Tag Archives: хуманост

Пиљара од Гевгелија со ЗАКАЧАЛКА НА ДОБРИНАТА – ,,Ако имаш донеси, ако немаш понеси”

Хуманитарна акција , закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата.
🎄Да ги направиме празниците убави за сите🎄- пишуваат од пиљарата Кај Кецот во Гевгелија.

Алал да ви е добри луѓе👏

Вера наместо да размислува што да носи за матура, се обидува да ги издржи сите зрачења поради туморот на главата …

Во овие празнични моменти, во овие моменти на славење, потребни сме и на Вера и нејзиното семејство! – пишува Куќа на среќата со апел на социјалните мрежи за помош за Вера.👇

Вера има само 17 години и наместо да ужива во тинејџерството, наместо да размислува што ќе носи за матура, каде ќе се запишува на факултет, Вера размислува дали ќе има сила да успее да го изоди овој пат и да ги издржи сите зрачења, сите хемотерапии и да се избори со туморот кој го има на глава.

На 15 години ја губи својата мајка исто од ова чудовиште наречено канцер и остануваат сами со нејзиниот татко и помалиот брат.

Потребни сме им повеќе од било кога. Ова семејството е социјален случај и живеат само од износот од социјално, бидејќи таткото не може да работи зошто мора да се грижи за Вера. Во моментов се сместени на клиника, каде нејзиниот татко е придружник и заедно ги минуваат деновите во болничкита соба.

Како да се изборат? Со кои пари? Како да работи? Кој ќе се грижи за Вера? Со кои пари да ги купат потрбните витамини? Како да дојде до Скопје на преглед, на контроли, како да се вратат дома? Како да патува да го гледам и другото дете кое во моментов е само?

Ова се прашања кои го мачи таткото а кои не знае каде да го најде одговорот.

За тоа како знаеме дека вие сте тука, знаеме дека имате хумани срца и дека ќе помогнете на ова семејство.
Од семејството побаравме да отворат донациски сметка бидејќи се приматели на социјална помош за да не им се стопира помошта, која иако е ми имала нив им значи .

Ќе ја споделиме донациската жиро сметка од таткото за да им помогнеме колку можеме во оваа тешка битка која за нив само што почнува, а за која им се потребни парични средства.
Сметка за донации
200004039922049 Тони Андоновски
Стопанска банка АД Скопје

Оваа млада девојка ние ја викаме Вера бидејќи ВЕРУВАМЕ во нејзината борбеност и верба, бидејќи ВЕРУВАМЕ во вас и вашата хуманост, бидејќи веруваме дека сите заедно можеме да успееме.

Држи се малечка со тебе сме сите ❤️❤️

Доколку некој сака да добие директен контакт од таткото може да ни пише во порака.

https://www.facebook.com/100066754397262/posts/pfbid02JArF2dteLVaTNoUyk1PT8K5h1SNY5Fz6eDLwDRJNVRELUQ4stzBjDXzpvN8kLxeVl/?mibextid=Nif5oz

Аплаузот денес оди кај децата и наставниците од 4-3 од ОУ Ѓоргија Пулевски, Аеродром, кои донирале за оброк за нивните врсници кои не можат да си дозволат

Од Проект Среќа им заблагодарија на учениците од ОУ Ѓорѓија Пулевски, од Аеродром за донацијата за учениците кои немаат топол оброк.

Аплаузот денес оди кај децата и наставниците од 4-3 од ОУ Ѓоргија Пулевски, Аеродром, кои донирале за оброк за нивните врсници кои немаат да си дозволат за оброк. Браво деца!!!

Ова се прекрасни позитивни примери на практично учење и примена на филантропија и хуманост! ❤️#тополоброкзасекоедете – напишаа од Проект Среќа.

11 ДЕЦА од Кавадарци, 4 ДЕЦА од Битола и од Велес, 3 ДЕЦА од Берово… СЕДАТ ГЛАДНИ ВО ШКОЛО !

