Tag Archives: Германија

(Фото) Понижувачки: Јавна куќа од Германија им нуди работа на украински девојки

Рускиот медиум Восток сподели фотографија од објава на социјалната мрежа Фејсбук на која може да се забележи дека јавна куќа од Германија нуди работа на девојките бегалци од Украина.

На “огласот” може да се види дека се нуди работа за жени до 25 до 55 години, а госпоѓата информира дека може да се заработат и до 500 евра дневно.

Подготвени сме да ви укажеме помош и да ве сместиме во нашите апартмани, Ве чекаме” – стои во објавата на Фејсбук.

Кличко до Германците: Си играте мајтап со нас – Германија и испрати 5 илјади шлемови на Украина

Министерката за одбрана на Германија Кристина Ламбрехт рекла после седницата на Одборот за одбрана во Бундестагот дека се работи за јасен сигнал и порака: “Со вас сме“.

Таа го поздравила повторно покренувањето на разговорите за решавање на украинскиот конфликт.

“Работиме на тоа конфликтот сред Европа да се реши по мирен пат“, рекла Ламбрехт.

Украина во повеќе наврати побарала од европските земји, исто така и Германија, помош во оружје како би се одбранила од можен напад на Русија, но таа помош е одбиена од официјален Берлин.

Украинската влада побарала со писмо упатено до Министерството за надворешни работи на Германија 19. јануари помош во опрема и навела меѓу другото и потреба за шлемови и заштитни прслуци.

Кличко меѓутоа, изразил недоразбирање поради однесувањето на Берлин.

Немам зборови за однесувањето на германската влада“, рекол за дневникот Билд и додал:

“Министерката за одбрана очигледно не разбрала дека имаме работа со одлично опремена руска војска, која во секој момент може да започне инвазија на Украина. 5.000 шлемови се виц. Како Германија понатаму ќе не подржува? Можеби со перници“

Германскиот министер за економија: Ни фалат 300.000 работници

На Германија ќе и треба зголемена имиграција за да се спречи сериозниот недостиг на работна сила што ќе ја поткопа продуктивноста и ќе ја загрози успешната енергетска транзиција, изјави денеска Роберт Хабек, министер за економија на најголемата европска економија.

-Имаме 300.000 слободни работни места. Очекувајте тоа да се зголеми на милион или повеќе, рече лидерот на Зелените Хабек на денешната прес-конференција.

Ако не ја пополниме таа дупка, ќе имаме реални проблеми со продуктивноста, додаде тој.

-Се разбира, тоа значи повеќе квалификувани работни места, обука и подобри можности за вработување и подобри можности за семејствата, но во Германија тоа секако значи зајакнување на имиграцијата во сите области – за инженери, занаетчии, негувателки. Сè уште тоа треба да го организираме, рече Хабек, вицеканцелар во коалициската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

Германскиот економски институт проценува дека бројот на работници годинава ќе падне за повеќе од 300.000 поради пензионирање, пренесува Гардијан.

Се очекува во 2029 година бројот на работници да се намали за повеќе од 650.000, така што на пазарот на трудот во 2030 година ќе има недостиг од приближно пет милиони работници.

И покрај пандемијата со ковид-19 бројот на вработени Германци во 2021 година се зголеми до речиси 45 милиони.

По една деценија ниска стапка на наталитет, недостигот на работна сила е демографска темпирана бомба за германскиот пензиски систем што ќе треба да се финансира од сè помалку работници, додека бројот на пензионери кои живеат подолго се зголемува.

Примал плата 8 години како вработен во општина Тетово, а се наоѓал во Германија

„Претседателот на општина Тетово Билал Касами денес откри еден скандал од претходното владење, каде што едно лице 8 години добивало плата како вработено во општина Тетово, додека престојувало во Германија.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пишува: „Градоначалникот Касами нагласи: ‘Од пред два – три дена се соочувам со една ситуација каде што еден вработен, што прима плата редовно од општина Тетово, а работи во Германија, и за 8 години никому не се сетил зошто ова лице ги зема парите на даночните обврзници од Тетово’. Според него, од минатата администрација фигурирале речиси 340 вработени, од кои значителен дел ниту доаѓале на работа, но добивале многу пари. Меѓу нив се и некои што се блиски на поранешни општински функционери.“

„Касами истакна дека успеал да прекине значителен дел од овие фиктивни договори.“

Далеку сме од евтина држава – Во Англија литар млеко е 33 денари, 25 денари е кило леб

Граѓани на Твитер ги коментираат цените на основните продукти во Македонија и дело од земјите во Европа, па според фотографиите и коментарите излегува дека за некои производи во Македонија граѓанитѕе ги плаќаат и поскапо од граѓаните на некои земји на ЕУ како Англија и Германија.

Според фотографиите едно литро млеко во Англија може да се најде за 46.9 пени или скоро пола фунта за едно литро. Додека пак едно кило леб може да се најде за 36 пени или третина фунта.

