Tag Archives: ЕУ

ЕУ: Гасете клими, работете од дома, помалку возете ДА ГО ПОБЕДИМЕ ПУТИН

ЕУ бара од своите граѓани да возат помалку, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската енергија.

Имено, мерките што ги смисли Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) можат да заштедат на просечно домаќинство до 450 евра годишно, пишува Би-Би-Си.

Според британските медиуми, купувањето на енергија од Русија ја одржува руската економија и ја финансира војната во Украина. Но, Европа тврди дека не може да најде алтернативни извори за снабдување со енергија.

Планот од девет точки, наречен „Јас го давам мојот придонес“, бара граѓаните да возат помалку со користење на јавен превоз, како и да работат од дома три дена во неделата.

Се очекува и во текот на зимата помалку да ги греат домовите, а во текот на летото да ги исклучуваат клима уредите. Исто така, се препорачува да се вози побавно на автопатите, да се вози без да се вклучи климата, да се користат возови наместо летови со авион и генерално да се користи јавен превоз, пешачење или возење велосипед.

Градовите, исто така, се повикани да воведат „недела без автомобили“, што некои веќе го направија.

„Соочени со ужасни сцени на човечко страдање по руската инвазија на Украина, луѓето во Европа сакаат да направат нешто“, рече извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.

„Овој водич носи збир на лесни чекори кои, со малку или без губење на удобноста на наша страна, го намалуваат протокот на пари кон руската армија и ни помагаат на патот кон почиста и поодржлива планета“, посочи тој.

Според буџетот на ИЕА, доколку сите граѓани ги почитувале овие препораки, би заштедиле 220 милиони барели нафта годишно, доволно за полнење на 120 супертанкери. Исто така, би заштедиле 17 милијарди кубни метри гас, доволно за загревање на 20 милиони домови, пренесува Би-Би-Си.

Жесток говор во Европскиот парламент: Ми се гади од лажната емпатија за Украина, со оружје нема крај на војната

Клер Дејли, членка на Европскиот парламент од Ирска, обраќајќи се ова тело изјави дека историјата не научила дека со санкции не се става крај на воените конфликти и дека треба да се разговара со Русија за да се стави крај на војната.

Таа го критикуваше и бугарскиот европарламентарец, Ангел Џамбаски, кој истакна став дека антивоените ставови се неморални.

Санкциите прават луѓето да страдаат, а не олигарсите, луѓето. Народот на Русија, народот на Европа… – истакна таа

Дејли го критикуваше постојаното вооружување на Украина, затоа што со тоа, како што истакна, само се продолжува војната и се предизвикува се повеќе Украинци да умираат.

Таа порача и дека лажната емпатија за Украина е шуплива приказна.

Ми се гади од тоа, да ви кажам искрено – истакна Дејли.

Таа праша и кога НАТО имал продуктивна улога и некаде донел мир.

Теута Арифи ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ.

Aктуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, пак, ќе замине на амбасадорска служба во Париз.

Градоначалничката која на Тетово и Тетовчани им остави 30 милиони евра долг, со задолжени јавни претпријатија и еколошка катастрофа со депонијата, со урбан хаос и илјадници дивоградби и уништен национален парк “Шар Планина”, со големи проблеми во водоснабдувањето, со криминални тендери, со жртви во изгорена модуларна болница, како и 800 договорни вработени кои поголем дел од нив не биле присутни во државава додека земале плата.

Оваа Влада ја наградува Теута со амбасадорско место во ЕУ со пари на грбот повторно од граѓаните.

Дали ова се вистинските европските вредности што ги бара ЕУ?! Дали ќе одговара оваа криминалка пред Законите на државава?

(Видео) Гopeше знамето на Европската Унија, стотици илјади граѓани покажаа што мислат за задолжителната вакцинација

Повеќе од 50.000 демонстранти од повеќе земји, вчера протестираа во Брисел пред седиштетот на Европската Унија. Демонстрантите, незадоволни од мерките што Унијата ги воведе за справување со кризата предизвикана од пандемијата, излегоа на мирен ротест кој наскоро се претвори во војна меѓу демонстрантите и полицијата.

Организатор на протестите е здружението „Обединети Европејци“, во соработка со повеќе од 600 организации од повеќе европски земји. Предводниците на протестот велат дека тие не се против вакцинацијата, туку сакаат да укажат на некоректниот начин на кој властите воведуваат рестриктивни мерки шурм ЕУ.

