите 30 години се случувало во едно од јавните претпријатија и кое се руинирало, практично сега имаме консензус дека треба конечно да се помогне, рече во изјава за медиумите градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа додаде дека со одлуката на денешната седница на градскиот Совет ќе се обезбедат средства кои ќе бидат замена за оние планирани средства што кон ЈСП Скопје ги немаат подмирено должат Владата, односно МОН и општините

– Со тоа ќе се обезбеди тие практично до крајот на годината да немаат вакви проблеми каков што е овој што се случи со доцнењето на платата месецов од пет дена, изјави Арсовска.

Градоначалничката исто така рече дека ќе се бара соодветна одговорност, како што кажа, на тешката финансиска состојба во која е доведено ова јавно претпријатие и мултимилионските долгови кои ги има генерирано. Според неа, тоа се долгови што се провлекуваат повеќе од деценија.

– Ние како Град Скопје бараме одговорност и од управните одбори кои верувам дека треба малку поагилно да ја вршат својата работа, да не ги блокираат работите на овие јавни претпријатија, затоа што сепак од граѓаните тие ги земаат своите паушали, рече Арсовска.

Во однос на прашањето кога ќе се исплатат платите на вработените во ЈСП, Арсовска посочи дека Град Скопје ја завршува својата процедура и дека средствата ќе бидат пуштени, како што кажа, или денеска или утре, во зависност од Министерството за финансии.

Таа информираше дека ова се средства кои се неопходни за да се обезбедат плати за вработените до крајот на оваа година.

– Меѓутоа, одговорноста треба да ја побарате кај сите оние кои во оваа држава не си ги плаќаат сметките, односно не го плаќаат она кое што треба да го исплатат кон ЈСП за да тоа може да функционира како што треба. И за долговите и сето она што е правено во овие изминати години наназад, за девастирањето на претпријатието, треба да си побараме одговорност и треба да се побара оној кој си должи да си ги исплати сите оние долгови кои ги има кон ЈСП, додаде Арсовска.

Таа исто така нагласи дека досега имало случаи кога се доцнело не само по пет дена, туку и по многу повеќе денови па никогаш не бил прекинат јавниот превоз за скопјани.

– Она кое што сакам да го кажам е дека ова кое што го гледаме денес е нешто кое што е срамно. Меѓутоа, вината треба да се бара онаму каде што таа треба да си се лоцира и точно треба да знаат граѓаните кој е одговорен. Штом не одговарате на оваа коалиција од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ во истиот момент веднаш следуваат блокади и следува ова кое што го гледате. Таму долговите постојат повеќе од 10 години, секој еден директор којшто работел и којшто раководел бил поддржуван, биле давани од страна на владата и по 360 милиони денари дотации за да може да се сервисираат долговите, сега првпат се укинуваат прво на 120 милиони па на нула за оваа година, истакна Арсовска.

Во однос на најавеното поднесување кривична пријава против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на ЈСП, Арсовска одговори дека тоа што е најавено доследно ќе се почитува.

– Ќе се преземат постапки затоа што заштитата на јавниот интерес е пред се и никој поединец нема право да го наруши јавниот интерес за она кое што го видовме дека се случуваше денеска. Верувам дека она што треба да го направиме сите заедно како општество е да преземеме мерки и да сфатат овие политичари денеска дека јавниот интерес, интересот на граѓаните е пред се, дека треба да престанат да се препукуваат едни меѓу други и да наоѓаат решенија, а не да креираат проблеми, рече градоначалничката Арсовска и побара одговорност од Управниот одбор којшто, како што нагласи, секој месец за едно појавување зема по стотици евра за нивната седница.

Претседателот на Синдикатот за сообраќај и врски при ЈСП, Миќо Стојановски, рече дека со самото излегување од кабинетот на градоначалничката откако е постигнат договорот пред одржување на седницата на Советот, вработените во двете автобази биле известени за одлуката и веќе сите автобуси на ЈСП се пуштени на улиците на Скопје.

– Утре на трансакциските сметки на вработените ќе биде исплатена септемвриската плата и ме радува тоа што се обезбедени средства од буџетот на Град Скопје за наредните три плати што значи дека ќе нема потреба повеќе да чекаме 15-ти за да тие средства бидат доделени на вработените, а уште повеќе ме радува тоа што во ребалансот за буџетот за 2023 година јавниот градски превоз и ЈСП ќе бидат побогати за 360 милиони денари затоа што тоа се пари кои во минатиот период да не речам дека беа скриени, туку беа фантомски, информираше Стојановски.

„Ќе се самоубијам, гласачка книшка имам, а уште јадам од парите на татко ми“ – напишал заканувачот во ЈСП

Порталот МКД.мк дојде до меилот кој ги предизвика хаос утрово во Скопје. 

