Tag Archives: Featured

,,Сè ќе запустите. Сè на своја рака, со првиот ветар, како муви без глава. Мислите сè што лета се јаде. Европа ве бара! И се прди на Европа за вас…“

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола каде неговите родители работеле во Народниот театар – Битола. Неговиот татко, Мирко, бил театарски режисер, а неговата мајка, Нада, глумица. Голем дел од детството на Горан го поминал во театрите. Негов помлад брат е Влатко Стефановски, добро познат виртуоз гитарист.

Исечок од ТВ драмата “Диво месо” кој во многу нешта говори за денешните случувања, денешните сфаќања и денешното однесување во општеството.

Инаку, добро познатата ТВ драма “Диво месо” напиша е од македонскиот драматург Горан Стефановски.

Темата е распаѓањето на едно предвоено македонско семејство кое е условено од времето и од различните сфаќања на сите членови од семејството. Идејата е да го сфатиме значењето на семејството, на нашиот корен, на домот, на татковината.

Убавицата која ги засени сите војници на воената смотра во Батајница (Фото)

Тамара Танди (24) е десетар на 98-мата воздухопловна бригада од аеродромот „Морава“ Лаѓевци. 

Таа привлече внимание со својата убавина на величественото демонстрирање на способностите на српската војска, „Гранит 2023“, што се одржа во саботата на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница.

Оваа убавица би можела да биде што ќе посака, но таа сепак се одлучила да биде професионален војник.

Како што изјавила во едно интервју, таа е првиот професионален војник во нејзиното семејство и гордо ја носи униформата веќе пет години.

– Професијата војник ја избрав на 18 години од љубов кон мојата земја и од почит кон нашата историја која имала бројни херои. Кога им кажав на моите родители дека сакам да бидам професионален војник, мајка ми не беше многу воодушевена што јас, како жена, ќе држам пушка, но како и секоја мајка, ме поддржа. Тато беше и остана исклучително горд на мене. Да се ​​биде жена војник е една од подобрите професии, а јас лично сметам дека ние жените сме упорни и способни за оваа работа – изјавила Тамара.

Тамара истакнува дека никогаш немала проблем со машките колеги.

– Јас не сум единствената девојка во нашиот баталјон, има и други жени, и машките колеги навистина многу нè почитуваат. Нашиот колектив е исклучително квалитетен, и без разлика дали врне, грее сонце или паѓа снег, мажите секогаш нè поддржуваат, како и ние нив – нагласила таа.

Освен што секојдневно се гледаат со колегите на работа, тие се дружат и по работното време.

– Ние сме како едно семејство. Не само на работа, туку и надвор од неа, многу сме блиску до таа мера што и нашите семејства се познаваат. Едноставно, тоа така функционира – истакна Тамара.

Што се однесува до работата, иако е жена, не очекува никакви привилегии.

– Ние војниците, без разлика дали се работи за мажи или жени, подготвени сме во секој момент да реагираме и да го заштитиме својот народ доколку е потребно – заклучила оваа убавица во воена униформа.

18 годишник истепал ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ во Сарај!

На 25.04.2023 околу 11.20 часот во кругот на Полициското одделение Сарај, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода А.С.(18) од с.Крушопек, општина Сарај, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Писание за еден скопски газда !

Фејсбук писание за еден скопски газда на Пане Христопулос, прочитајте:

За Скопскиот Газда 🤡
Мал увод па да го напраиме славен а и да го пријавиме во сите институции.

Сакам да се тргнам од ноќниот живот малку да одморам. На 30 јуни 2022 идам на разговор да почнам со работа на Топ Трејд бензиската. На 31 јуни почнувам со пробен период од некој ден. Ми дава саатница 80 денари во КЕШ ( прва нерегуларност ) 🙈 160 работни саати пута 80 денари е 12.800. Добивам дневница у кеш као платата да е 12.800 кога у државава мора минимална плата да е 18.000.
После 4 дена на работа ја контам работата и барам да бидам ставен на распоред и да почнам со редовен работен однос. Побарав на 3ти Јули да бидам пријавен веќе дека официјално почнав со работа. Добив одговор ок ќе бидеш. На 1ви август ми стига плата според договореното. На 3ти август идам сам да се пријавам у завод со дата од 1ви. Замисли работиш у фирма и мораш сам да идеш да се пријавиш. Сфаќам дека за јули не сум бил пријавен. На прашање у администрација у фирма ми викаат ти напраивме договор на дело без платени придонеси и осигурување и без да знам и без да потпишам. Си викам батали еден месец не е битно. Им улетувам у фирмава коа немаат работници. Имаат двајца, еден 17 години и еден 19 години за преку лето вработени временски. Ради мене добиваат кворум и имаат услови сите да идат на одмор. Крај на септември законски не ми следи одмор ама ако сакаат ќе ти даат. Не барам и знам нема да добијам дека пак фалат работници зашто си отидоа ове децава сезонските. 30 декември прашувам дали ме им на список за К-15 и ми кажуваат администрација дека ме нема. Го прашувам газдава зашто ? Ми одговара не исполнувам услов од 6 месеци и УЈП не дозволува. Ме изигра месец јули ваљда свесно за да немам полни 6 месеци работен сташ. Законот вика како што знам и прочитав: ако си вработен 6 месеци ти следува, ако си вработен макар и еден месец или зависи од газдата дали сака да ти даде, а смее. Има фирми на месец дена вработен кај што по нивна желба им даваат К-15 и после првиот изработен месец. Во фирмава работиме 80% со фирми што се секојдневно се на фактура, а остали КЕШ. Бензискава се наоѓа пред Бардовци чаталот. После Злокуќани е Ромското маало. Сите од таму секојдневно се на пумпа. Доста од тие луѓе се поштени и коректни ама има некоја група што секојдневно праи галама гледа да те изигра, да не ти плати нешто и да те превари. Смена преку ден некад сме држеле двајца еден у маркет на наплата и еден точи гориво надвор на пумпи кај што има 23 пиштоли за точење. У некој момент имало и по 12-13 возила у исто време и немаш време у координација со колегата да знаеш дали некој платил или не. Влага некој како демек да плати внатре и некој зима цигари купува си иде и на крај на смена минус си. Све си плаќаш од џеб. Секој минус. Секоја грешка при враќање кусур или остало. Поентата е секојдневно си изложен на потенцијална превара што ако ја изедеш фората сам си плаќаш. Имаш камери иди барај ако најдеш снаоѓај се наплакај. Што и да датиш некој како те излажал не платил сам се расправаш што утрре може да дојде до личен проблем со некои од тие и имаш проблем со нив и на работа и надвор од неа. Фирмата не стои позади тебе да ги решаваш проблемите. Си има компјутерски систем и на крај на смена мора да се раздужиш и предадеш колку треба и колку ти бара компјутер. Секој минус од џеб се плаќа. У 8-9 месеци сум платил заедно со колегата 15-16.000 денари пута два и јас и он. Ова све го опишав за да сфатите на крај зашто дојде до ова.