Драги пријатели и донатори, луѓе со големи срца, сите Вие кои дониравте за оброк за децата кои немаа да си дозволат, и седеа гладни во училиште, Од срце ви благодариме! На наменската сметка до денес се донирани 383 000 денари, и од тие веќе плаќаме за децата, како ги добиваме фактурите од добавувачите, така им исплаќаме, пишуваат од проектот Среќа !

До сега платено е за :

-3 деца од Ранковце, К. Паланка

– 4 деца од Битола,

– 1 дете од с.Подареш, Радовиш,

– 11 деца од Кавадарци, – 1 дете од Свети Николе

– 1 дете од Скопје, Карпош,

– 3 деца од Берово

– 4 деца од Превалец, Велес

Оброкот е покриен до крајот на школската година!

Утре продолжуваме! Се додека имаме средства, сите деца кои ги имаме на список ќе добијат оброк во училиште.

Се уште имаме недостаток на средства, за сите деца, но се надеваме дека донациите ќе продолжат да пристигнуваат!

Бидејќи ни едно дете не треба и не смее да е гладно!

#тополоброкзасекоедете

ВИШОК ХРАНА од славите и празниците, ДОНИРАЈТЕ ЈА на гладните !

Да дозволиме да се случуваат убави нешта.Со оглед на тоа дека минатогодишната акција помина прекрасно би ве замолил да повториме!!

Скопјани,пријатели,другари во ек се куќни слави,предновогодишни,новогодишни и посленовогодишни прослави за кој знам дека сакате и приготвувате храна во обилни количини секој според можностите.

Преостанатата храна доколку сте во можност ставете ја во некои пластични садови со капак (пример кутија од сладолед)бидејки кесите се скапи јавете се на бројот 070795144 во текот на целиот ден, би дошле со возило до вашиот дом и ке се раздели храната на луѓето кој што ги гледаме секојдневно на улиците низ Скопје.

Да не ја тргаме главата на страна.Да направиме сите едно добро дело.Д.С – пишува скопјанецот Драган Србиновски на Фејсбук.

МИКИ ОД КУМАНОВО – НЕМАМ ПРОБАНО ТОСТ ОДАМНА, САМО ЗЕМАМ НА ВЕРЕСИЈА ОД ПРОДАВНИЦА

Новко Младеновски живее живот во темнина. Го губи видот пред 17 години, иако и пред тоа живеел со доста проблеми, но од тој момент уште повеќе има компликации.

Во Старо Нагоричане создава семејество, но поради оддалеченоста од градот, a со надеж дека ќе има барем малку полесен живот, пред неколку години се сели во Горно Коњаре.

Тука живее под кирија, па од социјалната помош и мобилноста мора покрај другото да мисли и како ќе ги подмири тие обврски. Сите пет деца му се со мен тална попреченост и слабовидни.

Најголемата Ангелина и покрај тоа се грижи за нив. Сопругата му е тешко бо лна и не моќна, a помалите две деца мораат да се навикнат на ваквата сиромаштија

Исто така тие се молат во најблиската продавница за кифла за да го поминат денот на училиште и да стават нешто во нивните гладни стомаци.

Дрва за зимата Новко се уште нема обезбедено, но искрено се надева дека ќе добие помош од хуманиот народ и ќе обезбеди сигурен кров за семејството.

– Оваа куќа не е наша, немаме свој дом, тука сме под кирија. Сопственикот ми вели или купете ја куќата или излегувајте, вели Новко пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Родителите ги изгубив, тие ми беа каква таква поддршка, се преселив овде пред четири години, бидејќи селото ми беше многу далеку и децата не можеа да одат на училиште.

До пред две години земал додаток за децата, но комисијата одлучува да му ги прекине тие примања, па така дрвата и храната се луксуз за него и семејството.

И тој мал приход што го земале од март годинава им е скратен бидејќи тие пари одат за лекување на сопругата која се справува со лошата бо лест.

– Благодарение на продавниците што ми даваат на вересија опстојувам, но тоа не е така едноствано, имам долг за вода и за струја, не останува ни денар.

– Сопругата веќе не е способна за работа, не може ниту да се грижи самата за себе, па така најголемата ќерка и јас се грижиме за сите, додава Новко.

