Tag Archives: катар

(ФОТО) Спектакуларна церемонија за почеток на СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

Свечената церемонија на стадионот Ал Бајут во катарскиот град Ал Кору ја отвори познатиот холивудски актер Морган Фриман. Следуваа традиционални катарски танцови, по што на стадионот се појавија лица со знамињата на 32 држави учесници на овогодинешниот шампионат.

На нив им се придружија маскотите од претходните светски првенства, а беа изведени и песните од претходните Мундијали. Азијската музичка ѕвезда Јункок и катарскиот пејач Фахад Ал Кубаиси ја изведоа химната на ова Светско првенство а емирот на Катар Тамим бин Хамид ал-Тхани со своето обраќање го отвори Светското првенство

На сите тимови и гледачи им посакувам уживање и одлична фудбалска претстава. Овие денови нека бидат денови кои ќе не надополнат со добрина и надеж, среќно на сите!”,

кажа Тамим бин Хамид ал-Тхани.

Вучиќ за СП во Катар: Ќе навивам со сето срце за Србија, како што навивав за Македонија на ЕП

Не знам дали ќе успееме или не, но одиме да победиме, би сакал да се сретнеме со Хрватите во четвртфиналето, тие имаат фантастична репрезентација, стара, искусна, но мислам дека во овој момент ние сме за нијанса подобри! Какво големо дерби би било тоа, страшен натпревар, изјави во гостувањето на телевизија Прва српскиот претседател Александар Вучиќ, каде на крајот од дискусијата за горливите прашања за Србија се осврна и на Светско првенство, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ќе навивам за Србија со целото мое срце, како и сите граѓани на Србија, и ги молам само да се борат … Виктор Орбан страсно навива за Србија, како што би и јас и тие да учествуваа, а ние не … Исто така навивав и за Македонија на Европското првенство, изјави српскиот претседател, додавајќи дека за „Србија ќе навиваат и нашите браќа Унгарци, Македонците, Романците, Бугарите …“, кажа Вучиќ во утринската програма на ТВ Прва.

Химната за Мундијалот во Катар за прв пат во историјата се пее на три јазици (ВИДЕО)

На официјалниот YouTube канал на ФИФА објавена е химната на Светското првенство во фудбал наречена Туко Така во изведба на американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка и актерка Миријам Ферс и колумбискиот уметник Малума.

Оваа песна влезе во историјата бидејќи за прв пат во историјата на првенствата е отпеана на три јазици: англиски, арапски и шпански.

Песната е многу ритмичка, што е и очекувано кога станува збор за вакви настани, па акцентот е на музиката, наместо на текстот, но како што напиша Билборд:

„Оваа соработка е совршен спој на талентите на Ники Минаж, Малума и Миријам Ферес. Песната е за обединување на обожавателите ширум светот и славење на различностите.

Инаку, Миријам е либанска пејачка и актерка која е многу популарна во арапските земји.

Малума е колумбиски пејач, актер и текстописец од Меделин кој е многу популарен во латинските земји. Роден е како Хуан Луис Лондоно Аријас, а многумина го знаат по песните „La Curiosidad“, „Carnaval“, „Marinero“, „La Temperatura“, а му помогна и на Елвис Креспо кој ја изведе песната „Olé Brazil“ за Купот во Бразил во 2014 година.

Секако, тука е и Ники Минаж, американска раперка чие вистинско име е Оника Тања Мараз Пети, по потекло од Тринидад. Таа пред некој ден освои награда на MTV EMA, а најпознат хит и е „Анаконда“.

Хрватските навивачи се најкреатвни – Во Катар дојдоа облечени како шеици (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Навивачите на светскиот вицепрвак Хрватска победија уште на стартот на Светското првенство, откако се појавија во Катар облечени како – шеици.

Групата „Ми Хрвати“ се облекоа во белата традиционална облека на шеиците со мала измена, на нив ги имаат и црвената шаховница, за да бидат препознатливи дека се навивачи на „коцкестите“.

Брзо ги собраа симпатиите на домаќините, ама станаа хит од прв ден на доаѓање на фудбалскиот фестивал. Околу 3.000 навивачи од Хрватска се очекува да бидат присутни во Катар.

Амбасадорот на СП во Катар ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: „ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ имаат ПСИХИЧКИ ПРОБЛЕМ, тоа е ГРЕВ“

Амбасадорот на Светското првенство во Катар, Калид Салман, две недели пред почетокот, во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ ја окарактеризирал хомосексуалноста како грев – пренесуваат CNN И The Guardian.

Во интервјуто за документарниот филм наречен „Тајниот Катар“ тој рекол дека „многу работи ќе дојдат во неговата земја“ и почнал да зборува за хомосексуалците. Поранешниот фудбалер додал дека сите ќе можат да дојдат во Катар, но дека ќе мора да ги почитуваат правилата на земјата.

„Имам проблем, пред сè, што децата ќе гледаат хомосексуалци. Ќе научат нешто што не е добро. Хомосексуалноста е харам (грев) и е забранета“, потенцира Салман.

Тој смета дека хомосексуалците имаат „ментален проблем“. Потоа, портпаролот на СП го прекинал интервјуто, велат од ЗДФ пред денешното емитување на таа изјава.

Хомосексуалноста во Катар е забранета и може да биде казнета со седум години затвор.