НЕРЕГУЛАРНОСТИ И НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ ВО ФИРМАТА СЕ.

  1. Пријавени сме дека работиме по 8 саати неделно во договорот што го видов и потпишав. Работиме по 12 саати дневно. Два работно два слободен два работни. 48 саати неделно е тоа.
  2. Имаме фиксна плата секој месец иста. Не ни се платени работни ноќни смени, празници и недели според законот како треба да бидеме платени.
  3. Незаконски секоја вечер се точи плин у боци. Од септември не е дозволено секоја пумпа да точи.
  4. На секоја пумпа пишува забрането точење во канти. Секојдневно се точи многу гориво во канти, шишиња и други предмети.
  5. Можам да кажам и дека има менувачница за Евра на пумпата. Секој може да плаќа со евра. И тоа секој ден се дешава и има во промет.
  6. Во склоп на пумпата има продавница за алхохол под друга фирма во објектот до пумпата кај што се продава алхохол од страна на вработените после работно време. Клучот стои во маркетот во пумпата. И таму се наплаќа без сметка после работно време се плаќа со евра итн. Газда на таа алхотека е братот на овој главниот газда.
  7. Одмори има 10 дена летен и 5 дена зимски што мислам дека повеќе следува законски.
  8. Имаше ситуација во месец Март кај што дојде еден лик на проба беше цел месец фебруар и беше платен кеш, а веќе следниот месец знаеше дека е пријавен и осигуран здравствено и придонеси. Таткото на газдата многу љуби да ги малтретира вработените и да ги ангажира за работни обврски кои не се во склоп на работата која што треба да ја вршат. Ова е секојдневно ангажирање и малтретирање да чистат дигаат и преместуваат све и свашта. Го викнал во магацините доле да преместуваат и дига нешто. Носел големи лимови и ја исекол раката лошо. Се преврзал и побарал превоз до болница од братот на газдата и тој газда нормално. Тој газда и на продавницата за алхохол. Му рекол може да се задржиш некој саат и немам јас време да седам и да те чекам цел ден. Вработениот заминал сам. Коа завршил со преврска инекција тетанус и све остало му побарале да плати сума што не треба да ја плати осигуреник. Дознава дека не е осигуран од фирмата и све приватно си платил. Следниот ден доживува уште еден дебакл. Добива отказ. Колку нечовечки од газдава и не му платиле за тоа што платил у болница.
  9. Газдава е лик што доаѓа на работа и у 30 дена може една да те поздрави, освен у фаца ако не му кажеш добар ден и да мора да врати. Те гледа како јадеш шета околу тебе некоја минута и не ти кажува наздравје. Тешко му е да поздрави персонал секое доаѓање на работа. Тоа ви кажува каков чоек е.
  10. Средата 12 април се мењам со колега да бидам прва смена и да можам да гледам вечерта Милан. Денска смена е карамбол. Има преку 250 точења. 10-15 тони гориво у прва смена се точат. Ја држам смената до 14:00 со искусна колешка која поише е на каса наплата и правење фактури и еден нов на кој му држам обука. У 12:00 доаѓа уште еден нов на проба а у 14:00 дојде уште еден. Држам смена со 3ца нови. Точат гориво само и ми носат прометот од наплатата што ја вршат надвор. Еден од нив Има точење од 1000 денари и ми носи пари ама не ги видел. Отварам гледам 500 ден банкнота, 100 ден и две по 2000 ден. Муштеријата уместо две по 200ден му дал две по 2000ден. Док видам јас си заминал. Знаејќи дека е голема сума си викам ќе примети ќе се врати одма. Успат му кажувам на газдава за дешавкава и му викам ќе дојде сигурно ќе му ги дадам. Новиов го прашувам шо кола беше ми вика не памтам гужва беше. Проаѓа 15:00 ми пишува газдава дојде чоеков по парите му викам не дојде. Ми вика провери на камери. 1000ка е најчесто точење глеам 1000ки многу на компјутер ама не знам кола и саат за да ја најдам колава. Доѓа газдава пред крај на смена која ни е у 18:45 а он стига у 17:30. Ми вика дојде ли и му викам не. Ми вика дај ми ги парите. Му ѓи давам парите и си викам дека многу ангажиран за да се најде чоекот, а ние секојдневно коа сме у минус уво не го боли. Доста пари се 3600 ден што поише ги платил ликов. Негова грешка го чекаме да ги вратиме ама па ако не дојде зашто париве да завршат кај газдава. Тие што ме знаат, знаат дека не ценам пари па за 3600 денари ништо не ми мењаат него ме боли фактот зашто газдава секој плус го зима а секој минус ние го плаќаме. Се вртка низ маркет влага еден познаник му праам фактура што точел ме прашува како сум. Му викам види сонце лепота денов, вечер игра Милан празник ми е ќе ги смачкаме Наполи ама ме нервира фирмава што не стои позади нас како што денес стои позади клиенти што е сосема коректно ама не е да не со го чуваш и почитуваш персоналот кој што ти рбаоти и ти ги праи парите. Газдава вие како волк чека да искочи муштеријава. Си иде чоекот и ми се пушта со дерење море мочко како не стои позади вас фирмата пичка ти матер твоја. Ми пцуе мајка која има 82 години, ми вика мочко. Нормлано влагам у вербално објаснување да му кажам како не стојат позади нас и како е луд дека му пцуе што не смее и е против законски и у себе си викам да немаше камери ќе го каснеше бумбар. Се објаснуваме. Му кажувам случка исто кај што доаѓа лик од Словенска амбасада и сум му дал 6 вина сум згрешил сум наплатил 5 на слип кај што нема простор да го украдеш виното и дека брат му одма ми бара да му го платам, а не чека да дојде пак Словенецот и да му кажеме за грешката кај што знам дека ќе плати. Се дешава вербално препукување ме пцуе пак со пичка ти матер. Идам накај него му кажувам скапо ќе платиш за ова. Го вика шевот да дојде да се раздужиме. Се раздужувам и си идам. Имам два слобони дена според распоред. Само што стигам дома му најавувам на шевот дека од 15ти април зимам зимски годишен одмор кој ми следува и кој само јас уште не сум го искористил. Дознавам дека ме одјавил веќе на 13ти април без да потпишам отказ иако сум пријавен на неопределено и немам никаква причина за отказ освен што сум му рекол дека фирмава не стои позади нас. Без д ме информира ме отпушта и ме одјавува. Му обеќав на газдава дека сите инспекции и јавноста ќе дознаат за све како што работи и што им праи на вработените. Поентава на текстов е барем ќе имаат боље услови вработените у иднина и ќе се пази како ќе работи, а и не сум тепач за тоа што ме пцуеше мајка па мора некако да му вратам. Бај д веј уште ми вика леб зимаше од фирмата раниш фамилија. Не бе дечко не ранам фамилија јас работам и све што ме плаќаш сум изработел и сум заслужил и повеќе.
  11. Вработени кај него по 10 години зимаа помалце плата него јас што се договорив коа немаше вработени. Замисли како ги цени лојалните што му беа со години. Коа доџзна најстариот вработен дека зима 3000 денари помалку отиде да се избори сам за плата како нас новите а он работи 10+ години.
  12. Ете така немам ќар ништо од ова ама мене да ми олесне за све што било нерегуларно.
  13. Време е да го напраиме славен и да стигне текстов до сите институции.