Во еден момент протестите ескалираа, а белгиската полиција не знаеше каде да бега, се криеше по административни згради на ЕУ, и буквално бегаше од демонстрантите. ВО еден момент беше запалено и фрлено знамето на Европската унија.

https://t.me/rtnews/18906

Вo EУ нe сe oди кaкo дрвo бeз кoрeн

Македонскиот претседател Стево Пендаровски го започна годишното обраќање со едноминутен молк за жртвите од трагичната автобуска несреќа во Бугарија, за настраданите во модуларната болница во Тетово, како и за сите оние што годинава ја загубија битката со ковид-19, посакувајќи повеќе да не се случуваат вакви несреќи, истовремено повикувајќи овие настани да ја разбудат совеста во македонското општество и кај надлежните институции.


Тој понатаму се осврна на владеењето на правото, истакнувајќи дека правдата треба да биде неселективна, а сите процесирани случаи да имаат судска завршница во разумен рок. Уште апелираше со законите што се носат да не се привилегираат оние што не го почитуваат поредокот, наспроти оние што го почитуваат.

– Неселективноста во владеењето на правото и одговорноста е најдобриот начин да ја надминеме општествената апатија што се шири и разочарувањето, особено меѓу помладите, кои не веруваат дека некогаш во оваа држава може да има правда. Многу истражувања потврдуваат дека емиграцијата на нашите сограѓани, во голема мера, не е предизвикана само од егзистенцијални причини, туку и од квалитетот на животот – истакна Пендаровски, притоа додавајќи дека не смее да се остава впечаток дека во земјава владее култура на неказнивост.


Претседателот предупреди да се внимава со привлекувањето странски инвестиции и побара сите најави за големи странски вложувања да се проверуваат од безбедносен аспект, колку и да изгледаат примамливи во прв момент. Напомена и дека е потребна департизација на институциите во сферата на одбраната и безбедноста.


Осврнувајќи се на спорот со Бугарија, македонскиот претседател посочи дека нема потреба од брзање во изнаоѓањето решенија.

– ЕУ е најдобрата опција за нас и едвај го чекам денот кога ќе ги почнеме преговорите, а уште повеќе денот кога ќе ги завршиме. Но во актуелниот контекст, со нашите црвени линии, не треба да бидеме преокупирани колку време ќе им треба на другите да се соочат со вистината за нас. Ние треба да се посветиме на подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани. Брзањето не е секогаш најдобар сојузник – рече Пендаровски.

Тој ги негираше тезите што се наметнуваат во јавноста дека евентуалното подолго останување во чекалницата на ЕУ ќе ја дестабилизира земјава, притоа предупредувајќи на посериозна опасност од демократско назадување ако бугарското вето остане подолго.


– Нашите граѓани можат да бидат спокојни, и да потрае блокадата нема никаква безбедносна закана. Можно е нешто друго, демократско назадување и облици на авторитарно владеење на поединец или партија, но одговорноста за тоа нема да лежи кај граѓаните туку кај нас политичарите – нагласи Пендаровски.


Преголемата фокусираност на преговорите со ЕУ, смета претседателот Пендаровски, го фрлиле во втор план она што е суштина во меѓународните односи, процесите на градење добри билатерални односи, пред сѐ, како што рече, со земјите со кои споделуваме исти цели и вредности.

– Оттука, во наредниот период ќе биде неопходно со новата влада со забрзано темпо да пристапиме кон пополнување на испразнетите амбасадорски места и со здружени напори да посветиме поголемо внимание на билатералните релации, кои опфаќаат многу повеќе аспекти, отколку само поддршка за членство во Европската Унија – рече Пендаровски во обраќањето.
Тој потсети и на проектот „МКД 2030“, кој беше замислен да ја постави стратегиската рамка за развој на државата во следните 10 години, а чие финализирање се очекува кон средината на следната година.

Пендаровски во говорот повика и на поголема грижа за македонскиот јазик, за нашите стожерни културни институции, за нашите паметници, како и за виталните белези на македонскиот идентитет.


– Во Европската Унија членуваат земји со уникатен социокултурен развој, таму не се оди како ничија земја, како дрво без корен – истакна Пендаровски.


Претседателот се осврна и на проблемот со падот на поддршката на европските интеграции во земјава, подвлекувајќи дека овој тренд оди по линија на етничка припадност и дека тоа е загрижувачки во една мултиетничка средина како нашата.

