Tag Archives: КОВИД

Бев бoлeн од мистepиозна болecт: Два месеци подоцна СЗО разбра зa Кoвид 19, клyчно cвeдоштво на канадски вojник за потеклото на пaндемиjaта од нултата точка

Канадски воен офицер кој претпоставува дека бил во контакт со нултата точка на Ковид два месеци пред Кина официјално да го признае постењето на вирусот, побара истрага за сомнителната појава на болеста таму, пренесува Дејли маил.

Долгогодишниот офицер, кој бара да остане анонимен бидејќи се уште е во служба, бил меѓу многуте спортисти кои се разболеле од тешка болест откако присуствуваа на Светските воени игри во Вухан во октомври 2019 година.

Тој рече дека странските конкуренти наишле во градот со 11 милиони луѓе „како град на духови“ и толку многу случаи на мистериозен вирус го погодиле канадскиот тим што бил спроведен карантински дел на нивниот воен лет назад дома.

Офицерот, кој сè уште страда од последиците од неговата болест и покрај претходните високи нивоа на фитнес, вел дека лекар назначен од војската подоцна рекол дека речиси сигурно фатил Ковид.

Неговите откритија поттикнуваат загриженост дека кинеската влада го прикрила избувнувањето – со катастрофални последици. Режимот во Пекинг вели дека првиот потврден случај бил на 8 декември, три недели пред Светската здравствена организација да биде известена од извори во Тајван.

Неколку европски спортисти кои присуствуваа на Игрите, кои привлекоа повеќе од 9.000 натпреварувачи од 100 земји, рекоа дека развиле симптоми слични на Ковид во Вухан. Извештаите, исто така, сугерираат дека иранските учесници починале веднаш по враќањето дома.

„100 отсто сум убеден дека вирусот беше присутен во Вухан кога бевме таму“, рече канадскиот офицер. „Товарот на докажување е на научната заедница и експертите за разузнавање – не за спортистите.

„Прифаќам дека не сум научник и можеби не е Ковид, но зошто сите изгледаат толку неволно да го истражат ова правилно?

„Се чувствуваме како да бевме присутни на нултата точка на оваа пандемија која имаше такво влијание врз животот на сите, со милиони смртни случаи и затворени економии, па зошто да не спроведеме должна анализа. Дали фактите се престрашни за јавноста?“

Тврдењата што кружеа низ тимот за присуство на вирусот за време на Игрите беа брзо демантирани од врвниот лекар во вооружените сили на Канада. Сепак, еден добро поврзан канадски извор ми рече дека нивните експерти за разузнавање се сомневаат дека пандемијата може да биде лоцирана во лабораториски инцидент во Вухан, каде што се наоѓаат неколку истражувачки центри кои ги проучуваат коронавирусот кај лилјаците.

Еве што вели кинески дисидент на темата:

Го заклучила синчето во багажник затоа што било позитивно на Ковид

Мајка е уапсена откако го заклучила својот син во багажникот од автомобилот. Станува збор за учителката Сара Бим од Тексас која го „изолирала“ синот кој бил позитивен на ковид-19 во багажникот за таа да се заштити од вирусот. Таа е обвинета за загрозување на детето, објави Би-Би-Си.

Сведок на настанот ја повикал полицијата, а кога полицијата наредила да им го отвори багажникот внатре го пронашле момчето. Бим рекла дека нејзиниот 13-годишен син бил позитивен на ковид-19 и дека го однела на стадионот Пријдеон на уште еден тест за да го потврди резултатот.

Мајката наводно рекла дека го ставила синот во багажникот на автомобилот затоа што не сакала самата да се зарази.

Детектиран прв случај на Флурон во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ.  

Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.

Народот пак кpив: Еве што вели директорката на Инфekтивна

Големиот број на новоинфицирани со Ковид-19 посебно помеѓу младата популација е последица на прилично неодговорно однесување, континуирано, а посебно во периодот на предновогодишни и новогодишни прослави.

Ова во изјава за МИА го посочи директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани над илјада заразени со Ковид-19.

– Во изминативе две години бевме сведоци на сериозно непочитување на и далеку построги мерки за превенција на Ковид, нашиот народ очигледно не може никој и ништо да го спречи во прославите независно од висината на чекот кој ќе го платат лично, фамилијарно а на жалост и колективно. Белиот мантил интензивно и гласно повикуваше за сериозна потреба од одговорно однесување за пред празничен и празничен период, но на жалост толку е вербата во нас и респектот кон нас белите мантили, се разбира додека не дојде маката на врата, вели Стевановиќ.

Таа нагласува дека би биле среќни кога граѓаните што сакаат поголема сигурност се вакцинираат редовно и според препораките се во поголем број. Третата доза вакцина, додава, е неопходна за потенцирање и зголемување на имунитетот и заштитата од Ковид-19.

– Ниту пак прележаните за кои некои мислеа дека се повеќе заштитени, денеска гледаме дека не се. Омикронот има далеку поголема моќ за реинфекција што деновиве ја констатираме по нашите амбуланти. Што се однесува до заштита на вакцините никогаш ниту една вакцина не обезбедила 100 процента заштита. Нивната заштитна моќ ќе биде различна зависно од мутациите на одредени соеви на вирус. Но, од секоја една од нив очекуваме далечна заштитна моќ зависно од мутациите на одредени соеви од вирус, од секоја очекуваме далеку полесна болест, посочува Стевановиќ.

Додава дека не би навлегувала во детали ниту би излагала експертски мислења за развојот на пандемијата со омикрон. Смета дека никој толку далекусежно не може да ја процени состојбата во дадениот момент.

Интензитетот на амбулантски прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.