Јас Пане Христопулос го напишав лично текстот и стојам позади све ова со факти и докази у пораки слики и све остало. Иако ми се заканува газдата дека ова мора да го изјавам на суд.
Со задоволство.

„Не знам дали човештвото може да го преживее ова откритие – НЕ ЧЕКА КАТАСТРОФА!!!“

Ова е првата технологија во историјата што создава приказни, вели Јувал Харари, израелска интелектуална суперѕвезда, како што пренесува престижниот британски Телеграф. Тој, секако, мисли на вештачката интелигенција.

За Харари ништо не може да биде поголем приказ на моќ од создавање приказни. Затоа што според него, нашето колективно верување во „приказните“ – за религијата, финансиите и нацијата, меѓу другото – ја поттикна доминацијата на човештвото на Земјата. Парите, на пример, ни овозможија да напредуваме, но каква е вредноста на банкнотите ако трговецот ги фрли како само парче хартија? – прашува тој.

Сега вештачката интелигенција може да исткае такви магии, покажувајќи дека потенцијалот на технологијата за големо добро и голема штета, некогаш сметан за далечен и теоретски, сега е моментален и реален.

Затоа Харари го додаде своето име на петицијата минатиот месец, потпишана од илјадници експерти, вклучително и Илон Маск, повикувајќи на мораториум за истражување на софтвер како Chat GPT и други модели на вештачка интелигенција способни да комуницираат со луѓе во речиси вознемирувачки нијансиран, креативен текст. Генерацијата на вештачката интелигенција не само што шири содржини произведени од луѓе, туку самата може да произведе содржина“, вели Харари.

„Обидете се да замислите што значи да се живее во свет каде што повеќето од стиховите и мелодиите, потоа ТВ сериите и сликите се создадени од вештачка интелигенција“, предупредува тој.

