Tag Archives: Бугарија

БУГАРСКИ ИСТОРИЧАР: Да не преминевме во антифашистичката коалиција границите на Југославија ќе беа до Софија!

Соседните земји можеа да бараат бугарска територија доколку Бугарија не влезеше во антифашистичката коалиција за време на Втората светска војна, тврди бугарскиот историчар Нако Стефанов, пренесува Спутник.

Како што потсети, Бугарија до септември 1944 година беше на страната на силите на оската во Втората светска војна, бидејќи во 1941 година дозволи германските сили да бидат стационирани на нејзина територија. Учествуваше и во задушувањето на отпорот во Југославија, а бугарската администрација беше формирана на територијата на денешна Македонија, Грција и Србија.

Но, како што тврди тој, доколку останеше на страната на силите на Оската и не се префрлише на страната на СССР, исходот од Втората светска војна за Бугарија ќе беше сосема поинаков.


„Замислете Југославија и Грција, кои настрадаа за време на војната од фашистичка Бугарија, да се обединат – каде ќе минува границата? Можеби дури и на само 10 километри од Софија. „Не можам ни да замислам каква би била Бугарија денес“, рече тој.
Стефанов оцени и дека ваквиот расплет на настаните би бил катастрофа за Бугарија.

Македонец убиен во Бугарија – Избоден со колец до смрт

Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста беше објавено дека македонски државјанин е избоден со колец до смрт во Бугарија.

Од МНР велат дека според првичните информации кои Амбасадата на Македонија во Бугарија ги добила од надлежните институции во текот на вчерашниот ден е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Македонија.

-Амбасадата на Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, информира МНР.

„Бугарија одбива да спроведе 16 пресуди на Стразбур, на Македонците им е забрането да го користат и да го учат мајчиниот јазик“

Ова е многу важен извештај. Како што јасно се вели во неговото резиме: „Оваа работа се појави во контекст на зголемената меѓусебна поврзаност помеѓу улогите на Европскиот суд за човекови права, националните уставни судови и Судот на правдата на Европската унија. Со оглед на отсуството на јасна уставна хиерархија меѓу овие јурисдикции, ние се занимаваме со еден вид „конституционализам на повеќе нивоа“.

Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото обраќање во Совет на Европа.

Според него човековите права во Европа не се тринасочна улица, тоа е еднонасочна улица!

– Националните уставни судови, како и Судот на правдата на ЕУ, мора да бидат во согласност со Европскиот суд за човекови права, како најважен европски суд за заштита на човековите права. Исто така, потребни се подобрувања за да се осигура дека домашните судови соодветно се ангажираат со судската пракса на Европскиот суд за човекови права при примената на човековите права на домашно ниво – вклучително и преку тоа да се направат достапни насоките од Судот на сите јазици на Советот на Европа, рече Николоски.

Николоски додава дека една земја – членка – Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа.

– Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права, изјави тој.

Нагласи дека во извештајот јасно е напишано дека – речиси сите земји  одговориле дека нивните судови се повикуваат на Конвенцијата кога одлучуваат за прашањата за човековите права, во истата реченица во извештајот за Бугарија и неколку други земји се вели – сепак, степенот до кој Конвенцијата и/или одлуките на Европскиот суд за човекови права се почитуваат, се разликува.

– Се согласувам со овие позиции во извештајот и мислам дека тие треба да бидат поцврсти во формулацијата и подиректно да бараат од земјите како Бугарија целосно да го прилагоди својот политички систем и истиот да биде во согласност со Европската конвенција за човекови права и да ги почитува човековите права на сите националните малцинства, вклучително и Македонците. Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо, вели Николоски.

Николоски посочи дека велосното почитување на Конвенцијата и националниот уставен поредок не е антитетично, туку е целосно комплементарно. Собранието треба да смета дека приоритет во Советот на Европа треба да биде зајакнувањето на правниот и моралниот авторитет на Конвенцијата.

Ване Цветанов избега во Бугарија – Не сум виновен но ќе ме затворат

Поранешниот функционер Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Бегството го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија Нова.

 Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години – вели новоосвестениот Бугарин во интервјуто.

На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече:

– Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад – категоричен е тој.

ПЛАЧКИ – Централниот регистар го избриша бугарскиот клуб “Иван Михајлов”!

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија.

Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Бугарија ќе бара да МЕНУВАМЕ УЧЕБНИЦИ – Призна Јотова

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ја обвини македонската влада дека „не сака да стави крај на говорот на омраза кон сè што е бугарско“.

Како што пренесува „Bg on Air“, Јотова истакнала дека „властите во Скопје не сакаат да донесат конкретни одлуки во однос на таканаречените „кривични дела“.

