Tag Archives: ЕУ

Влеговме во ЕУ и без преговори :)

Скопјанка вчера со својот автомобил влетала во зградата на Европската унија во Скопје. Настанот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, најголем дел граѓани се шегуваа за начинот на влез во ЕУ.

Скопјанка со кола се заби во зградата на ЕУ | ФОТО

Синоќа, жена и нејзинот совозач со автомобил влетаа во зградата на ЕУ.

Во текот на вчерашната вечер скопјанката буквално влезе во ЕУ и го скрши стаклото на оваа зграда. Таа заедно со совозач ги помина барикадите и стигна до оваа зграда.

Путин: Фала на ЕУ за санкциите, само на храна заработивме 25 милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин проговори за санкциите кои ЕУ со години ги има кон Русија и оти тие ги зајакнале руската економија.

Благодарам на ЕУ за санцкиите во земјоделството. Прво стравувам но вкупниот ефект е повеќе од добар. Извозот на наша храна надмина 25 милијарди долари. Сакам да им се заблагодарам на нашите земјоделци. Направија одлична работа-објасни Путин.

Ноев: Крај на „дебугаризацијата“, ако Македонија сака во ЕУ!

Не престануваат секојдневните пораки од Софија околу тоа што треба да исполни Македонија за да се надева на почеток на преговори со ЕУ кои ги блокира Бугарија.

Бојко Ноев, поранешен бугарски министер за одбрана вели дека „клучот“ за започнување на преговорите на Скопје за Европската унија е „решителен крај на дебугаризацијата и на потиснувањето на правата на Бугарите во Македонија’.

„Додека не престане дискриминацијата на Бугарите во МАКЕДОНИЈА, додека не добијат еднакви можности да учествуваат во политичкиот, социјалниот, културниот, економскиот живот, додека не можат да ги пеат своите песни, да ги читаат нивните книги и да зборуваат на нивниот јазик, да ги почитуваат нивните споменици, дотогаш прашањето за почеток на преговорите нема да се реши. Целосната дебугаризација мора да престане “, изјави Бојко Ноев за БГ Ер.

Тој вели дека сите бугарски влади постапувале наивно очекувајќи овие прашања сами да се решат.

„Мислевме дека со помош за време на ембаргото, за време на кризата во Косово, кога им помогнавме да го зачуваат интегритетот на земјата, кога Албанците ги бараа своите права со оружје во рака, прашањата ќе се решат. Но, не само што не се решија, туку се продлабочија “,вели Ноев, како што пренесува БГНЕС.

Тој вели дека се потребнигаранции на највисоко ниво за решавање на проблемите..

Тврдењата на премиерот Зоран Заев дека сега не може да ги вклучи Бугарите во Уставот и дека тоа би можело да се случи само по пристапувањето на РС Македонија во ЕУ покажуваат чудно разбирање на човековите права.

Со правата не се тргува. „Не само што Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот, туку мора да има и свечена декларација од нивниот парламент во која се вели дека Бугарите се еднакви со сите народи во Македонија“, вели Бојко Ноев.

Германски експерт: Каква Бугарија, еве кој го блокиpa пpoширувањето на ЕУ, се врши пpитиcoк и врз други земји

Германскиот експерт за Западен Балкан, Бодо Вебер, го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за застојот на ЕУ во интеграцијата на балканските земји, пренесува Економија онлајн.

„Постојат сериозни несогласувања меѓу земјите -членки за иднината на проширувањето. Францускиот претседател Макрон е сериозно против понатамошното проширување на Европската унија, но тоа не го кажува гласно. Дури влијае врз другите земји да го блокираат понатамошното проширување на ЕУ “, рече Вебер за РТВ Дукаѓини.

Тој додаде дека позицијата на Макрон по прашањето за проширувањето на ЕУ ќе биде предизвик и за германската влада.

„Новата германска влада ќе има тежок предизвик со Макрон, бидејќи ако не се постигне договор со Париз за деблокирање на проширувањето на ЕУ со Албанија и Македонија, ќе има мораториум за проширување до следната година“, рече Вебер.