Тривијални примери веќе постојат. Минатата недела, еден германски магазин беше широко критикуван за објавување на она што изгледаше како ексклузивно интервју со Михаел Шумахер, кога всушност текстот беше генериран од вештачка интелигенција која го имитира парализираниот поранешен тркачки возач. Харари сугерира дека вештачката интелигенција наскоро ќе оди многу подалеку, евоцирајќи свет каде што „се влегувате на интернет и дебатирате за политичко прашање со некого. Можеби дури и ќе ви испратат видео од нив како разговараат. Но, нема личност зад тоа. Сето тоа е вештачка интелигенција“.

„Ова е посебна закана за демократијата, многу повеќе од авторитарните режими. Бидејќи демократијата се потпира на јавниот разговор“, вели Харари. „Демократијата во основа е разговор. Луѓето што разговараат меѓу себе. Ако вештачката интелигенција го преземе разговорот, демократијата е завршена“.

„Нацистичкиот режим се засноваше на технологии како возови, електрична енергија и радио. Тие немаа алатки како вештачката интелигенција“, вели Харари.

„Новиот режим во 21 век ќе има многу помоќни алатки. Така, последиците би можеле да бидат многу покатастрофални. Ова е нешто што не знам дали човештвото може да преживее“.

Дури и побаналните последици имаат потенцијал да бидат револуционерни, вели тој.

„Друга опасност е тоа што многу луѓе би можеле да се најдат целосно без работа, не само привремено, туку без основни вештини за идниот пазар на трудот. Можеме да дојдеме до точка каде што економскиот систем ќе гледа милиони луѓе како целосно бескорисни. Ова има ужасни психолошки и политички последици“.

Автономијата на вештачката интелигенција ја прави заканата толку множина, објаснува тој. Сепак, се чини дека дури и Харари, кој се прослави благодарение на сложените теми, е фрустриран од неговата неспособност да не натера останатите да го разбереме тоа толку длабоко како тој, пренесува jutarnji.hr.

„Мораме да разбереме дека вештачката интелигенција е првата технологија во историјата која може да носи одлуки за себе. Може да носи одлуки за сопствената употреба. Може да донесува одлуки и за вас и мене. Ова не е предвидување на иднината. Ова веќе се случува .

Ненормална работа – УКРАДЕНА БИСТАТА НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

Бистата на македонскиот писател и поет Славко Јаневски е украдена од постаментот на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим, соопшти фестивалот Струшки вечери на поезијата (СВП). Вчера е утврдено дека бистата на Јаневски е откорната од постаментот, а бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин се видливо расклатени во очигледен обид да се откорнат од постаментите. Директорот на СВП  Тодорче Тасевски ја пријавил кражбата е пријавена во полициската станица во Струга, пишуваат од СДК мк.

„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови“, вели директорот Тасевски.

Од СВП потсетуваат и дека на 1 октомври 2021, бистата на македонскиот поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. Потоа беше санирана, дополнително зацврстена и вратена на постаментот.

„Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на Струшки вечери на поезијата, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата“, велат од СВП и апелираат граѓаните да помогнат да се најде бистата.

Христос Воскресна – Славете го!

Христијаните од целиот свет го слават Воскресението Христово, смислата и суштината на Христијанството. Велигден е столбот на христијанското учење. „Христос Воскресна – Вистина Воскресна“ е традиционалниот поздрав со кој Христијаните ја пренесуваат веста за Воскресението на Христос.

Колкаво е значењето на овој ден Велигден и на самиот чин на Воскресение, најсликовито објаснуваат зборовите на Апостол Павле. „Ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше Вашата вера и залудна ќе беше нашата проповед. Но Христос Воскресна“, запишал Апостолот современик на Христос.

Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот. Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот. Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52).

  [Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Ве]

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа. Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот. Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата. Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66). На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Само на Велика Сабота, и на утрената и на Литургијата, Евангелието не се чита од вообичаеното место: од амвонот или од дверите, затоа што овојпат се чита на Христовиот гроб, пред Плаштаницата. Зошто? – Затоа што ангелот Божји бил на гробот Христов и оттаму им ја објавил веста за Христовото воскресение на жените мироносици. Се служи Василиева литургија, која започнува со Вечерна и свештеникот ја служи Литургијата во црни одежди, сѐ до читањето на паримиите и Апостолот (Рим. 6,3-11), по „Свети тихиј…“, а потоа, започнува празнувањето на Христовото воскресение. Се пее: „Воскресни Боже, суди и на земјата, зашто Ти владеш над сите народи“. Притоа, свештеникот ги соблекува црните одежди и облекува бели, светли одежди, затоа што токму на оваа Литургија завршува огласувањето на огласените, односно, завршува подготовката за оние што чекале да се крстат и веднаш следи нивното крштение. Додека се читале 15 паримии, свештеникот крштевал. Се пее: „Елици во Христа креститесја…= Вие кои во Христа се крстивте…“ Истовремено, кога свештеникот ги преоблекува одеждите од црни во бели, тогаш и на престолот во олтарот и во храмот се заменуваат црните покривалки со бели, светли. Престолот го претставува гробот Христов, а светлите облеки се праслика на Ангелот којшто бил на гробот, со светли облеки и им ја соопштил веста за најголемата светлина – светлината на Христовото воскресение. Затоа и ѓаконот, во светла одежда како ангелот, од средината на храмот, пред Плаштаницата го чита Евангелието и им соопштува на луѓето за Христовото воскресение. Место херувимската песна, денес се вели: „Да молчи секое човечко тело, и со страв и трепет да стои…“, а за причестувањето се пее, велејќи: „Стана како да спиеше, Оној што нас нè спасува: Алилуја“. На Велика Сабота, пред полноќ, се внесува Плаштаницата од сред црква во олтар, молчејќи, со кадење и се поставива на Престолот, каде што останува до Спасовден, во спомен на 40-дневниот престој на Христа на земјава по Неговото воскресение. На Спасовден Господ се вознесе на небо.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

Упокоението и престојот на Христа во гробот

Господ Исус Христос бил погребан во нов гроб, во гробницата на Јосиф од Ариматеја. „Бесмртниот како смртен во гроб се полага“, вели црковната песна (кондакот).