„Здраво. Јас сум Ј.И. Подолго време размислувам на самоубиство. Не можам веќе да го поднесам мојот живот. Вработен сум во ЈСП, немам плата на време со месеци. Гласачка книшка имам, а уште јадам од парите на татко ми. Се претворив во нов човек. Ќе горам во пеколот, не постои ништо што ќе ме спречи. Пробав да се молам на Алах и одам во џамија, но ништо не ми помогна. Земав рачна бомба и ја поставив во еден од двокатните автобуси на скриено место. Знам, ќе експлодира пред протестот утре. Ќе загинат многу луѓе. Го планирав ова многу долго време и сега е спремно. Колку убаво ќе биде кога конечно го испуштив бесот и заврши мојата агонија. Знам дека нешто не е во ред со мене, заборавам работи, се дрогирам и гледам мали деца на работа. Ако не фатите пред да успеам во мисијата нема ништо да признаам. Се знам, но не можам да го сменам ова или да ја стопирам својата мисија. Ова е мое време, луѓе мора да загинат”, стои во испратениот мејл од заканувачот до кој дојде редакцијата на МКД.мк. 

Муча: Директорот на ЈСП ми се закани и ми кажа дека сум бомбаш, ќе добие тужба

Претседателот на Независниот возачки синдикат на ЈСП, Африм Муча кажа дека добивал вербални закани од страна на в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски.

Муча кажа дека Стојковски го обвинил дека тој е виновен за инцидентот со дојавата за бомба во автобус на ЈСП.

„Дојдовме во 7.30 часот заедно со колегите по дојавата за бомба. Само што стигнав, имав инцидент со директорот Александар кој ме обвини дека сум бомбаш. Утре ќе му поднесам пријава“, кажа Муча.

„Утре се договоривме да дојдеме со семејствата во 4.30 часот сабајле. Градоначалничката и Градот Скопје земаа плата, они се со полни стомаци, ние сме гладни. Денеска е 19-ти, кога ќе добиеме плата, кога ќе јадеме? И ние имаме деца како што она има деца и како што директорот има деца. Веќе отиде и октомври месец, немаме земено за септември“, изјави Африм Муча, претседател на независниот синдикат на возачите во ЈСП Скопје, на денешната прес-конференција.

По барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје. Барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ е да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП „Скопје“.

„Бараме градоначалничката Данела Арсовска заедно со надлежните сектори до петок до 12 часот да донесе одлука за пренамена на пари за ЈСП ‘Скопје’ како би се овозможило непречено функционирање на претпријатието и исплата на плата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без јавен превоз“, стои во иницијативата за свикување вонредна седница, која ќе се одржи денеска во 14 часот.

Aко денес не добијат плата, вработените во ЈСП со семејствата ќе штрајкуваат изутрина

Вработените од ЈСП и покрај проверките од полицијата по дојавата за бомба во некој од градските автобуси, го одржаа штрајкот и најавија дека доколку не добијат плата денес, ќе се појават пред гаражите во Автокоманда заедно со своите семејства рано изутрина во 4.30 часот.

А денес информираа дека ќе упаднат на вонредната седница на Град Скопје закажана за 14 часот.

„Да не се повторуваме, вработените во ЈСП се гладни, гладни се и нивните семејства. На денешната средба што ја имавме трит репрезентстивни синдикати, се договоривме денес да влеземе на вонредната седница на град Скопје во 14 часот. Но, 14 часот е доцна за да некој одлучи ние да добиеме плата.

Ако не добиеме плата, ние со нашите семејства ќе излеземе на протест пред оваа гаража рано наутро во 4.30 часот. Тоа значи дека автобусите нема да излезат да возат. Сите сме гладни и не можеме да си ги извршуваме своите обврски. Нашиот револт ќе го изразиме од политичките препукувања. Јас се надевам дека ќе седнат да се договорат.

Законскиот рок за плата е 15-ти во месецот, помине ли овој датум, автобус на ЈСП нема да излезе на линија “ истакна Миќо Стојановски, Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските (СРСВМ).

Вработените во ЈСП денеска на протест пред Влада: Нема да возиме додека не ни се дадат плати

Денеска точно напладне протест пред Владата. Вработените во ЈСП Скопје ќе протестираат пред владината зграда поради неисплатени плати.

-Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од денеска,12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП, соопшти вчера генереланиот секретар при Град Скопје, Зоран Глигоров.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека автобусите на ЈСП ќе се постават пред сите институции и ќе блокираат сообраќај, се додека државата не го исплати долгот кој го има кон ЈСП.

– Ние ќе отпочнеме со сите постапки кои што се во наша надлежност, а тоа е ќе им ги паркираме автобусите на ЈСП пред Владата и пред останатите институции кои ги блокираат процесите и на тој начин да овозможиме бесплатен јавен превоз за граѓаните и се додека не ги реализираме овие работи кои што тие ги долгуваат нема да се поместат автобусите од пред надлежните институции од каде што треба да се добијат овие средства, порача вчера Арсовска.