„Прифаќањето на францускиот предлог од страна на Република Северна Македонија беше последниот позитивен чекор во процесот на пристапување на РСМ во ЕУ. Оттогаш сите активности за мене се вратија назад! Заедничката историска комисија не функционира, ниту има промена во учебниците за кои инсистираше бугарската страна, ниту пак за останатите тврдења на Бугарија, кои се напишани црно на бело и на заедничкиот протокол“, рекла Јотова.

Бугарската потпретседателка не очекува бугарското малцинство да влезе во македонскиот Устав.

„Имам чувство дека се прави намерна кампања за да се спречи нашата заедница да се впише во основниот закон на Република Северна Македонија“, рекла Јотова, додавајќи дека ова е експлицитно пишан услов за да се одржи првата меѓувладина конференција и „за Македонија да ги започне вистинските преговори за влез во ЕУ“.

(Видео) Бугарскиот историчар со шамар за политичарите: Делчев умре за Македонија!

Васил Левски е најголем бугарски херој иако тој никогаш не бил бугарски државјанин, тој целиот негов живот бил поданик на неговото величество, Султанот. Гоце Делчев никаде не спомнува Бугарска држава, тој зборува за Македонска држава, тој умрел за слободата на Македонија, вели во гостување во македонската програма во Мелбурн бугарскиот академик и историчар, Димитар Атанасов.

– Делчев никаде не дава основ на Бугарија да каже дека тој сакал слободна Македонија за подоцна да се приклучи кон Бугарија. Идеалот на Гоце се исполни, останува да се исполни и идеалот за добри односи меѓу балканските народи, вели Атанасов.

Бугарски лобисти барааат ЕУ да прогласи „Ден на Бугарија за спасувањето на Евреите“

Бугарија очигледно не губи време да ја прикаже својата вистина за депортацијата на Еврерите и го користи (злоупотребува) членството во ЕУ.

Најновата иницијатива доаѓа од бугарски лобисти на чело со извесен Џераси кои испратија инцијатива до ЕУ да се прогласи Ден на Бугарија за спасувањето на Евреите“.

Дека оваа инцијатива е во напредна фаза говори и тоа што предлогот е веќе испратен до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и до Катарина фон Шнурбејн, координаторката на ЕУ за напорите за борба против антисемитизмот.

Во предлогот Џераси пишува дека „Бугарија е единствената нација во светот што ги спасила своите Евреи и дека „ Бугарите се скромен народ кој не го промовирал овој чин на херојство“.

Покрај ова потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека наскоро ќе започне и иградба на Музеј на спасувањето на Бугарија.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во Брисел организираше конференција токму на оваа тема а пак македонскиот претседател Пендаровски побара Бугарија да се извини за протерувањето на што официјална Софија жестоко реагираше.

Зуроф: Бугарите се целосно одговорни за депортациите на македонските Евреи

Несомнено е дека за депортацијата на македонските Евреи е одговорна Бугарија, но одвратно е што сега се прави притисок за да не се открива вистината.

Ова го вели за Канал 5, Ефраим Зуров, израелски историчар ..

Зуроф е роден во Америка а како ловец на нацистите има клучна улога во изведување на судењето на обвинети нацистички воени злосторници.

Радев: Бугарија беше принудена да се приклучи на фашистичката страна, Борис Трети не дозволи депортација на Евреите

Спасувањето на бугарските Евреи и денес продолжува да биде пример за моќта на јавната и политичката енергија посветена на праведна кауза. Во нашата историја засекогаш ќе остане државничката лекција на 43-те пратеници од владиното мнозинство во Народното собрание кои го потпишаа писмото на потпретседателот Димитар Пешев, на достојните водачи на Бугарската православна црква, за активниот јавен став на голем број научни и стручни здруженија, на моралната улога на интелектуалната елита останаа верни на традициите на нашиот народ и земја, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев на отворањето на документарната изложба „80 години од спасувањето на бугарските Евреи“.

Нема да го заборавиме придонесот на бугарските Евреи во антифашистичкиот отпор, додаде  тој.

– Откако преживеа две национални катастрофи, Бугарија прави сè што е можно за да не биде вовлечена во друга војна на стариот континент. И покрај притисокот на нацистичка Германија, нашиот народ го отфрла антисемитизмот и распарчен и прогонет го бара патот за дијалог. Меѓутоа, војната и триумфот на нацизмот во Европа одлучија поинаку. Изолирана и загрозена од окупација, Бугарија беше принудена да се приклучи на Тројниот пакт. Изгубената неутралност доведе до усвојување на антиеврејско законодавство, но тоа не го промени односот на нашиот народ кон еврејските пријатели, колеги, соученици – рече шефот на државата.

Тој нагласи дека во овие тешки денови се сеќаваме на големината на историските настани, на причините поради кои нашиот народ го презеде овој невиден чин на спасување на еврејскиот народ во Бугарија.