Зошто бил поставен во нов гроб?

Јосиф откако добил дозвола од Пилат, го симнал телото од крстот и го зел како скапоценост. Го обвил во чиста плаштаница и Го подготвил Христа за погребение. Сето тоа морал да го прави во брзање, бидејќи немало многу време. Плаштаницата претставувала погребно платно, кое се помазувало со скапоцени мириси. Така обвитканото тело со плаштаница, според еврејскиот обичај, било положено во нов гроб, издлабен во карпа. Овој гроб бил семејна гробница на Јосиф од Ариматеја (Матеј 27,60), и се наоѓал блиску до Голгота, до местото на распнувањето. Според местото каде што бил погребан Господ Исус Христос и достоинството што притоа Му Го оддале двајцата видни синедрионци Јосиф и Никодим, ако се исклучи само брзањето, затоа што се немало време оти настапувала саботата, Христовото погребение имало достоинство на царско погребение, погребение на висок достоинственик. Така беше пророкувал Исаија: „Му определијаа гроб со злодејци, но Он беше погребан кај богатиот, зашто не беше направил грев и во устата Негова немаше лага“ (Иса. 53,9). На тој начин биле погребувани царевите во Јудеја, тие биле обвивани во плаштаници со скапоцени мириси и смеси, а биле полагани во нови гробови издлабени во карпа (4. Цар. 21,26).

Погребението, пак, го извршил сопственикот на гробницата – лично Јосиф со својот пријател Никодим. Луѓе значајни и видни – членови на Парламентот – синедрионци. Постапиле како што е редот и направиле сè како што треба. На крајот, поставиле на гробот огромен камен. Зошто камен на гробот? Навалениот камен на гробната врата претставува заштита и затворање на гробницата. Гробот бил хоризонтално издлабен во карпа, како влез во пештера, а не вертикално надолу, како што се гробовите кај нас. Затоа и бил поставен камен на вратата од гробот. Во ваквите гробови можеле да влезат и диви животни и да ги разнесат мртвите тела. А, во овие гробови живееле и бесомачни луѓе. За тоа ни сведочи и Евангелието, бидејќи некои такви бесни Христос ги излекувал. Се вели: „Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата“ (Матеј 8,28) и „ еден човек од градот, кој имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите“ (Лука 8,27; сп. Марко 5,3). Освен бесните, во таквите гробови живееле и разбојници – таму се криеле и делеле плен. Но, сето ова било одбегнато, бидејќи гробницата имала голем камен на вратата и не можеле да влезат ни диви ѕверови, ни бесни луѓе, ни разбојници. Таа се наоѓала и близу до градот и во најдобрата алеа во гробиштата, а ја чувала стража.

Чувањето на гробот со стража

Во Евангелието е запишано следново: Христовиот гроб бил запечатен и чуван со стража. Зошто? Така побарале првосвештениците и фарисеите. Тие се сетиле на Христовите зборови дека по три дни ќе воскресне и се исплашиле. Време нема, утре е третиот ден. Омразата, нечистата совест и стравот биле посилни од саботниот закон за мирување. Лошите луѓе никогаш немаат спокој. Тие се плашат и се штитат и кога не треба. Затоа, го прекршиле и празнувањето на саботата и тоа Големата Сабота, Пасхална Сабота, како што ја викале саботата по Пасха, иако не смееле, го нарушиле покојот и отишле кај Пилата да побараат: да постави стража на гробот. Побарале да „нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учениците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ,Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.‘ Пилат им рече: ,Имате стража; одете и направете како што знаете.‘ Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, и каменот го запечатија“ (Матеј 27,64-66). Мислеле со стража ќе го спречат.

Гробот бил запечатен. Кој го запечатил и зошто?