Од владата на Република Северна Македонија вчера најостро ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон ЈСП – Скопје, како што обвинува раководството на ова јавно претпријатие

Ги повикуваме локалните самоуправи кои ги користат услугите на ЈСП – Скопје подобро да ги менаџираат своите буџети и редовно да ги подмируваат долговите кон јавното претпријатие, за да не се доведе во прашање неговото нормално функционирање во услови на економска и енергетска криза, велат од Влада.

„Ние секојдневно навремено ги извршуваме обврските, но гладни не можеме да возиме или да ги сервисираме возилата. Состојбата е лоша, немаме земено плата, а знаеме дека не чекаат и тешки зимски месеци и затоа на овој начин кажуваме дека бараме навремено да ни исплаќаат плати не само сега туку да се обезбедат пари и за наредните месеци. ЈСП нема пари, зависиме од Град Скопје. Ако Градот не најде пари за нас ние нема да возиме и Скопје ќе остане без јавен превоз. Ќе нема ниту кој да ги поправа возилата на Пожарна оти од пред некој месец и тоа е наша обврска“, вели Миќо Стојановски претседател на синдикалната организација на ССМ при ЈСП „Скопје“.

Вработен во ЈСП приведен за пријавената бомба во автобус, утрово нема автобуси се доцни на работа и на училиште

Едно лице е приведено под сомнение дека е испраќачот на пораката дека во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие има бомба. Од ЈСП соопштија дека од утринава, по налог на МВР, сите возила се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата. Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. Во главниот град утрово е хаос поради јавниот превоз, нема автобуси, а се доцни и за на работа и за во училиште. 

Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР. ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието“, велат од ЈСП. 

За денеска на пладне е закажан протестот на вработените во ЈСП заради неисплатената септемвриска плата.

„Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од денеска,12 часот ќе почне со протест пред Влада сѐ до подмирување на долговите кон ЈСП”, соопшти вчера генереланиот секретар при Град Скопје, Зоран Глигоров.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека автобусите на ЈСП ќе се постават пред сите институции и ќе блокираат сообраќај, сѐ додека државата не го исплати долгот кој го има кон ЈСП.

Од Владата вчера соопштија дека немаат долг кон ЈСП – Скопје.

„Ги повикуваме локалните самоуправи кои ги користат услугите на ЈСП – Скопје подобро да ги менаџираат своите буџети и редовно да ги подмируваат долговите кон јавното претпријатие, за да не се доведе во прашање неговото нормално функционирање во услови на економска и енергетска криза”, соопштија вчера од Владата.

Арсовска ја обвинува Владата, ако не дадат пари УТРЕ ЈСП НЕМА ДА ВОЗИ

Скопје утре ќе остане без јавен превоз ако Владата не го подмири долгот за ученички билети, кажа секретаторот на Град Скопје Зоран Глигоров. Тој наместо градоначалничката Данела Арсовска во просториите на Градот одржа прес-конференција, на која кажа дека виновни за тоа што ЈСП Скопје нема плата се Владата и Министерството за образование. Затоа, тие утре ќе излезат на протест пред Влада.

-За ученички билети ни се должат 120 милиони денари. Мора секој да си ги подмирува обврските за да може претпријатието да функционира. Нас на овој начин ни се прави притисок“, кажа Глигоров.

Имено пред неколку дена од синдикатот на ЈСП Скопје истакнаа дека ако нема пари за плати нема да возат повеќе, а граѓаните ќе останат без автобуски превоз, од претпријатието посочија дека плата ќе има деновиве.

По денешната пресконференција на Глигоров јасно е дека Градот Скопје не може да ги сервисира обврските на ЈСП.

Возачите на ЈСП нема да возат бидејќи НЕМААТ ЗЕМЕНО ПЛАТА, од претпријатието велат деновиве ќе има

Возачите и сервисерите на автобуси од ЈСП „Скопје“ најавија дека Скопје во наредните денови може да остане без јавен превоз доколку не им биде исплатена плата. Велат дека уште немаат земено плата за месец септември, и дека ова не е прв пат да се доцни со исплатите, пренесува порталот СДК

„Ние секојдневно навремено ги извршуваме обврските, но гладни не можеме да возиме или да ги сервисираме возилата. Состојбата е лоша, немаме земено плата, а знаеме дека не чекаат и тешки зимски месеци и затоа на овој начин кажуваме дека бараме навремено да ни исплаќаат плати не само сега туку да се обезбедат пари и за наредните месеци. ЈСП нема пари, зависиме од Град Скопје. Ако Градот не најде пари за нас ние нема да возиме и Скопје ќе остане без јавен превоз. Ќе нема ниту кој да ги поправа возилата на Пожарна оти од пред некој месец и тоа е наша обврска“, вели Миќо Стојановски претседател на синдикалната организација на ССМ при ЈСП „Скопје“.

Вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз, велат од ЈСП.
Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП.
Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието.

И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници.
Во меѓувреме, и покрај сите околности, економската криза и констатниот пораст на цената на горивата, висината на цената на билетите остана иста, а нема редукции на возниот ред, реагираат од ЈСП.