– И покрај очекувањата инфекцијата со омикрон е лесна секако дека и голем број на инфицирани случаи ќе имаат потреба и од болничко лекување што секако ќе ги пополни болничките капацитети. Мораме да мислиме и на фактот дека интензивно осцилираат и другите зимски вируси пред се инфлуенцата кое се манифестира со сериозни симптоми и потреба од болничко лекување, мора да обезбедиме простор за секој еден пациент кој има потреба од лекување, нагласува Стевановиќ за МИА

Макрон сака да ги тормози и нервира невакцинираните: Ќе им го направам животот тежок

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во разговор за весникот Le Parisien дека сака да ги изнервира Французите кои сѐ уште не се вакцинирале против Covid-19 и, колку што е можно повеќе, да им го ограничи простапот до јавниот живот.

„Сакам да ги изнервирам невакцинираните. Тоа и натаму ќе го правиме, докрај. Таква е стратегијата“, вели Макрон, додека истовремено во францускиот парламент продолжува жестоката расправа за предлог-законот за потврдите за вакцинираност.

Франција минатата година воведе потврди со кои на лицата со негативен PCR тест и на вакцинираните им овозможува влез во рестораните, кафулињата и во други објекти, што владата сега сака да го промени и да воведе само потврди за вакцинираност.

Макрон вели дека не се залага за нервирање на Французите, но кога станува збор за невакцинираните нив сака да ги изнервира.

„Не сакам да ги испраќам во затвор, не сакам да ги присилувам на вакцинирање. Ним треба да им се каже: од 15-ти јануари веќе нема да можете да одите во ресторани, на пијалак, на кафе, во театар, во кино…“, додава францускиот претседател.

Овие изјави на Макрон, кандидатот на крајната левица на претседателските избори во април Жан-Лук Меланшон од Непокорена Франција ги оцени како „запрепастувачки“.

Според кандидатката на крајната десница Марин Лепен од Национален собир, претседателот на земјата не би требало така да зборува.

„Гарантот на единството на нацијата упорно сака да ја дели и сака невакцинираните да ги претвори во граѓани од втор ред. Емануел Макрон не е достоен за својата функција“, оцени Лепен.

Функционерот од конзервативната партија Републиканци, Бруно Ретејо тврди дека „нема таква здравствена институција којашто би ги оправдала таквите зборови“.

Макрон во споменатото интервју ја отфрли можноста од воведување нови мерки за сузбивање на Covid-19, наведувајќи дека одлуките донесени минатата седмица остануваат на сила.

Во разговроот за Le Parisien, Макрон вели и дека би сакал да се кандидира на претседателските избори кои би требало да се одржат за четири месеци, но и овојпат јасно не потврдува дали тоа и ќе го стори.

Даниловски: Вирусот е во паника, за 6 месеци ќе се сведе на „питомо маче“

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека вирусот е во „паника“ и дека сите ќе го поминеме.

Неговите очекувања се дека вирусот за околу шест месеци ќе се сведе на „питомо маче“.

-Вирусот е во паника, апсолутно веќе не важи ни вакцината сите ќе го поминеме, за очекување е дека за околу шест месеци тој ќе се сведе на „питомо маче“, ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува одредено време како ендемски жител меѓу нас, кажа Даниловски во Клик Плус.

Пановски: Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци

Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци, вели микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

-Многу повеќе луѓе ќе бидат во контакт со него и за 6 месеци омикрон ќе го сврти целиот свет. Не верувам дека повторно ќе има сој кој ќе биде со ваква голема брзина. Исто така сметам дека 99% од пациентите ќе го поминат полесно. Останува енигмата само колку ќе биде вирулентен, вели Пановски.

Според него нема да се појави друг сој што ќе се шири со ваква брзина.

Детектиран ПPB CЛУЧAJ на OМИKРOH вo Мaкeдoниja

Во Македонија денеска е детектиран првиот случај на сојот омикрон, информира Министерството за здравство.

Секвенционирањето е направено во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината „фајзер“. По втор пат позитивен тест на Ковид-19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот омикрон.

Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Швeѓaни измиcлиja ЧИП сo гoлeминa нa зpнo opиз, за Koвид пoтвpдa (BИДEO)

Чиповите се многу приспособлива технологија што може да се користи за различни работи, а во моментов е многу погодно да се има сертификат за ковид кој е секогаш достапен, рече директорот на „Epicenter“.

Шведскиот стартап „Epicenter“ дизајнирал чип со кој може да се носи сертификатот за ковид под кожа.

Чипот може да се чита од кој било уред со помош на „NFC“-модулот (Near Field Communication), технологија што се користи за бесконтактни плаќања и, на пример, отклучување на вратите без клуч.

 Чиповите се многу приспособлива технологија што може да се користи за различни работи, а во моментов е многу погодно да се има сертификат за ковид кој е секогаш достапен – рече директорот на „Epicenter“, Ханес Сјоблад.

Сјоблад покажал дека микрочипот е со големина на зрно ориз и е вграден под кожата или во раката помеѓу палецот и показалецот.

Чиповите се користат од вработените во „Epicenter“ од 2015 година.

Тие го олеснуваат отворањето на вратите, купувањето итн. и повеќе не им требаат посебни лични карти на работното место.

Шaнcитe дa зaвршитe вo бoлницa сe oкoлу 80% пoмaли

Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија, пишува проф. д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил.

– А зошто се крева толкава прашина и се влева страв? Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.

Каде е тогаш проблемот? Ако просечното траење на ковид-19 е околу десет дена, тоа значи дека секој ден во подолг временски период би имале околу 40 000 активни случаи, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и голем број отсутни работници од своите работни места.

Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот, е големата паника која владее во ЕУ и САД, од омикрончето.

Човекот во западната цивилизација оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит, стои во неговата објава.