Го запечатиле првосвештениците, а им помогнале војниците од стражата. Го провериле гробот. Виделе дека е телото внатре. Го поставиле тешкиот камен. Прегледале дека нема друг отвор за излез и ги презеле сите мерки на претпазливост и безбедност. Потоа, со врвца го обмотале гробот и каменот и ставиле печат, како шо се запечатува секоја врата или отвор. Каков печат бил поставен? Запечатиле со печат на Синедрионот (со пешатот на Собранието – Парламентот), печатот на највисоката власт и суд. Безумство! Зошто го правеле тоа? Целта им била да се спречи воскресението на Христа, а се случило обратно: тоа било и најсигурниот доказ дека Христос воскреснал, а не го украле и не излегол од гробот, бидејќи бил запечатен. На Христовиот гроб била поставена стража, а за тоа незнаеле ни Јосиф, ни Никодим, ниту жените мироносици, бидејќи тоа го договарале првосвештениците и Пилат. Стражата била испратена откако Јосиф и Никодим, а и жените, го напуштиле местото на Христовото погребение. Оваа вистина била и често повторувана меѓу Евреите во Ерусалим, кои знаеле за поствената стража на гробот Христов. Жените мироносици, ако знаеле за стражата крај Христовиот гроб, немало да се загрижуваат кој ќе го оттргне каменот од гробот за да Го помазаат Христовото тело со мириси. Сè било по Божја промисла. Стражата била поставена за да чува, но и да посведочи. Сведоци на Христовото воскресение биле „и стражарите“ кои го чувале гробот (Матеј 28,4). Најверојатно токму тие – стражарите, кои биле крај гробот Христов, кога Он воскреснал, биле првите известувачи за Христовото воскресение меѓу ерусалимјаните, иако првосвештениците дури им понудиле и пари за да велат дека Христовото тело Го украле учениците Негови кога тие спиеле (Матеј 28,13). Смешна лага. Прво, како можеле учениците да го направат тоа кога имало стража и тоа од римската гарда што била кај Пилат и што го чувала храмот. Второ, тие Христови ученици се исплашиле и разбегале уште во Гетсиманија, а не сега. Трето, истите Го оставиле Господа кога бил уште жив, а што ќе им е сега мртов? Кому му треба мртов? И четврто, зар не е бесмислица: – Како можеле стражарите да видат дека некој Го украл телото, ако спиеле?! Петто: Најпосле, зар можело да останат неказнети римските гардисти за спиење на стража? Очигледна е лагата. Сепак, останува јасно дека веста за воскресението на Христа, тие ја разнеле низ Ерусалим, бидејќи жените мироносици, се вели дека ги опфатил страв и ужас и никому ништо не рекле, оти се боеле (Марко 16,8), а само на апостолите им ја соопштиле веста што ја чуле од ангелот Господов – дека Христос воскреснал. Стражарите се првовесници за Христовото воскресние.

Христовото слегување во адот и отворање на рајот

Христос по погребението е во гробот. Неговото тело е внатре. Он е присутен во гробот и е безбедно чуван. Кога умре на крстот, Христос ја испушти Својата душа. Настапи смрт. Душата се одвои од телото, како и при секоја телесна смрт. Тоа не беше привидно, туку вистинито. Он навистина умре. Телото и душата се одвоија. Тоа го проверија и војниците и видоа, и посведочија дека е умрен. Затоа и Го симнаа од крстот и Го погребаа. Но, додека е во гробот со телото, Он со душата отиде во адот. Господ Исус Христос претрпе смрт, одвојување на душата од телото, но не претрпе распаѓање. Душата го напушти телото кога Христос умре, но смртта не можеше да го разруши телото, бидејќи го немаше во него квасот на распадливоста – гревот, затоа што Христос беше без грев – во сè еднаков со нас, освен во гревот. Вистински човек, но безгрешен, бидејќи беше и вистински Бог – Богочовек. Освен нераспадливоста на телото, затоа што Христос беше без грев, исто така и душата Негова, не можеше да ја задржи адот, затоа што беше без грев. Во адот беа сите дотогаш упокоени луѓе, а со нив и многу праведници и светии, но тие не беа безгрешни – ја имаа клетката на првородниот грев. Христос, пак, не, и затоа немаа власт над Него ни гревот ни адот. Немоќни беа и адот и гробот – и земјата и подземјето. Да, Он беше човек, но без направен грев и безгрешно роден, а истовремено беше од Бога, но и Самиот беше Бог. Ни, смртта, ни адот, ни гревот, ни ѓаволот не можеа да го држат подвластен Седржителот.

Зошто слезе во адот?

За проповедтта на Евангелието на земјава – меѓу живите луѓе со тело и душа, Му беа потребни на Христа три години, а за проповедта на душите упокоени во адот, беа доволни три дена. Ете колку е помоќна душата. Времето од смртта до воскресението Христос го мина во спасителна проповед кај душите на умрените. Престојот на Спасителот на Велика Сабота во адот, означува победа над адот и смртта. Обиколката со Плаштаницата околу црква трипати, освен што го претставува погребението, ја означува и Христовата обиколка низ пеколот. Тоа го претставува и Неговото проповедање на Евангелието низ целиот ад и на сите души, порано упокоени. До крстната смрт на Христа во пеколот беа затворени душите на сите порано упокоени луѓе. До тогаш, таму, ѓаволот владеел со сите и тиранисувал. Таму биле и старозаветните праведници: Авраам, Исак, Јаков, Давид. Кога Христос влегол кај нив, засветлела Божјата светлина, се појавил Седжителот и Спасителот. Тогаш ѓаволот бил обессилен и поразен. Оттаму биле изведени сите што верувале во Господа Исуса Христа како Спасител на светот и умреле како верници со таа вера. Тие се израдувале кога Го виделе и весело тргнале по Него, излегувајќи од адот, одејќи од темнината на пеколот во светлината и блаженството на царството небесно. Ова Христово слегување е преведување од пеколот во рајот на душите на сите порано упокоени праведници. Отворен е рајот. Во Саботата, од пеколот Христос отишол во рајот, заедно со разбојникот, кого го внел таму и постанал прв граѓанин на рајот. Така беше му рекол на крстот: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лука 23,43). По слегувањето на Христа во адот, оттогаш, душите на праведните христијани, по телесната смрт, веќе не одат во пеколот, туку ангелите ги носат на небото, во блажените живеалишта. Затоа ова е наречено победосносно слегување во пеколот. После тоа, влијанието на ѓаволот врз луѓето ослабело и во адот и во светот. Ние и понатаму сме искушувани од ѓаволот со разни искушенија, но ја имаме помошта од Божјата благодат и можеме да се противставиме, ако сакаме. Христовата помош е со нас. Он рекол: „Со Моето име ќе истеруваат бесови“ (Марко 16,17). А Библиската порака вели: „Противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ (Јаков 4,7). Спомнувањето на името Христово, крстот и прекрстувањето со вера, темјанот, кандилото и иконата, како и читањето на Библијата, претставуваат силно оружје против ѓаволот од кое тој бега. Денес, по причестувањето пееме: Спомни си за нас, Господи, како што си спомна за разбојникот…“ Христовото одење во рајот означува отворање на вратите од рајот. На Велика Сабота, отворен е рајот, а поразен пеколот. Влегувањето со Плаштаницата в црква, низ отворените врати, го претставува влегувањето во рајот. Вратите се отворени за цело време додека се оди со Плаштаницата трипати околу храмот, а тоа значи дека Господ Исус Христос и додека е во обиколка на пеколот, Он е во непрестајно единство со Отецот и Светиот Дух. Во исто време, Господ Исус Христос бил и на престолот, заедно со Отецот и Светиот Дух, како Бог, со Својата Божја природа. Така вели и црковната молитва: „Во гробот телесно, а во адот со душата како Бог; во рајот, пак, со разбојникот, и на Престолот си бил со Отецот и Духот, Христе неопислив, Кој сè исполнуваш“. Он е секогаш со Отецот и Духот – неразделна и едносушна Троица.

*        *        *

На Велика Сабота ноќта – на полноќ, се објавива најрадосната вест – веста за Христовото воскресение. Тоа е најсветлата ноќ – ноќ посветла од ден. Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот Ден – Велигден – радост за Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.

ВЕЛИКИ ПЕТОК – Станете да одиме по патот на страданијата, само не плашете се!

Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запометена, го посочил примерот со лозата и лозовата прачка која дава плод, ако е на лозата, а не кога е отсечена од неа. И рекол: „Без Мене не можете да направите ништо“, но „ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“, а утехата е во „Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината…“. „Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот.“ По овие зборови, Христос завршил со поуката и ја започнал Молитвата во Гетсиманија. Страдањата од Велики Петок почнуваат во Гетсиманија.

Гетсиманија – молитва и страданија

Господ Исус Христос вообичаено се молел насамо, давајќи ни пример и нам за индивидуалната, лична молитва. Многу е значајна Неговата молитва во Гетсиманија пред да биде фатен и изведен на суд, а потоа, неправедно осуден на смрт, измачуван и распнат (Марко 14,32-42; Матеј 26,36-46; Лука 22,39-46; Јован 17 глава). Он, бидејќи Бог, знаел сè што ќе се случува, но затоа што бил и вистински човек, Неговата човечка природа, во Гетсиманија, ја преживеала Голгота. Спасението на човечкиот род не би било извршено без Неговата молитва во Гетсиманија, во која кулминирале Неговите душевни страдања за нас и место нас; страдања предизвикани само од нашите гревови и претрпени заради нашите гревови – за гревовите на сите луѓе од сите времиња, а кои Он како Богочовек доброволно ги примил врз Себе. Пред жртвениот подвиг на Голгота, Спасителот бил во неискажливи маки во Гетсиманија. Таму жалел со жалостите и умирал со смртта на сите луѓе, молејќи Му се на Отецот, и тоа пред Своите тројца најверни ученици: Петар, Јаков и Јован, како што предвидувал Законот – двајца или тројца сведоци (5. Мој. 19,15). Тие биле сведоци за Неговите искупителни, душевни страдања, а пред нив Он и се преобразил (Матеј 17,1-2) и во нивно присуство ја воскреснал Јаировата ќерка (Лука 8,51). Христовото тагување и страдање во Гетсиманија е израз на човечката природа во Богочовекот. Неизмерни биле Христовите страдања во Гетсиманија, бидејќи неизмерна била и грешноста на луѓето, која Он ја зел врз Себе и Му предизвикала големи болки. Големи биле Неговите гетсимански маки, бидејќи во Него и преку Него плачела и барала спасение целата човечка природа. Вообичаено, во Христово време, на Исток, а особено меѓу Евреите, луѓето се молеле стоејќи, со подигнати раце кон небото (1.Тим. 2,8; Лука 18,11 и 13). Овде се вели, Господ Исус Христос „падна на земја и се молеше“. Молитвите и молењата со приклонети колена на земја, биле израз на духовна тежина и внатрешна борба и тие биле ретко практикувани (спореди: 4. Мој. 16,22).

Евангелистот Лука ја покажува психолошката-духовна борба и реакцијата на телото со изобилство на пот и капки крв, како израз на тешката душевна борба. Дека Спасителот во Гетсиманија многу пострадал заради гревот на сиот човечки род и тоа со страданија какви што не страдал никој, сведочи и евангелскиот опис дека „потта Му била како капки крв“. Тоа го предизвикала човечката природа во Христа, која сосема природно реагирала во моментот на предавството, фаќањето, врзувањето, бичувањето, плукањето, страдањето и смртта. Сето ова било појако изразено во Неговата човечка природа, зашто Господ Исус Христос знаел сè што Го чека, а тоа и го предрекол пред Своите апостоли (Марко 10,32-34). Он знаел за сето тоа и за сè што ќе се случи од Гетсиманија до Голгота – до Неговиот последен крик на крстот: „Се сврши!“ (Јован 19,30). Со истите зборови и во Гетсиманија рекол: „Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници“ (Марко 14,41). Предавникот бил сосема близу. Хрисос рекол: „Станете да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“ Тоа не значи да бегаме, туку да се сретнеме со непријателите; да тргнеме по долгиот пат; да одиме по патот на страданијата – до Голгота!