Цените во Германија 

Репортер на Дојче Веле во вторникот посетил маркет на Лидл во Бон, за да споредиме каква е цената на дел од основните производи во Германија- каде нема замрзнување на цените- и Македонија каде тоа се практикува од минатата недела.


Така на пример, сончогледово масло во овој дисконт во Германија чини 1,39 евра. Истото во Македонија ќе го најдете од 89 денари- близу 1,5 евра- па нагоре.

Пченичното брашно во Бон можете да го купите за 45 центи, во Македонија за 40 денари или околу 20 евроценти поскапо.

Кристален шеќер во Лидл чини 79 центи, во македонските дисконти може да се најде поевтино- за 40 денари.

Млекото со 3,5 отсто масленост во Македонија ќе ве чини најмалку 50 денари, во Германија може да се најде за 80 центи.

Ако купувате месо, во Македонија ќе минете нешто поевтино- за килограм свинско ќе платите околу 350 денари, додека во Германија 6,99 евра.


Севкупно гледано, цените на производите се слични, со таа разлика што стандардот на граѓаните во Германија е далеку повисок- барем седумпати од македонскиот. 

Според податоците за 2019 година на Еуростат во извештајот од 2020 година Македонија има најефтина храна и пијалоци во Европа.

Статистиката на Еуростат покажуваше дека во Македонија граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци (кафе, чај, минерална вода, овошни сокови и др.) и тутун од сите 37 држави на европскиот континент.


Анализата на Еуростат, со податоци од 2019 година, тогаш ја смести Македонија на дното во Европа според трошоците за основните потрошувачки производи, или обратно, на врвот како најевтина. 

Се прашуваме дали по споредбиве состојбата не е променета ако се земе фактот дека просечната плата во Европската унија e 2000 евра во споредба со нашите плати кои официјално се 470 евра или во септември 2021 во нето вредност по вработен е 28 869 денари.

ГЕРМАНИЈА воведува ЛОТАРИЈА за добивање РАБОТНА ВИЗА за македонските граѓани

Германските власти најавија дека поради големиот број апликации за виза, според член 26 став 2 од Одредбата за вработување во согласност со Регулативата за Западен Балкан, постојните правила ќе бидат ажурирани.

Според најновото ажурирање направено од Амбасадата, ќе бидат донесени нови правила во врска со процедурата за закажување, бидејќи бројот на апликации го надминува бројот на слободни термини што во моментот се достапни.

За таа цел, во февруари по првпат ќе се отвори нова листа за регистрација на термини за поднесување барање за визи. Оваа прва листа ќе биде отворена за регистрации за одреден временски период (најверојатно 2 недели). Листата нема да се затвори, како досега, кога ќе се дојде до одредена бројка на регистрации. Наместо тоа, листата за регистрација ќе се затвори на одреден ден и од сите регистрации, компјутерски, по случаен избор по пат на лотарија ќе се избере кој ќе добие термин во март 2022 година. За точните податоци кога ќе се отвори листата, ќе информираме навреме на нашата веб-страница и преку нашиот фејсбук-профил“ велат од германската амбасада во Скопје.

Тоа значи дека секој ќе може да поднесе апликација, сепак, само оние што ќе имаат среќа ќе можат да закажат термин.

Лотаријата ќе се спроведе во германското Министерство за надворешни работи во Берлин под надзор од повеќе лица, а веднаш потоа избраните лица ќе бидат известени од Амбасадата кога ќе биде нивниот термин во следниот месец.

Дополнително, во соопштението Амбасадата нагласува и дека на апликантите не им е дозволено повеќекратно да се пријавуваат, да ја менуваат регистрацијата или да ја префрлаат на друго лице.

Освен тоа, се нагласува дека оние што се регистрирале порано немаат предност во однос на оние што се пријавиле подоцна и дека не е потребен ангажман на трети лица.

Како што се вели, при приложување на потврдата за термин, влез во Визниот оддел ќе биде дозволен само ако личните податоци во пасошот на подносителот на барањето целосно се совпаѓаат со податоците што се внесени во терминот за регистрација.

„Регистрaциите што не добиле термин ќе бидат избришани на крајот на месецот. Ако Вашата регистрација не добила термин, и во тој случај ќе добиете соодветно известување дека не сте извлечени. Од технички причини, може да поминат неколку дена додека добиете известување. Ве молиме да не испраќате мејлови. За да може да учествувате во лотаријата за термини во следниот месец, потребна е нова регистрација. Само на овој начин може да се доделат термини за поднесување виза според Регулативата за Западен Балкан. Амбасадата не дава други посебни термини и од овие причини Ве замолуваме да се откажете од таков тип на прашања“, додаваат од Амбасадата.

Во моментов, сите земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија – се дел од германската листа со висок ризик за патување во земјата.

Врз основа на сегашните правила за влез во Германија, од патниците од овие земји се бара да пополнат формулар за дигитален влез и да останат во самоизолација десет дена по нивното пристигнување.

Сепак, оние што се вакцинирани со признаена вакцина, како и оние што поседуваат валиден сертификат дека го прележале вирусот, можат да го прескокнат карантинот.