Ова семејство се бања во корито, а и кровот над главата не им е сигурен и може во секој момент да ги набркаат и да останат на улица.

– Тост немам пробано долго време, кога ќе земе тато некој денар би сакал да ми купи и бојци и тетратки, тоа ми е неопходно за училиштето, земам на вересија од продавница вели малиот Мики.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да живее достоинствено тоа може да го направите на телефонскиот број 071-385-312 или на трансакциската сметка 320500029769766

,,Јас многу сакам кроасан, и пица, и пастрмајлија… А, мама нема пари да ни купи ниту паштета”

Во новата сезона на Срце на дланка на Алфа ТВ се бара помош за немилиот живот на семејството Кузмановски.

Доколку сакате да помогнете на семејството на Златко Кузмановски тоа можете да го направите на следната жиро сметка 200003962828680 или на телефонски број на Златко 078302307

Целата сторија ќе можете да ја погледнете во најновата епизода на емисијата #СрцеНаДланка на овој линк:
https://www.youtube.com/watch?v=_5fws4ub1rA…

НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️

Златко Кузмановски некогаш бил човек со широка насмевка и преполн со надеж дека среќно ќе живее. Со солзи се навраќа назад во времето кога се чувствувал безбедно и недопирливо. Во времето кога парите ништо не вределе, но, зборот и лицето значеле многу.

Денес, одвоен од сите, во две скромни собички со семејтвото гради дом на илузии и желби. Зашто, пари и начин за нешто повеќе и нема-вели тој.

До пред извесно време живееле и без струја, но, болеста на неговото шест годишно девојче ќе ја разбуди човечноста кај луѓето, па, свеќите ќе ги заменат со сијалици-ќе додаде овој несреќен татко. Но, ова семејство повторно живее мачен живот.

Сериозната здравствена состојба на малата Софија ќе ја спречат мајката да работи, а, примањата на Златко се доволни само за подмирување на кредитите земени претходно за издигање на тие две соби и понекогаш да се купи леб за да имаат што да јадат децата на училиште. Сепак, ова семејство спие во една просторија, се бањаат топлејќи вода на ќумбе, одвод немаат.

Децата за вкусна храна секојдневно сонуваат. И, иако со години вака живеат, сепак и младите и постарите се надеваат на хуманост и на секоја искра, ги шират очите и заборааваат на кривите погледи и тежината на времето.


Златко Кузмановски потекнува од времето кога привилегија било да се чекори со крената глава. Потекнува од грутка земја каде имало надеж за убав соживот. И токму таму издига дом и гради семејство во кој последните години продолжува турбулентно да живее.


-Пред 11 години одлучивме да се земеме со сопругата. Живеевме во заедница и животот не можеше повеќе така да го тераме. Ни се роддија и две дечиња Никола и Софија, кои денес имаат 8 и 6 години. Еден ден одлучивме. Со сопругата преку кредити и помош од блиските направивме мала инвестиција и скрона куќарка од две мали собички. Но, парите не стигнаа за саат за струја, за одвод, за бања и тоалет-започнува да го раскажува Златко својот тежок живот за емисијата „Срце на дланка“.


Златко се труди и е вреден. Ако не за себе, барем за децата- вели тој. Тие се мали и не разбираат што е сиромаштија, но, многу добро знаат што јадат и како живеат другите дечиња околу нив. Тоа е и најголемата болка на овој татко. Што нема основни услови да ги избања и нахрани децата онака како што треба.


-Работам, но, не стигнува. Се е поскапено, а, примањата се мали. И, децата се мали , ама знаат што сакаат. Ги гледаат другите деца и бараат. А, ние едвај наоѓаме начин да ги испратиме во училиште, а, лебот да не им биде сув. Некогаш маргарин, некгаш паштета, некогаш мармаладче…. Само да не се гладни-додава Златко.