Според него, Макрон е виновен што Косово не доби визна либерализација, но и дека Косово беше жртва на бегалската криза во 2015 и 2016 година, пренесува Косово.

На Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, Европската Унија уште еднаш одби да определи датум за проширување на Западен Балкан, но во соопштението објавено по самитот се вели дека проширувањето ќе се случи

„Бугарите да се внесат во Устав, ако Северна сака во ЕУ“ – споменик заменет со нов во прилепско, Бугарија испрати протестна нота

Плоча тешка два тони во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови соборци исчезнала од цркавата во прилепското село Клепач.

„Министерството за надворешни работи на Бугарија, му врачи протесна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крстевски по повод случај за заменет бугарски споменик на македонска територија.“, се вели во соопштението од бугарското МНР.

Утврдено било дека оригиналниот напис кој бил на бугарски јазик бил заменет, а цели делови од текстот биле отстранети и некои од имињата од убиените војници биле сменети.

„Како што гледаме, нема вандализам туку промена. Изработена е нова, поставена е, старата исчезнала.“, рече Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“.

бТВ: Се знае ли каде е?

„Не знам, но ние од фондација „Македонија“ ќе инсистираме од властите во Северна Македонија да направат истрага, да се најде старата плоча и најмалку да се тргне овој фалсификат.“, вели Стојанов.

Од Бугарија се инсистира на истрага и обнова на оргиналниот споменик.

„Замената на историските артефакти е акт на уништување на автентичното културно наследство и обид за менување на историјата, што предизвикува сериозна загриженост, вклучително и во контекст на потребата за строго спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.“, велат од МНР на Бугарија.

Запрашан за правата на Бугарија во Македонија, Стојанов рече дека реализирале и кампања за време на пописот.

„Мислам дека таа иницијатива дава резултат и по неофицијална наша информација, се околу 13.000 луѓе се изјасниле како етнички Бугари, за споредба со 2002 година кога беа 1.417.“, изјави Стојанов.

Стојанов додава дека бугарскиот народ највеќе сака Северна Македонија да започне преговори со ЕУ, а за тоа се залага и фондацијата „Македонија“.

„За да селучи РСМ во ЕУ треба да даде еднакви права на Бугарите со другите народи таму. РСМ е мултиетничка држава и тоа е пишано во уставот, таму се наброени седум нации, меѓу кои Бугарите не се. Така што официјална бугарска позиција е Бугарите да бидат пишани во уставот и да имаат еднакви права со другите народи, како државна работа, можност да се изјаснат како Бугари…“, рече Стојанов.

За вакавата идеја, македонските власти неколку пати коментираа дека немаат проблем Бугарите да бидат внесени во уставот покрај останатите етнички заедници.

ТВ21

НЕ ГУБЕТЕ ВЕРБА, НИЕ ВЕ САКАМЕ, рече Претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и ве сакаме покрај нас, кажа претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен која денес е во посета на Скопје.

На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Младинскиот културен центар ((МКЦ) Урсула фон дер Лајен кажа дека земјава постигнала извонреден напредок и донела храбри одлуки.

„Сакам да бидам јасна дека сега Европската Унија треба да испорача. Изодевте толкав пат, ајде сега да направите уште еден чекор понапред. Имате толку многу пријатели во ЕК, наша заедничка цел е до крајот на годинава да се одржи првата заедничка меѓувладина конференција. Има добри идеи за кои вреди да се размисли“, рече претседателката на ЕК фон дер Лајен.

Таа се осврна и на финансиската помош и вакцините што земјава ги доби за справување со ковид кризата и повика на масовна вакцинација на населението.

„Знам дека испораката на вакцините беше бавен процес, но еве вакцини стигна, а во наредниот период ќе има нови количини“, рече фон дер Лајен.

Премиерот Зоран Заев кажа дека земјава дома сериозно ги исполнила европските вредности, а ЕУ мора да изнајде начин како да ги одржи зборот и да го продолжи проширување со земјите од Западен Балкан. Заев кажа дека од Бугарија стигнувале позитивни сигнали за решавање на спортот, а со тоа и откочување на процесот.

