Tag Archives: Директор

Нов скандал на директор од Алијанса за Албанците: Си подарил комбе на џамија во Арачиново

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, кој доаѓа од Алијанса за Албанците, доделил комбе на џамија во Арачиново, трактор со приколка на Oпштината Арачиново, а најави дека донации со одобрение на Владата ќе добие и Бигорски манастир. Пофалбите за донациите ги сподели самиот директор на својот Фејсбук профил.

ФЕЈСБУК Дритон Небиу, дитектор на агенцијата за управување со одеземен имот

Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука.

По серијта негаттивни коментари на социјалните мрежи, тој преку соопштение информира дека агенцијата не направила никаков прекршок и работи во интерес на граѓанскио сектор.

Неговиот сопартиец Кренар Лога од Алијанса на Албанците исто така е познат по предизвикување на бура од реакции за предлози кои ја шокираат јавноста. Последно, тој им противречи на одлуката на Уставниот суд за графата за етничка припадност во  изводите на матичните книги. Иако експертската јавност и уставните судии сметаат дека негоивот предлог е против уставен, тој е упорен и вели дека ќе донесе ново упатство со кое ќе ја негира одлуката на Уставен.

Ништо поразлично не е ниту со министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој го разреши директорот на  Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, па откако јавноста реагираше  му понуди советничко место во минситерството.

Министрите и директорите на Алијансата на Албанците не запираат да шокираат со изјавите и одлуките кои ги носат.

Арсовска со нова смена на директор – од Сарај, Ќамил Ковачи сега нов директор на ЈП „Улици и Патишта“

Нов в.д. директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ е Ќамил Ковачи, откако Саит Саит денеска беше разрешен од челната позиција.

Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај.

-Град Скопје продолжува да работи во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно, велат од општината преку соопштение.

Претходниот директор Саит беше поставен од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска во септември минатата година како вршител на должност во претстојните шест месеци.

Пред два месеци Арсовска го смени и директорот на ЈСП, со што постави трет човек на чело на јавното претпријатие откако е градоначалничка.

Доктор Јовев вели дека минатата недела ПО 35 ГОДИНИ ПРВ ПАТ ЗЕМАЛ БОЛЕДУВАЊЕ

Професорот д-р Сашо Јовев, кој е сменет од директорската позиција во Клиниката за кардиохирургија, посочува дека министерот за здравство Фатмир Меџити одлучил да го разреши од функцијата поради некаква протоколарна грешка за настан кој го организирала Клиниката. Тој кажа дека не излегол само тој жртва, туку и Клиниката за кардиохирургија. Според Јовев, Меџити се налутил оти доцна бил поканет.

– Во 35 години немав еден ден боледување земено. Минатата недела имав такви притисоци, што морав да се тргнам малку и да земам боледување кое денеска го прекинав поради ова. Имав притисоци дека сум направил грешка, дека грешката е во самиот протокол, при еден прекрасен настан во саботата, кога отворивме нова хибридна сала, единствена во регионот. Кога пуштивме во употреба апарат кој одржува во живот човек без срце и без бели дробови цели три месеци. Тогаш се случи, уредно да бидат поканети сите, министерот за здравство не дојде оти смета дека доцна му била дадена поканата, дека нешто порано ја добил премиерот. Јас тука не можев да се мешам, па се најдов во средината за на крајот да излезам жртва. Не излегов само јас жртва, излезе жртва Кардиохирургијата – рече докторот.

За поддршката пред Клиниката, Јовев рече дека сакале да дојдат околу 1.300 пациенти.

– Ова е само дел од поддршката, бидејќи не сакавме да ја правиме поголема и да прерасне во нешто друго и да се исполитизира ова. Ова е мојот тим кој чуда прави и кој работи 24/7, а не спие на чело со мене. Овде се некои од пациентите на кои им се направени големи операции и многу други се јавија – пациенти, колеги, пензионирани доктори, пензионери. Околу 1.300 сакаа да дојдат, им рековме да не доаѓаат. Конечно мора да победи правдината. Не сакаме да се работи по политика туку по професионалност. За она што го работиме 24/7 и за она што се жртвуваме – рече д-р Јовев.

Тој порача дека на Клиниката нема работно време, туку се работи секојдневно 24/7.

– Поддржан сум од СДСМ, но не сум партиски кадар. Заменик-министерката ме поддржа, а од премиерот не сум добил известување и сметаше дека не треба да се меша во нашата работа со министерот. Самата партија и нивните структури сериозно ми дадоа поддршка и застанаа на моја страна. Почитувани граѓани само успехот во нашата земја не се простува, па каква порака ние ќе им оставиме на младите кои ќе дојдат по нас. Универзитетската клиника за кардиохирургија под мое водство, заедно со овој едуциран, мотивиран, пожртвуван и мултиетнички тим, во последните осум години создаде ултрамодерна клиника која ги работи сите модерни процедури во кардиохирургијата, секаде во светот. Создадовме извонредна единица за интензивна нега, специјализација по кардиохирургија, усовршувања во регионот и по светот и како резултат на тоа излекувавме многу најтешки пациенти – рече д-р Сашко Јовев на прес-конференцијата која ја одржа пред Клиниката за кардиохирургија.

Адвокатот Мите Михајловски кој ја предводи групата од седум адвокати на доктор Сашо Јовев пред медиумите го коментираше решението за разрешување на неговиот клиент.

– Решението е навистина навреда за здравиот разум на сите нас. Во него стои дека за 2022 година има исплатни листи за дежурства, а дежурството не го одобрил министерот за здравство. Само тоа е причината поради која се разрешува д-р Јовев. Вчера слушнавме на телевизија дека станува збор за којзнае какви злоупотреби, а повторувам дека единствената причина се дежурствата. Јас како правник поставувам прашање, како може една ваква клиника да нема дежурства, нормално дека не може да функционира, а единствена злоупотреба е доколку министерот на дал согласност. Од далеку се гледа дека нема никаква повреда, туку нешто друго е во заднина за ова разрешување – рече адвокатот Михајловски.

Тој додаде дека ќе биде поднесена тужба против министерот, затоа што според тимот, нема никаков основ за разрешување на доктор Јовев.

Во меѓувреме и пациенти се појавија пред Клиниката за кардиохирургија и изразија поддршка за докторот. Тие посочија дека благодарение на интервенциите од Јовев, сега се живи и здрави. На протестот излегоа и вработени од Клиниката. Дел од нив, сметаат дека ваквото постапување е бркање од дома на разрешениот директор.

Сопругата на директорот откако поднесе оставка: На кое семејство ќе му се посвети?

Поранешната сопруга на Васко Ковачевски, кој денеска објави дека се повлекува од функцијата генерален директор на АД ЕСМ, како едвај да ја чекаше неговата прес-конференција и со статус на социјалните мрежи побрза да му одговори.

„На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 год ги гледаше по 2 часа во неделата… Официјално разведен на 6 март 2023год… Татко не можиш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст,татко си цел живот… Твојте лазни филмови рекламирај ги на друго место,а не по сите портали…Ти одамна го напушти оваа семејство…“, напиша Мери Ковачевска Димовска.

Денеска на прес-конеференција Ковачевски објави дека се повлекува од функцијата во АД ЕСМ, каде останува и натаму меѓу вработените, од лични причини, односно дека сака да му се посвети на своето семејство.

Келнер поставен за нов генерален директор на Македонски Железници

Од пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор. Како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД. Очигледно дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг. Колку што можевме да изброиме ова е 7-ми по ред директор, во изминативе 7 години. Значи секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави.

Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази. Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема.

Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионалната биографија која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год. по кои може да се заклучи дека бил ангажиран во светот на угостителството.

Носел дрога – УАПСЕН син на поранешен директор на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски

Синот на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, синоќа бил приведен во полицискa акција во еден познат скопски локал каде кај него била пронајдена дрога.

Велковски кратко беше на позивијата директор на БЈБ, бидејќи беше разрешен откако Инфомакс објави афера за злоупотреба на службен автомобил во приватни цели. Имено неговата ќерка го користеше службениор Range Rover на МВР за да оди на одмор во Грција.

После тоа, веќе екс директорот на БЈБ замина да работи во Јавното обвинителство, каде беше близок соработник-истражител на, исто така, веќе поранешна јавна обвинителка.

Илон Маск си го постави КУЧЕТО ЗА ДИРЕКТОР НА ТВИТЕР

Милијардерот Илон Маск си го постави кучето Флоки за директор на „Твитер“. Рече дека е многу пдобар од претходниот Параг Агравал. Флоки е куче од расата Шиба Ину, а Маск објави фотографии од него во канцеларијата. Кучето носеше маица со натпис извршен директор.

„Новиот извршен директор на „Твитер“ е неверојатен. Одличен е со бројки“, рече Маск.

За потсетување, Маск во октомври го отпушти Агравал заедно со тројца други во тогашното раководство.

Антикорупциска со КРИВИЧНА за Наумче Мојсовски

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови.

ДКСК до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а до УЈП за извршување надзор на сите субјекти од областа на спортот во поглед на користење на средствата преку т.н. ваучер систем во периодот од 2020, 21 и 22 година.

Според анализите на ДКСК годишно на овој начин се трошат околу една милијарда денари, што се вложуваат во спортот по разни основи, но АМС нема никаква отчетност како ги доделува и како се трошат овие средства.

ДКСК, исто така, смета дека е неопходно да се интервенира и во самиот Закон за спорт, со носење на некое ново решение за распределба на средства со почитување на утврдени критериуми, за што веќе се дадени одредени предлози до кабинетот на вицепремиерката за добро владеење и до АМС.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека во 2021 година биле анализирани постапките и активностите при спроведување и користење на средства при доделување на ваучери од Агенцијата за млади и спорт и централната комисија, како и за пропустите и непочитувањето на Законот од страна на дел од федерациите и спортските клубови при конкурирањето, нивното користење на средствата и отчетност.

Освен од АМС, податоци биле побарани и од фудбалската, кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација, како и до спортските клубови кои користеле средства од ваучери во висина од над еден милион денари.

  • Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, изјави Георгиев.              

Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека тие не се против доделување средства на клубовите, туку да се направи праведен систем без фаворизирање.

-Не гледаме дека сите препораки кои го дадовме се правилно применети, така што јасно е дека овој систем не дава соодветни резултати. Се надевам дека овие податоци ќе бидат доволна основа за законски измени кои ќе изградат праведен систем, порача Ивановска.

ДКСК, исто така, изразува загриженост и тоа што со законските измени од јануари минатата година, членовите на централната Комисија се именуваат по предлог на Владата, без утврдени критериуми за нивниот избор. 

Арсовска за нов ДИРЕКТОР НА МКЦ поставила ДИПЛОМИРАН ДЕТЕКТИВ !?

МКЦ е повторно на мета на партиски мегдан – пишуваат од програмскиот колегиум на МКЦ, ви го пренесуваме во целост нивното соопштение:

Почитувани,

Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста.

Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ.

Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата.

,,Сега да смањиме доживљај градоначалник? Ако знаеш кај тераш…”

Сега да смањиме доживљај градоначалник? Да се возиме со приватните автобуси од вашиот јавен повик, да ги фалиме директорите на училишта – другари на Петре со матни зделки, или пак да чекаме програма од МКЦ со директорот кој беше вреден 13тоноемвриска награда за сега да биде сменет? Ако знаеш кај тераш… пишува на совијалните мрежи советникот од ВМРОДПМНЕ во Советот на Град Скопје Стефан Андоновски, веројатно за разрешувањето на директорот на МКЦ.