Христа Го фаќаат во Гетсиманија

Јуда излегол од Тајната вечера, се откажал од Христа и од апостолството и отишол да Го предаде својот Учител. Штом дознал каде ќе ја поминат ноќта, веднаш заминал, за да им каже на оние што сакале да Го фатат Исуса. Кај нив почекал некое време, додека дојдат Христос и апостолите на договореното место, а можеби чекал и да настапи длабока ноќ, кога апостолите би заспале и не би можеле да дадат отпор. Такво е лукавството, „зашто синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината“ (Лука 16,8). Јуда со себе повел и многу народ со мечеви и стапови, испратени од првосвештениците и книжниците. Значи, со него била една вооружена чета, од таканаречената полиција на храмот, која ја сочинувале одредени помошници во храмот: млади свештеници и штитеници на јудејските старешини и книжници.

Велиме дека имало и млади свештеници или помошници на првосвештеникот, иако во евангелскиот текст тоа не е речено така, но заклучуваме од зборовите дека луѓето биле вооружени „со мечеви и со стапови“, а на првосвештениците и на нивните слуги не им било допуштено да носат мечеви и, во буквална смисла на зборот, им било забрането да пролеваат крв. Тоа значи дека тие биле оние – вооружените со стапови, бидејќи не смееле да носат мечеви, како другите. Збунува и тоа дека Јуда допуштил овие луѓе да доаѓаат вооружени со „мечеви и стапови“ за да Го фатат кроткиот Господ Исус Христос. Но, тој ја знаел ревноста на апостолите и очекувал да Го бранат својот Учител и Господ. За тоа сведочи и реакцијата на светиот апостол Петар, кој извадил нож и им се спротиставил (види: Јован 18,10-11; Матеј 26,50-51; Марко 14,47). Затоа, Јуда навреме обезбедил вооружени луѓе кои непречено ќе Го фатат Господа Исуса Христа. Се погрижил и за тоа, да не се случи недоразбирање и да не фатат погрешен човек, во ноќната темнина. Затоа, договорено било жртвата да им ја покаже со целив и со поздрав на својот Учител, велејќи Му „Радувај се, Рави“. Тоа бил вообичаен однос и поздрав меѓу учениците и Учителот. А бакнежот бил сметан за целив на мирот. „А Исус му рече: ,Пријателе, зошто си дошол?‘ “ Ова се Христовите последни предупредувачки зборови кон Јуда за да се покае и затоа му вели: „Пријателе“. Јуда, пак, со своето духовно слепило и безумие, сакал преку целивот да ја сокрие од Господа својата намера, лажно, претставувајќи се како пријател. Но, „ти, ако си пријател, зошто доаѓаш со непријатели“, вели блажени Теофилакт. Неговото лукавство е бесмислено. Тој не сфаќал со каква вечна осуда се осудил себе си, за тоа што токму знакот на љубовта – целивот го употребил за предавство.

Ова претставува најгрубо искривоколчување на најголемата добродетел – љубовта. Ова е демонско применување на доброто за зло. Знакот на љубовта Јуда го употребил за да ја затвори вратата на рајот, место да ја отвори. Навистина збунува тоа, како било можно Јуда три и пол години да биде апостол и близок „ученик Христов“, еден од дванаесетте, кој постојано ги слушал зборовите Господови и ги следал Неговите чуда, а на крајот, да се оттргне и да Го предаде. Ова предавство на Господа се повторува многупати низ времињата и после Јуда, од многумина христијани. Секое отстапување од Христа, претставува предавство и христоодрекување. Затоа, и ние треба да се запрашаме како апостолите, кога Исус им рекол: „еден од вас ќе Ме предаде“, па да велиме: „да не сум јас?“ (Марко 14,18-19). Ноќта Христос бил фатен, врзан и одведен на суд пред Јудејското собрание (Марко 14,43-49; Матеј 26,47-56; Лука 22,47-53; Јован 18,3-12).

Животот беше пред нив, а монструмите крвнички ги убија!

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 10 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Ова грозоморно петкратно убиство ја зави Македонија во црно.

На местото каде тогаш беа убиени Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче, денес има изградено црква „Светите Четириесет Маченици- Младенци“ и два обелиска кои вечно ќе го означуваат споменот за сите петмина, но и ќе сведочат за масакрот кај Смилковско езеро.

Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, за што се најдени и чаури од три различни типа муниција, што наведува дека имало повеќе од еден извршител на чинот.

За петкратното убиство во овој случај кој беше наречен „Мострум“, доживотна казна затвор им беше изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање цврсти докази за утврдување вина.

Жалеше цела Македонија, но најмногу жалеа родителите на овие деца. Животот беше пред нив, а монструмите крвнички ги убија.

https://youtube.com/watch?v=CxM72LKAf80

Жалеше цела Македонија, но најмногу жалеа родителите на овие деца. Животот беше пред нив, а монструмите крвнички ги убија.

Нека почиваат во мир !