Tag Archives: цени

КОЛАПС – Фени ја гаси печката поради скапата струја – 700 вработени технолошки вишок!?

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи називот ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството, јави Лидер.

-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата,а подоцна да одат во технолошки вишок, вели извор за Лидер.

Ова што се случува со ЕвроНикел, оваа компанија ја прави до овој момент најголема компанија која е жртва на енергетската криза.

Оваа топилница од јавно достапните информации има повеќе од 700 вработени, нивните работни односи во фирмата се неизвесни.

И ,,Седмица” поскапе (Фото)

Паралелно со растот на се останато, поскапе и популарниот сендвич од скопска „Седмица“.

Веројатно најпопуларната сендвичара во Македонија има нови цени. Хамбургерот чини 200 денари, чизбургерот 220 денари!

Тостот чини 150 – 170 денари.

Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари – Литар свежо млеко 84 денари?

Д-р Нико Беќаровски направи интересна споредба на цените на два производа, откако млекото и сите млечни производи поскапеа на македонскито пазар. 

-Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари. Литар свежо млеко 84 денари. Првиот патува, патува, патува од Полска, млекото “дури” од Битола. Не ќе да е се до скапиот превоз, констатира тој во објава на својот фејсбук профил. 

-Не е дека нема млеко туку трговциве зајдоа со тоа маржата, па удри цени до небо. Како може од млекопроизводителите да откупуваат по 20 денари литар, а во малопроджба 84 кога ддв-то е 5%?, прашува една граѓанка. 

Бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина за 100 денари?!

 И лебот станува луксуз за граѓаните. Во повеќето маркети ржаниот леб скокна на 93 денари, интегралниот на 84, а белиот на парчиња се продава по цена од над 50 денари. Нови цени и во пекарниците – сегашната цена од околу 70 ден за четвртина бурек може да достигне и до 100 денари во наредните недела две, анализира ТВ  24.

Причината за ваквиот раст е поради неколкукратното поскапување на струјата и гасот. Граѓаните затекнати и исплашени од новиот бран на поскапувања особено кај основните продукти за прехрана.

Според Сојузот на синдикатите, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти. Велат работниците кои и покрај тоа што работат, од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто. Тие сметаат дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците оти во услови на криза не презема никакви мерки.

„Синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, на електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс“, реагираат од ССМ.

НЕМА КРАЈ НА ПОСКАПУВАЊАТА! Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од 1.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,027%, кај дизелот за 2,774%, кај екстра лесното масло за 2,650% и кај мазутот зголемувањето е за 0,69%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 3.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  107,00 (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98   109,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)

Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   \95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС       54,640 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,101%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Од полноќ ново поскапување на горивата: НЕ ИЗГОРЕА!

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари за литар, а на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96,5 – додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 86 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно 84 денари за литар.

Исто така, за 1,9 денари се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,3 денари.

Регулаторна донесе одлука: Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 % во однос на одлуката од 26.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 51,784 ден/кг.

Од 29.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин      ЕУРОСУПЕР БС – 95  84,00   (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98      86,00  (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   85,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  51,784 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините  за 0,19 %, кај дизелот има намалување за 1,242%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,986% и кај мазутот намалување е за 2,305%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,088%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

И ПОГРЕБИТЕ И ВЕНЧАВКИТЕ СЕ ПОСКАПЕНИ: Црковните услуги со повисоки цени, еве го новиот ценовник

 И црквата ги покачи цените за црковните услуги. Според новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија најскапи се венчавките и погребите. За венчавка црквата наплаќа 7.700 денари, а погреб чини од 3.000 до 5.000 денари, во зависност дали е со 1 или со 3 свештеници.

Крштевката е 3.800 денари, а цените на другите црковни треби како парастоси, задушница, водосвет се од 200 до 2.000 денари, објави Телма.

Новиот таксеник во црквите на Преспанско-пелагониската епархија е со важност од февруари годинава, а цените се покачени од 50 до 500 денари во зависност од услугата.

Дел од битолчани велат дека цените се превисоки.

Маалските продавници со закана: Ако нема заработка, нема да продаваме леб

Дел од битолските трговци на мало најавија дека нема да набавуваат и да продаваат бел леб затоа што не им е исплатливо. Ова следи како резултат на донесените мерки на Владата меѓу кои и  таа – белиот и полубелиот леб да се продаваат по набавна цена до 31 мај. Согласно новите правила од денеска намалена е цената на белиот леб за неколку денари, конкретно сечениот леб на парчиња кој се продаваше за 34, денеска беше 31 денар.

Најмногу за ова реагираат помалите дуќани. Од локалните продавници во Битола кои ги посетивме велат дека сега само им прават услуга на пекарите. Белиот леб се трошел многу повеќе од интегралниот.

Иако пекарите тврдат дека нема промени во испораката очекувањата се дека новите мерки најголем ефект ќе имаат врз потрошувачката на бел леб.

-Ќе се одрази како не, мене особено, мене ќе ми се одзари.

-Нема да се одрази, јас повеќе јадам интегрален.

-Ќе мора да се купи интегрален, црн, ама мислам ќе пуштат.

-Ако нема друго чаре ќе се купува таков леб, велат битолчани.

Од министерството за економија тврдат дека ниту еден од трговците нема да има загуби од одлуката за ограничување на маржите и дека викендов или почетокот на идната недела ќе има конкретни резултати од анализата како се применува одлуката на терен.

Сител тв

Може да спиете мирно: Цените може се покачени ама се’ уште се најниски во регионот

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски вели дека и покрај зголемените цени Македонија и натаму има најевтини горива во регионот.

– Споредбено со регионот, согласно последните достапни податоците од 6.3.2022 година (недела) во земјава Еуродизелот е со најниска цена и изнесува 1,388 евра/литар, додека во Србија изнесува 1,552 евра/литар, во Бугарија е 1,457 евра/литар во Албанија 1,616 евра/литар, во Грција 1,678 евра/литар и во Хрватска 1,497евра/литар.

И Еуросупер БС 95 исто има најниска цена во земјава од 1,453 евра/литар (цена актуелна од полноќ), за разлика од Србија каде цената на Еуросупер БС 95 изнесува 1,482 евра/литар, во Албанија 1,632 евра/литар, во Грција e 1,951 евра/литар и во Хрватска 1,507 евра/литар. Само во Бугарија е пониска и изнесува 1,427 евра/литар, се вели во писмената изјава на првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.