Центар.мк

Oдлична вecт за Македонците во Германија – Ќе се дозволи ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de.

Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе им биде дозволено да се одлучат за двојно државјанство.

Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои во моментите кога ќе стекнат услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското.

Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.

Ce ќe пocкaпи… вo Германија вeќe пoчнa

Во септември, цените во Германија пораснаа за дури 4,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова е првпат инфлацијата, така забележана, да надминува четири проценти од 1993 година, соопшти Федералното биро за статистика.

„Ветар во грб“ на силната инфлација и дава скокот на цените на енергијата, но тоа не е единственото нешто. Експертите го споменуваат и зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за некои производи, како и одложувањето на глобалната испорака на стоки, и метежот што се случува во пристаништата.

Потрошувачите во Германија сепак ќе треба да ја стават раката подлабоко во џебот за да ги загреат становите оваа зима. Една четвртина од домаќинствата се греат на мазут, што ќе биде дури 76,5 проценти поскап отколку пред една година. Мора да се признае, дури и таа цена од минатата година не беше нормална – тогаш цената на барел сурова нафта беше речиси на најниско ниво на сите времиња поради пандемијата и екстремно намалената побарувачка.

Од оваа календарска година, се воведе данок за емисија на јаглерод диоксид од 25 евра по тон од овој штетен гас. Тоа секако влијае на нафтата и се пренесува на цената. Греењето на гас, кое го користеа половина од домаќинствата во Германија, беше 5,7 проценти поскапо во септември, но можно е да биде уште поскапо бидејќи цената на овој извор на енергија на слободниот пазар продолжува да расте, пишува Дојче веле.

„Потребна е поддршка за таканаречените енергетски сиромашни домаќинства, кои не можат да ги покријат трошоците за енергија“, вели Леонора Холинг, претседател на Здружението на потрошувачи на енергија. Бара државата дополнително да се субвенционира греење за сиромашните, како и да им забрани да се исклучат од мрежата доколку не можат да ги покријат трошоците.

Јанко од Леверкузен: Роден во Германија, дојде во Скопје да навива за својата Македонија!

Еве пример колку се сака Македонија, колку се сака репрезентацијата на Македонија. Денеска во едно кафуле во центарот на Скопје, во пресрет на натпреварот Македонија – Германија, “налетавме“ на Јанко Антоски, Македонец кој е роден во Леверкузен. Муабетот нормално прво одеше во насока на тоа кој ќе победи.

И јасно е, ние на еден лош германски му “рековме“ дека Македонија ќе ја “згази“ неговата Германија, уверени дека станува збор за „Швабо“, популарно е тоа на Балканот. А и изгледот негов беше таков, германски. Посебно германскиот јазик кој се говореше на неговата маса во неговото друштво. Се шокиравме кога на течен македонски јазик ни рече:

И јас ќе навивам за Македонија. Јас сум Македонец“ ни рече Јанко, како што подоцна разбравме дека се вика фудбалскиот фан кој има 32 години.

Неговата приказна е следна….

Потекнувам од тетовско, пред околу 40 години моите родители емигрираат во Германија, во Леверкузен, каде што сме роден јас и мојот брат Ѓорѓи. Јас имам 32 години а братот е три години помал. Сите во семејството го сакаме фудбалот, посебно Ѓорѓи кој е фудбалер и игра за ФЦ Дурен. Од кога паметам за мене во моето семејство дома се говори само на македонски, затоа и така добро го знам нашиот, мојот јазик“ вели Јанко за “Спортмедиа“.

НАВИВАВ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АМСТЕРДАМ НА ЕП

И нормално, кога ќе почнеш да правиш муабет за фудбал, нема крај…

Повеќе на sportmedia.mk

(Видео) Poдитeли oд пekoлoт: Млади родители Македонци вo Германија извpшиле нeвидeнa тopтypa вpз нивнитe дeцa…

Маж и жена од Македонија се осудени од судот во Менхенгладбах, мал град во близина на Дизелдорф, бидејќи таткото ги тепал синот и ќерката, а мајката не презела ништо да го спречи.

Таткото, на 24 годишна возраст, и мајката, на 20 годишна возраст, се осудени на 13, односно 4 години затвор. Дополнително, таткото треба да му уплати на синот 500.000 €, а на ќерката 15.000 €. Мајката е казнета и со 300.000 € за синот и 10.000 €, што треба да ѝ ги уплати на ќерката.

Инцидентот се случил на почетокот на годината. Според обвинението, таткото го притискал тогаш пет недели стариот син на нозете и му скршил три коски. Од тепањето детето, добило траен физички и ментален инвалидитет. Таткото ја малтретирал и ќерката, која тогаш имала 17 месеци, и ѝ ја скршил потколеницата.

Децата им се одземени и дадени во згрижувачко семејство. Родителите се обвинети за сериозна злоупотреба на децата, а обвинителството проценило дека таткото не се кае во завршните зборови, а германските медиуми пишуваат дека двајцата обвинети, ќе се жалеле на пресудата, со надеж да добијат поблаги казни. Мајката се вадела и на тешко детство