Блокирани граничните премини, Вучиќ бара ПОВЛЕКУВАЊЕ на Приштина и се лути на ЕУ

Србија бара повлекување на косовската полиција од северот на Косово, изјави претседателот Александар Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност. На границите моментално е мирно, а патиштата се уште се блокирани и нема патнички сообраќај освен пеш, пишува КоССев.

„Србија бара повлекување на косовскaта полиција од северот на Косово, ситуацијата да се врати на претходните страни, а потоа да отидеме во Брисел да разговараме за се и ако е можно да се договориме“, рече Вучиќ по седницата на Националната Совет за безбедност.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го отфрлил предлогот на таканаречените земји Квинте и Европската унија за компромисно решение за кризата на северот на Косово, нагласувајќи дека „му е преку глава од политиката на завршена работа“

Вучиќ налутено додал дека Белград бара повлекување на полицијата од северно Косово.

“Тоа е решение со кое тие ќе заборават 70 проценти од она што Албанците имаа намера да го направат на административната линија, но ќе воведат 20-30 проценти од мерките. Добив согласност од Советот за национална безбедност за отфрлање и го отфрлив затоа што ми е преку глава од политиката „можете така да разговарате со Србија“, им рече Вучиќ на новинарите по седницата на Советот.

Специјалните полициски единици на Косово, РОСУ, вчера биле распоредени во близина на два премини во северно Косово – Јариње и Брњак , каде што го спроведуваат декретот на владата во Приштина за издавање привремени таблички на граничните премини за автомобилите што влегуваат во Косово од Србија со српски таблички.

Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека „воспоставувањето реципроцитет за поставување на привремени косовски регистарски таблички за автомобили со српски регистарски таблички не е желба на Косово, туку наметнување од Србија“.

Приштина останува на ставот дека акцијата е легитимна и дека одлуката е донесена „во договор со меѓународните партнери“, додека Белград инсистира дека акцијата е еднострана и надвор од потпишаните договори, но признава дека рокот од договорот од 2016 година истекол на 15 септември.

Ситуацијата на премините денеска е мирна, сообраќајот е во прекин, десетици граѓани се спроти полициските единици, но нема инциденти, јавуваат белградските медиуми од терен.

Вучиќ денеска им рекол на новинарите дека Србија „ќе продолжи да инсистира на зачувување на мирот, стабилноста“ и „нема да прифати да се загрози безбедноста на српското население“, нагласувајќи дека фокусот е на имплементација на Бриселскиот договор.

Тој нагласи дека, „како и да се реши“, сегашната криза ќе биде надмината „без понижување на Србија“.

„Јас сум тој што одби, не давам согласност за грубост, поддршка за криминал и понижување на Србија“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека Белград бара од ЕУ „да одговори дали Бриселскиот договор се уште постои“.

По денешната седница, Советот побарал повлекување на сите сили од северот на Косово и враќање на претходната ситуација, за потоа двете страни да се вратат на продолжувањето на преговорите во Брисел.

Србија е подготвена да го продолжи дијалогот, но нема да прифати наметнување еднострани одлуки од страна на Приштина, посочи Вучиќ.

Договорот за принципите за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е постигнат во Брисел под покровителство на ЕУ и тогашната шефица на европската дипломатија Кетрин Ештон, а беше потпишан на 19 април 2013 година од тогашните премиери на Србија Ивица Дачиќ и на Косово, Хашим Тачи.

Договорот предвидува формирање на Заедницата на српски општини на Косово, што требаше да се формираат по локалните избори на 3 ноември 2013 година, што досега не е направено со противење од косовските власти и тврдење дека тоа би бил „ентитет со извршна власт како Република Српска”. во рамките на БиХ.

(ФОТО) ЕКСКЛУЗИВНО Клан: Нов „НОН ПЕЈПЕР„ за спорот помеѓу МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Бугарското вето кое го спречува почетокот на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, за целосен прием во европското семејство, поради официјалните резерви на Софија за македонскиот национален и историски идентитет, доведе до објавување на нов „НОН ПЕЈПЕР “.

Телевизијата Клан Македонија поседува копија од овој неформален документ, во чија содржина се вели дека со истиот се запознаени и Софија и Скопје, но се верува дека дури и моќните земји на Европската Унија, кои се заинтересирани да го решат проблемот, со интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

Клан од извори го пренесува документот во целост:

НОН ПЕЈПЕР ЗА СЛУЧАЈОТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА

Интеграцијата на Западен Балкан во европските и евроатлантските организации е долгорочно безбедносно прашање со висок приоритет. Поради некои отворени прашања, како што е конечното решение за односите меѓу Србија и Косово, ревизија на функционалноста на БиХ, акутен предизвик што создава политички ќор -сокак во целиот регион е и стопирањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија .

Покрај во Скопје и Софија, недовербата се пренесува и во Белград и Приштина; Тирана сега се чувствува загрозена поради неформалниот систем дека е заедно со Скопје на патот кон ЕУ, додека прашање на време е кога ќе пукне и трпението на официјална Атина, која се уште е под дејство на политичка анестезија од Договорот од Преспа.

Ова веќе го чувствуваат алтернативните центри на моќ, така што присуството на руските хибридни закани и меката економска моќ на Кина во регионот станува се посилна.

Условно, „западниот“ политички фактор мора да изгради детален заеднички став кој ќе се наметне како решение „земи или остави “ со цел да се реши јазолот чии корени се во историските наративи поврзани со прашањата за идентитетот на Македонците и Бугарите.

Проблемот лежи во различните аспекти на толкувањето на познатите настани од пред еден век. Митологизирањето на историјата ги става двете земји во позиција на политички ќор -сокак, да се борат за националните интереси од суштински и егзистенцијален карактер.

Компромисните решенија досега двете земји ги сметаат за „лоши“ што според нив на долг рок претставуваат сериозна закана за нивната национална безбедност. Оттука, одговорноста што ја покажуваат земјите е од исклучително висок степен на политички притисок за постигнување решение.

За да се реши овој дел од „македонското“ прашање, на двете страни сега им е понуден таканаречен двоен принцип, што ќе им овозможи на двете страни да имаат своја гледна точка на уникатните историски настани.

  1. На Република Бугарија ќе и бидат дадени гаранции за зајакнување на сегашниот концепт на нација-држава, во тој случај ќе биде признат историскиот контекст за бугарското потекло на нејзините граѓани без исклучок. Ова ќе ја ослободи Бугарија од траумата за загрозување на долгорочната стабилност и безбедност преку правата на малцинствата.
  2. Во Република Северна Македонија, пак, контекстот на мултиетничко општество ќе се зајакне преку вклучување на бугарскиот наратив.
  3. Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот, како и другите етнички заедници (точно – како дел од бугарскиот народ),
  4. Бугарските здруженија на тој начин ќе добијат посебна заштита и грижа од државата да ја негуваат и промовираат наставата за нивниот аспект на историските настани, а тоа ќе им биде гарантирано со Устав,
  5. Мнозинството словенски граѓани кои се идентификуваат како Македонци и кои го сметаат историскиот контекст за единствен на македонскиот народ, ќе ја зачуваат можноста за ваквото убедување како и нивниот наратив за оваа заедничка историја,
  6. Ова значи дека ќе има фактичка вистина што претставува емпириско научно дејство, но тоа ќе овозможи двоен аспект за дефинирање на контекстот и националното значење за идентитетите на двата народа,
  7. Овој двоен систем ќе се применува и во образовниот систем, каде што ќе се препорача контекст на историски настани, ќе се вклучи двојното објаснување, со посебни забелешки за бугарскиот наратив, каде што се разликува од државниот наратив за Северна Македонија, или условно – македонскиот наратив.
  8. Прашањето за јазикот и употребата на краткото име на Северна Македонија треба да се реши според она што беше предложено од – Германија, Португалија и Словенија – кои неофицијално се сметаа за прифатливи од двете страни.

Фото:

Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово

Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел.

-ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земајва, Дејвид Гир.

– Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер.

Пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово синоќа околу 21 часот одзеде десет животи според првичните официјални информации.

Причините за пожарот сѐ уште не се познати.