– Иако се јасни мотивите за таквата промена на расположението, имено, ниту еден европски народ не бил изложен на такви ирационални барања како македонскиот, во своите обиди за меѓународна афирмација, треба да знаеме дека влегуваме во година во која, не само ние, туку сите држави на Западен Балкан, повторно ќе бидеме соочени со старите дилеми… Критичен предуслов за вистински одлуки е внимателно да следиме што се случува околу нас и во меѓународните центри на моќ и да реагираме разумно и навреме – истакна Пендаровски.
Тој на крајот ја повика новата влада што поскоро да се позанимава со реалните проблеми на граѓаните, кои се намножија оваа година, од пандемијата и економијата, сè до енергетската криза, која допрва ќе се продлабочува.

Кастриот Реџепи: Се ближи денот кога ќе добиеме датум за преговори со ЕУ

Пратеникот Кастриот Реџепи за Фокус изјави дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на преговори со ЕУ, можеби уште во јануари.

-Се уште опстојувам во моето убедување за европска Македонија и со мојата одлука допринесоа да имаме стабилно мнозинство во Парламентот без никакви политички кризи. Тоа значи дека ние сме стабилни и подготвени за решение со Бугарија. Имајќи предвид декa Советот на Европа испрати јасна порака дека со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу РСМ и Р. Бугарија додавајќи и изјавата на премиерот Петков дека ќе се залага силно за решавање на пречките помеѓу двете држави за веќе да нема блокади за нашата држава од бугарска страна се докажува дека е се поизвесно дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори. Јас како дел од мнозинството ќе дадам силен придонес тоа да се случи што поскоро, можеби веќе во јануари, вели Реџепи.

ЕУ нajaвува задолжитeлна вakцинација во цела Европска Унија

Европската Унија мора да размисли за воведување на задолжително вакцинирање против ковид-19 како одговор на ширењето на новиот сој омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ова следува откако Грција најави дека од 16 јануари, со 100 евра месечно ќе ги казнува лицата над 60 години кои одбиваат да се вакцинираат.

„Поради ширењето на вирусот и слабата вакцинација во некои делови од ЕУ, задолжителното вакцинирање мора да се има предвид. Имаме вакцини, вакцини кои спасуваат животи, но тие не се користат адекватно секаде. Тоа си доаѓа со енормна цена по здравствените системи“, кажа Фон дер Лајен.

Според последните бројки, 77% од возрасното население во ЕУ е вакцинирано, односно 66% од целата популација.

„Тоа значи дека една третина од популацијата во ЕУ не е вакцинирана. Тоа се околу 150 милиони луѓе, што е многу. Знам дека не можат сите да се вакцинираат, но големо мнозинство би можело. Мислам дека е разбирливо и соодветно да почнеме дискусија за задолжително вакцинирање“, рече Фон дер Лајен.

Австрија веќе потврди дека ќе почне да го спроведува од 1 февруари, а и идниот германски канцелар Олаф Шолц го поддржува задолжителното вакцинирање.

Oдлична вecт за Македонците во Германија – Ќе се дозволи ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de.

Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе им биде дозволено да се одлучат за двојно државјанство.

Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои во моментите кога ќе стекнат услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското.

Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.

ЕУ ќе ја понижи Бугарија за зелено светло за Македонија

ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Македонија да добие зелено светло за почеток на преговори и тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјавил за “НОВА ТВ” поранешниот бугарски претседател Бојко Борисов.

Борисов го цитирал францускиот претседател Емануел Макрон, кој рекол дека до декември Македонија треба да започне преговори, што според него значи дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки.

Според Борисов, Радев претставува штета за Бугарија, а рекол и дека тој ги поделил партиите во земјата во анти-Радев и про-Радев и анти-Борисов и про-Бориsов.

Бугарија во моментов ја предводи техничка влада, а во недела трет пат по ред ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако во претходните два обиди никој не можел да формира влада.

Граѓаните упорно сакаат да влезат во ЕУ :) нова незгода пред зградата на ЕУ (Фото)

Претпладнево нова сообраќајна незгода се случи кај зградата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје.

Во сообраќајката учествуваше автомобил со скопски регистрации кој се заби во заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава.

Што е со сообраќајките пред ЕУ, изгледа граѓаните упорно се обидуваат да влезат во ЕУ :)))

Фото: 360 степени