Долго време ова семејство живеели и без струја, но, како што се вели „Секое лошо за добро е„ така еден немил настан пред неколку месеци ќе направи да се разбуди човечното кај народот и кај нив уште истиот ден светнува сијалицата.
-На 28 јули сопругата беше на работа, а,Софија почна да се тресе и грчи. Ми текна и и го извадив јазикот да не го проголта. За некое време повторно се случи истото. Веднаш ја однесовме на клиника и и констатираа епилепсија. Од тогаш животот ни е кошмар. Сопругата мораше да даде отказ зашто Софија не смее сама да биде ниту еден миг, па, таа мора да е постојано до неа. Уште истиот ден и моите браќа се смилуваа и ми ја пуштија струјата. Па, имало Господ велам, барем не ги раснам децата на свеќи, ако, немам за нешто повеќе. Толку ми е тешко што понекогаш си помислувам дека подобро е да ме нема-вели Златко.


За жал поголема болка нема на детето да немаш ниту кришка леб да му понудиш. Но, ова семејство таква болка чувствува веќе одамна. Иако, се трудат децата за кризата да не дознаат и во храбри луѓе да ги израснат, сепак, најмалите од другите деца гледаат и потајно мечтаат. Еден ден и тие во нормална бања да се избањаат и во своја детска соба да заспијат.


-Софија поради лекарствата мора да јаде почесто. Па, некогаш и јас и сопругот се одрекуваме од залчето само да имаат децата да јадат. Ете и двајцата спијат во едно собиче. Немаме средства да ги одвоиме како сите деца да си имаат своја соба-додава Цвета, сопругата на Златко.


-Јас многу сакам кроасан, и пица, и пастрмајлија… А, мама нема пари да ни купи ниту паштета-вели осум годишниот Никола.


-И, јас многу сакам убава храна…како што јадат децата на училиште.. Сакам и телефон, и лаптоп за да учам преку него..А, кога ќе пораснам сакам да бидам докторка-завршува малата Софија.

За првите чекори на Павел да не му бидат и последни – потребни сме му!

Драги хумани луѓе Павел ги направи првите чекори после 5 години поминати во кревет.


Да не дозволиме заради недостаток од финансиски средства детството на ова детенце да му поминува во кревет.


Моментално Павел се наоѓа во Ниш но имаме недостаток од финансии,ајде да се сплотиме уште еднаш да зачекори уште похрабро без ничија помош🙏🙏
Да ја вратиме насмевката на неговото лице❤️❤️


А1 : 143- 473
Т-Мобиле:143-191
Вртете без префикс.
Контакт телефон од родителите: 071 206 378
Стопанска банка: 200003265336115
IBAN: МК 07200003986659543
Swift: STOBMK2X
PAVEL MARKOV Ul. 30 Septemvri br.13, 2310 Vinica
За хуманите луѓе од странство:
https://gofund.me/af127aad
#ВашетоМалкуЗаНасЗначиМногу

За да се лекува, не и се доволни касичките на нејзините синови: Да бидеме хумани и да и помогнеме на Ане!

143 108 е бројот за да ја спасиме Ане.
Мајка на двајца палавковци кои ќе направат се за да ја спасат мама но нивните касички не се доволни


Ане пред 2 години му се спротистави на канцерот и го победи, сега има нова епизода за која сме потребни.
Во Tурција имаат лек за мама Ане но кошта 18.000 евра.
Знам дека сите заедно можеме да ја пратиме Ане во Турција. Ајде Македонијо!

Хуманоста на дело: 700 оброци за социјално ранливите граѓани во Струга и Охрид

Стружанецот Никола Петрески продолжува со хуманата мисија. Овој пат околу 700 топли оброци подготвени од 9 врвни кувари од повеќе градови кои се вклучија во оваа акција ќе им бидат поделени на социјално ранливите категории на граѓани во Охрид и Струга. Иако иницијативата бара голема организација, според Никола сепак кога се прави нешто со љубов претстувува задоволство.

Црвениот крст е вклучен во делот на дистрибуција на храната на најранливите категории на граѓани.

Додека се пакуваа оброците Никола и куварите имаа насмевки на лицата бидејќи на некој начин им помогнаа на оние граѓани кои неможат да си дозволат оброк во текот на денот и посакаа вакви хумани акции да има и во останатите градови.

Прилог на Сител ТВ: