Tag Archives: катар

Катарците ќе пратат 10.000 мобилни домови во Сирија и Турција ! (Фото)

Катар соопшти дека ќе испрати 10.000 мобилни домови во Турција и Сирија по насилните земјотреси што ги погодија двете земји.

Во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи се вели дека овој потег „е дел од напорите на Катар да придонесе за олеснување на луѓето погодени од земјотресот во Сирија и Турција“.

Во понеделникот, емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани нареди лансирање на воздушен транспорт за помош на жртвите од земјотресот во Турција.

Државната новинска агенција QNA соопшти дека спасувачки тим, теренска болница, хуманитарна помош, шатори и зимски материјали, исто така, се веќе испратени во земјата.

Секоја помош е добредојдена. Имено мобилните домови се истите кои се користеа за време на светското првенство во фудбал кое се одржа есенва на кое беше домаќин Катар, како сместувачки капацитети за фановите.

Аргентина е СВЕТСКИ ШАМПИОН!

Големото финале на Светското првенство во Катар донесе голема драма и победа на репрезентацијата на Аргентина во дуелот со Франција 4-2 (3-3 регуларен дел). Аргентинците имаа убава предност од два гола, но тоа светскиот првак го анулира за две минути. И по продолженијата немаше победник, бидејќи беше постигнат по еден гол во секоја мрежа. На крај, одлучија пеналите, по кои поуспешни беа аргентинските фудбалери, а трагичари беа Кингсли Коман и Аурелиен Чуамени.

Бранителот на светскиот трон одигра катастрофално прво полувреме. Противникот предводен од Лионел Скалони ги постигна единствените два гола и стекна висока предност. Од самиот почеток „гаучосите“ тргнаа амбициозно и агресивно. Тоа им донесе резултат и два погодоци. Анхел ди Марија беше најдобар поединец на теренот. Офанзивецот доби шанса од првата минута и беше нерешлива енигма за десната страна од француската одбрана. При еден негов пробив Осман Дембеле стартуваше невнимателно и направи пенал. Меси ја презеде одговорноста и погоди за 1-0.

Французите не одговорија соодветно. Нивната тактика очигледно беше да се препушти играта на противникот, кој вторпат ја казни лошата поставеност на „триколорите“. По една убиствена контра, Аргентинците стекнаа двојна предност. Ди Марија се најде на вистинското место за да ја комплетира одличната акација на својата репрезентација. Дидие Дешамп одговори со две измени пред паузата. Оливие Жиру и Осман Дембеле не ги задоволија неговите очекувања и завршија на клупата за резерви. Долгото продолжение не помогна, па Аргентина замина во соблекувална со огромна позитива.

ВИДЕО: „Лусаил“ подготвен за големото финале, еве како изгледаат соблекувалните на Аргентина и Франција

Прекрасниот стадион „Лусаил“ оддалечен 35 километри од катарската престолнина Доха попладнево од 16 часот ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот 2022 во кое аргентинскиот капитен Лионел Меси има последна можност да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во богатата кариера, додека Франција, од друга страна, ќе се обиде да стане само третата репрезентација на која ѝ успеало да ја одбрани светската титула, по Италија и Бразил.

Едно е сигурно – Франција или Аргентина по трет пат ќе стане светски првак

Аргентина го игра шестото мундијалско финале, а на трофејот чека од 1986 година, кога Гаучосите предводени од Диего Марадона триумфираа на завршниот турнир во Мексико.

Меси, покрај шансата да ја освои светската титула, ќе стане фудбалер со најмногу настапи на светските првенства во историјата (26).

Од друга страна, Франција, предводена од Килијан Мбапе, го игра своето четврто финале на светските првенства, а трето во 21 век.

Со триумф на Франција, 23-годишниот Мбапе може да стане само вториот играч во историјата кој освоил двете светски титули пред да наполни 24 години, по легендарниот Бразилец Пеле.

Финалето е со почеток во 16 часот, а главен судија ќе биде Симон Марчинјак од Полска.

Во малото финале вчера Хрватска го совлада Мароко со 2-1.

СЕНЗАЦИЈА – Хрватска во Шенген ама и во ПОЛУФИНАЛЕ НА СП !

Хрватска е во полуфиналето на СП откако по пеналите го елиминираше Бразил.

Нејмар постигна гол за Бразил откако ја одзеде топката на триесетина метри од противничкиот гол, а потоа одигра две двојни додавања и дрибла покрај Ливаковиќ, а потоа ја смести топката во мрежата. На овој начин се израмни со Пеле по бројот на голови, бидејќи и двајцата постигнаа по 77 за националниот тим.

Мрачела Брозовиќ ја пропушти најголемата шанса за Хрватска. Бруно Петковиќ на мајсторски начин се ослободи од своите чувари, го проигра Брозовиќ кој не шутираше најдобро.


Издначи Петковиќ пред крајот по асистенцијата од Оршиќ.

Во пенал серијата Бразилците промашија два пенали, а херои на Хрватска беа Ливаковиќ и Оршиќ.

(Фото) Последна фотографија пред развод – Ивана Кнол ги возбуди катарските шеици

Познатата хрватска инфлуенсерка Ивана Кнол, која веќе неколку дена е главна тема на Светското првенство во Катар, повторно стана хит. Овој пат фановите ги насмеа со фотографија од трибините, на која се и неколку шеици. Додека се симнуваше по скали, тие го извадија мобилните да ја фотографираат.

Не им требаше многу на „твитерџиите“ па одма почнаа со коментари.

„Ова им е последна фотографија пред развод. Сигурно ги излажале сопругите кога ѝ рекле дека ќе одат да гледаат само фудбал“, се пошегуваа некои од нив.

За потсетување, Ивана се пофали дека нејзиниот број на фанови од ден во ден се зголемува, особено по почетокот на Мундијалот. Голем број фанови ја запираат на улица во Катар само за да се фотографираат со неа. Досега на „Инстаграм“ има 996.000 следбеници.

Меси со гол го прослави јубилејниот 1000. натпревар во кариерата

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси вечерва го игра осминафиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година против селекцијата на Австралија. Триесет и петгодишниот Аргентинец слави јубелеј – 1.000-ти натпревар во својата професионална кариера.

Меси најголемиот дел од кариерата го помина во Барселона. За шпанскиот клуб одигра 778 натпревари.

За сегашниот негов клуб, ПСЖ одигра 53 натпревари, а уште 168 пати беше на теренот како дел од репрезентацијата на Аргентина.

Лионел Меси има постигнато 788 голови, а во 35-тата минута го даде и водечкиот гол за Аргентина.

Голот што беше несуден АУТ, направи потрес на мрежите (Видео)

Јапонија го освои првото место во групата Е на СП во Катар откако успеа да ги победи и Германија и Шпанија, но сепак, многумина се сомневаат дека победничкиот гол за 2:1 против Шпанија, едноставно не требаше да биде признаен.

Иако во топката „Ал Рихла“ има чипови со кои се следи офсајд ситуацијата, и покрај деталните ВАР снимки, се одлучи дека оваа топка не излезе надвор од игра, предизвикувајќи бура коментари на социјалните мрежи.

Според правилата, топката треба целосно да излезе од аут-линијата за да се смета дека е надвор од игра. Голот исто така имаше голем влијание на исходот на групата Е – така Јапонија го освои првото место, а Германија беше елиминирана.

Долги дискусии има на социјалните мрежи за денешните случувања.

Огромна радост и славење за пласирањето во осминафинале на АВСТРАЛИЈА на СП (Фото и Видео)

Репрезентацијата на Австралија вторпат во својата историја се пласираше во осминафиналето на едно Светско првенство. Пласманот Австралија го обезбеди откако денес со 1:0 ја победи селекцијата на Данска.

Херој на Австралија беше Леки кој го постигна одлучувачкиот гол во второто полувреме. Австралија во осминафиналето продолжува со две победи и шест бода. Сега го чекаат својот противник од групата Ц каде што ќе играат со првопласираниот (Полска, Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико).

Пласманот на Австралија донесе вистинска еуфорија, па во земјата на „кенгурите“ се снимени неверојатни сцени во 3:30 часот по локално време, а прославата сигурно ќе продолжи и до раните утрински часови.

Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS
Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS

Фото: Најсексапилната навивачка на Хрватска на плажа во Катар

Најпознатата навивачка на хрватската фудбалска репрезентација, атрактивната Ивана Кнол е во центарот на вниманието на јавноста и на Мундијалот во Катар. 

Од почетокот на Светското првенство во Катар, Ивана Кнол го привлече вниманието на многумина.

Покрај тоа што ги полни странските таблоиди и позира во атрактивни комбинации на трибините, таа добива сè поголем број фанови и на социјалните мрежи.

Иако некои ја обвинија дека не ги почитува правилата и традициите на земјата домаќин на Светскиот шампионат, Ивана не се осврнува на овие критики и повторно објави фотки сексапилни фотки на кои во преден план е нејзиното совршено тело.

Сега Ивана реши да позира во коцкасто бикини на плажата Рас Абу Абауд.

Неверојатна приказна: Oд фудбал на улица, до први голови во Катар

Мохамед Салису е 23 годишен фудбалер на Саутемптон, репрезентативец на Гана. За оваа селекција дебитирал оваа година и има само пет мечеви за националниот тим. Неговата фудбалска бајка почнува во 2017-та кога станува дел од младинските категории на Ваљадолид.

Мохамед Мунтари е 28 годишен фудбалер на Ал Ахли. Репрезентативец е на Катар.

Нив двајца ги поврзува една успешна приказна како од бајките. Освен тоа што имаат исти имиња, двајцата се родени во градот Кумаси, Гана. Пред десетина години заедно играле фудбал на маалските терени или практично кажано на улица. Десет години подоцна тие се дел од Светското првенство. Едниот, Мохамед Салису со Гана, додека Мохамед Мунтари со репрезентацијата на Катар.

Приказната да биде уште повозбудлива и поубава и двајцата постигнаа гол за своите селекции на Мундијалот во Катар. Салису стрелаше за 1:0 на мечот Гана-Јужна Кореа (3:2), а Мунтари беше стрелец на единствениот гол за Катар досега и тоа на мечот против Сенегал (1:3). Катар е веќе елиминиран бидејќи има два порази, додека Гана со победата над Јужна Кореја останува во игра за пласман во осминафиналето.